Јас не знам само со кој ум е снимано видеото. Страшно нешто во што се претвораме луѓево.....се случува убиство го земаш телефонот да снимаш и со цел памет се објавува видеото на интернет, не знам што да кажам.
Истото го помислив. Тие што го снимале видеово се на исто рамниште со ова гнасава. Живот гасни, на друг му престанува. Ти седиш и снимаш… емпатија 0. Болесници.
Така беше за Викторија, дечкото не возеше брзо, нешто семафорите не беа во ред, тоа беше незгода. А што се случи со дечкото беше ли во затвор и излегол ли веќе ако е бил?
Ми нели вмровец беше татко му на Васо. Сите се исти ! Сите !!! И на овоа ли ќе се берат гласачи ? Аман !!
Тоа мало сутра. За оној кој има пари не е важно која партија е на власт. Кога ќе слушнам Знаеш ли кој сум јас.... Коса ми се крева Истите тие родители им се закануваат на професори во средно за да му ги поправат оценките на синчето/ќерката
Читам и не ми се верува дека повеќе се нормализирани корумпирани судии од кои треба да се очекува правда отколку било што. Мислам дека толку е навлезена корупцијата во сржта што тоа се гледа како помал проблем. Да, некој ќе понуди мито ама јас ако сум човек, уште пак и ако сум бранител на законите и правдата нема жива сила што ќе ме натера да земам пари за да избришам некој злостор. Или да го направам тоа заради тоа што некој бил некој во некоја институција? Ама па затоа јас не сум судија...... Ако родителите потфрлиле во било кој поглед, мора да има институции на кои може да се ослониме. Од тие трули институции се случи случајот со починатите деца во прилепско, од тие трули институции се случи и ова! Од тие трули институции гинат луѓе бидејќи не си ја вршат работата, независно од тоа кој бил татко, стрина, функционер! Можеби е заради гнев ама малку ми е нејасно како ова не може да се сфати.
Молам? Дечкото возеше 70 во кривина и гледаше во телефонот. Тоа зошто не лежеше или лежеше малку е затоа што е богаташко дете.
Напротив, ТРЕБА да снимаме сè. Да не беше снимано, за Џорџ Флојд можеби ќе испаднеше "пружал отпор" или "тепал полиција". Да имаше видео, можеби немаше полицајката "сама да се удри" итн. Не треба на фб да стои, ама ДА, треба да има доказ, да не биде утре он уствари не ни бил таму, го местат.
Зашто детево има куп кривични дела. Не знам дали треба да се менуваат закони ама родителиве на детево иако е полнолетно треба да одговараат. Па овие го направиле вакво. Еве и да им поверувам дека детето не им било лошо и дека западнало во лошо друштво со лошо влијание, ме интересира тие што направиле за да го вратат на прав пат. Купување на кола, возење без возачка, нарко дилер, пијаница со полни 20 години не е добро домашно воспитување.
Оваа го ослободила претходно за некое друго дело, а вторава за вчерашното одлучила да биде во поправен дом.
Ама кој рекол дека судиите што земаат мито Не се криви и не се за стрелање?! Криви се и они 100% се криви ! Ама ! Родителите се виновни 101%
Проблемот тука е тоа што не е снимено за да има доказ снимено е за гледаност и за фб. Да беше снимано за наменста што ја кажуваш никогаш немаше да го видеме. Ужас.
Ако мислите на видеото кога се случила сообраќајката, снимено е од лице што живее од спротива. И лицето не е анонимус. И поарно страшната вистина да излезе во јавност отколку да се заташка.