Овој ни возачка немал.... Е, сега како Србите треба. Он е "помлад малолетник" може, може сто работи да најдат олеснителни, ама тука и таткото да го пикнат во затвор, па ќе има малце ефект. Ако му ја "украл" малиов колава, требало да пријави бе. Исто срање се сите овие, затоа мразам кога ќе прочитам "секој родител знае најдобро". Жими тасево знае, се гледа колку знаат. Не сум насилна личност, ама вакви испрдоци вадат нешто во мене што не знам од каде искача. Треба да и' се случи Србија на земјава, не да бутаме власт, туку власта да седне и да се занимава со тоа што е НАЈВАЖНО овде.
Во таква книшка јас лично имав 20 поени оти во 23:05 ме фатија како возам, а немав 2 години возачко искуство. Тоа ми е единствена казна. Инаку тој период казна за немање возачка беше 500 евра, ПРЕМАЛКУ Е.
овој е користен од бандитите ставени по службите, кои сега реално треба да го јадат и да летаат глави.
Исто, ми иде да се дрецкам од нервоза. Сестра ми е во Скопје и нон стоп ја опоменувам, знам дека сегде има несовесни ама таму бајаги се. Премала е казната, всушност не е ни казна. Подобро за уво да го потегнеа, место да ни вреѓаат интелигенција.
Па пишуваше дека му била подарок од родителите за 18ти роденден. А он уште ни возачка нема Кој совесен родител купува кола и му ја дава на незауздано дете што очигледно поим нема како да ја управува? Не му била ни прва предизвикана сообраќајка ама клучот од колата не му бил одземен, а за сите прекршоци во сообраќај или дрога му ги средувал татко му. Никој друг не им е крив, самите го направиле ваков и го дозволиле ова. Греота што зацрнија цела фамилија, нека почива девојчето во мир
да, затоа што некој со милион врски во полиција и вишок кеш многу ќе се позамара ако го запре некој рандом полицаец
Се вклучив после 100 години за да,ве молам, ве преколнувам вие од Скопје што сте, да оставите се што имате и да се појавите во што поголема бројка на протест, кога веќе ние од другите градови не сме во можност на тој начин да изразиме револт. Сите на протест, Фросина барем тоа малку го заслужува !
Апсолутно. Ќе одиме од работа, се договоривме неколку да останат, другите да излеземе барем на 40мин - саат.
НА ПРОТЕСТ И ТОА НЕ САМО УТРЕ!!! До кога ќе ни умираат луѓе од нечија разузданост?! Дете капка, амбициозна, паметна, душа, да радува семејство сакала, ЗА ШТО? За татино копито да им одземе сè на цела фамилија? Има несреќи, ова НЕ Е НЕСРЕЌА! Седнуваш зад волан: - без возачка - алкохолизиран - возиш 130 km/h !! УБИСТВО СО УМИСЛА !!
Си дојдов од работа и си поплачив за девојчево, ох бе каква неправда. Ѓубре смрдливо, аир во животот да не види и да скапува по затвори, крв да плука од маки. И тоа му е малце. Ајде тие што сте од Скопје, утре во што поголем број.
Се додека сме само тажни, без намера да направиме напори за некаква суштинска промена во сообраќајот, ќе си остани се по старо... Шо би рекле Американците, thoughts and prayers... Воедно, не знам шо се чудите... Во МВР/полиција, ОЈО и сл., работат дебили со исто размислување како "помладиов малолетник"... секогаш имаат сочувство за погрешни луѓе, бидејќи се пронаоѓаат.
Каков профил има? Што работи? Татково уште кога ќе му видеш професија, јасно е зошто детето е такво. Ама мајкава кај дремела. Жално. На Македонија треба да и се случи Србија. Многу е. Ни треба менување од корен. Најмногу треба да се искоренат врските и она ,, знаеш ли кој сум јас”.
Јас за ова вест се собирам од вчера. Млада. Надежна. Дете пуштено во друг град и следно ти јавуваат дека го нема поќе. А, шо праеше? Преминваше улица на пешачки. И ова е проблем шо постојано го гледаме со млади возачи и курч и веќе видов коментари со "аМа СиГуРнО нЕќЕл Да Ја УбИе". И сите со вакви коментари се надевам ќе си ги напикат назад пошто преку веќе од барање било какви оправдувања за неодговорни возачи. Секој шо се курчи и мисли дека ако не вози по правила не можи да усмрти некој - освестете се. Само зошто си ти не значи дека не можи да ти се случи. И друго, нема брза лента во населено место. Има толку регулативи, ама за сите се само предлог. И ко ќе некој ми врати со "ама" на замерка за возење, исто гомно ми се ко убиецов. Па и овие шо пробват да најдат оправдање. Со овај убиец проблемот е подлабок. Секогаш кога се случва ваква трагедија испаѓа дека му простиле едно нешто, друго, тато платил ваму да се заборај нешто, мама онаму. Секогаш кога гнилата полиција и суд кријат нешто ескалира ситуацијата со невин живот евентуално. Овде не е виновен само дотичниот. Виновни се сите шо му простувале и шо праеле работи да исчезнуваат за него, за кои требало да си сноси последици. И се надевам ќе го казнат максимално и него и сите кои претходно за нешто му простиле па не сносил последици. Ама знам дека ова е wishful thinking.
Во Сингулар, Тим лидер проект менаџер и предавач во Браинстер.. Завршила на ФЕИТ, има работено и во Сивус..
Какво е ова молење демек ако не појдам не ми е гајле? Еве јас нема да одам и знаеш зошто психички после нема да можам да се вратам назад. Намалете со некои муабети не може секој да реагира смирено во вакви ситуации. Ова што се случи е практично ладно убиство не знам правно како е терминот. Ова може да нѝ се случи на сите.
Луѓе овде е виновен судијата од Апелација што го пуштил размазениов на слобода. За добри пари веројатно. Е против такви треба да се протестира. Не е ОЈО виновно. Судијата е виновен. Имало пресуда и тој го вратил на повторно судење. Е такви корумпирани ѓубриња треба да се однесат на местото каде што загинала девојката и да му се каже ти ја уби. Па нека се мисли потоа. Инаку се додека судиите се заштитени какк бели мечки додека се од вистинската партија вака ќе биде.
Има видео... вика плаче над телото на девојчето (ШТО НАПРАВИВ БЕ?! и вриштиии). Телово ми се загреа од немир, бес, тахикардија ме фати. Криви се прво родители, па он, највеќе родители. Испуштени деца колку сакаш!! Греота греота..