Парите не те воспитуваат, тие ти помагаат да имаш подобар живот. Без разлика што биле финансиски моќни родителите, тие потфрлија во најважната работа, а тоа е да направат добар човек од своето дете. Наместо да го казнат за своите постапки, нека гние во затвор ако не можат да се справат со него, тие ем го вадат ем го штитат ем му купуваат кола. Каква награда му била колата? За тоа што е џанак, за тоа што вози пијан, за тоа што прави несреќи? Не само родителите туку и општеството потфрли, а казната за тоа е изгубен човечки живот. Се надевам дека еден ден ќе има Божја казна и секој што погрешил ќе го следува она што го заслужил, затоа што очигледно казна од институцииве нема. А вие што го ослободувавте прво потфрливте како луѓе, а потоа и како родители, затоа што свесно пуштивте гад како овој на улица... Зошто го ставивте видеото се отепав од плачење кај го гледав...
Тоа е она што го зборував за Коста. Мора како општество да се менуваме. Мора како родители да имаме совест и доколку децата имаат проблем, да не фаќаме врски да се замачкат работите, туку соодветно да се третираат. Успешни родители ја користат својата моќ оти и они се така учени и растени. Во држава каде и за мочење има врски, се случува ова. И ќе се случува. Се додека не се промениме ние како народ. Џабе е се, три дена ќе трае и толку. Се до следната трагедија!
Зошто родителите највиновни? Институциите и судиите што го дозволиле ова се виновни. Ако тие не примаат поткуп, можеби немало да дојде до ова. За ситна пара уништуваат животи и загрозуваат цело општество зошто ова не е прв пат, од памтивек е вака. Од 70-ти (а сирурно има и порано) па наваму има документирани случаи што на исто место газеле пешаци и никој не одговарал! И тоа некои и во бел ден, 50-100 сведоци, никој „не видел“ што се случило. Судскиот систем е непостоечки и ова се резултатите!
И пред 2 години предизвикал сообраќајка, тогаш "за среќа" жената која ја удрил поминала само со повреди. А тој поминал со 18 000 денари за слобода.
Го имаат снимено гомново после сообраќајката над телото на девојчето вришти што направив...немој да го гледаш болно е
Некој за да земе мито , ПРВО треба да му се понуди. Сигурно судиите не му отишле дома на Зоран да му побараат пари за да го ослободат Васо. Зоран е молил кукал , шушнал е неколку зелени и глупакот судија завршил работа. Ама арно вика Јуле . Три дена ќе збориме што и како треба и од понеделник Јово на ново
Можи не ни зел некој мито, таткото е на висока функција во МВР, а тие како мечки се штитат меѓу себе, кога ќе дознаат на кој е детето ќе прогледаат низ прсти..е затоа нема да не биде како држава
@NoirSerpentine како бе родителите не се највиновни? Нивно дете е, тие го воспитувале, тие му купиле кола, тие потфрлија како родители...за однесувањето на некое дете виновно се само родителите, се потекнува од дома, а после сите други кои го пуштиле на слобода
Го изгледав видеото....искрено распнете ме и незнам дали е нормално...ама и за него ми падна жал малку. Уништени фамилии , уништен живот, едното мртво другото со трауми. Ама така им е , зашто кога ке излезат со кола од дома не го мислат тоа.
И него му е, верувам. Ама првиот момент кога стапнуваш на гаста, со 130 возиш во населено место,губиш секакво право на емпатија. Викала и мајка и на Фросина, и на другата Фросина, и на Викторија. За нив ми е повеќе жал.
Жал ќе ми паднеше ако се случеше незгода. Да е возил со 50 колку што е дозволено , да не е бил пијан и дрогиран, да си е имал возачка , девојчето да му излегло на пат од нигде никаде без да поминува на пешачки ..... Вака . Со 130 , пијан дрогиран , без дозвола ... Ајде бре ! И он не урла оти му е жал за девојчето,урла оти му допрело до закржлавениот мозок дека дури сега ќе го пикнат у затвор .
Тешко овој да има траума. Несовесно на партизанска 130 да возиш, а да имаш памет... тешко. Шок му било во моментот, а отпосле тешко. Ќе го убедуваат сега мама и тато дека на секој може да му се случи тоа. Е не се случува секој да вози пијан, со 130 низ град и да лета на црвени семафори. Па особено таа партизанска, јас кога ја возам со 4 очи отворени сум (па посебно навечер). А верувам и секој совесен човек... Ова дете од мало е веќе уништено... испуштено..
А судиите, оние кои треба да делат правда така фино и културно си земале мито! Оние од кои треба да се очекува да се праведни! Оние кои треба да се олицетворение на правда се најподмитливи! @FridaodaMk а судиите што гледале каков е и пак одлучиле да го пуштат? Тие од кои треба да очекуваме правда и тие од кои очекуваме да нѐ заштитат од вакви појави! Неколку пати и тоа го пуштиле!
Да да. Јасно. Само ми е жал колку младиве денешни немаат мозок. И не размислуваат пред да излезат од дома. Што и да му е , ако му е . Заслужено е .
Знам што сакаш да кажеш, ама нема за што да го жалиш. Тој да имал две чисти во главата немало да се качи во кола и да вози 130 km/h во населено место и да прави и други кривични дела. Така да, ако има траума, заслужено е заработена. Секако поголема од таа на родителите не може да има.