Пишавме повеќе пати во темава. Веста за поправниот дом е за претходни дела. Само беше лошо пишана на портали, после други кажаа точно дека за ова дело му е одреден притвор. Не правете забуни веќе.
На сите дезинформации што кружат кога ќе се случи некој ваков настан... нека стои видеото. Само тоа е вистина. Сурово.
Види, и се согласувам и не. За претходната Фросина, до ден денес не знаеме дали вистинскиот заврши во затвор. Да и' веруваме на државата, поинаку би било, но (со право) не и' веруваме. Грозоморно е, ама тоа е реалноста во која живееме.
https://lider.mk/so-ime-i-prezime-o...DX7DVNDTO3EecM5pTA_aem_PPtjEHveAGRAj_KWwZP32g Сакала да им дава право на младите да се поправат ! Со 80 паковања Амфетамин Важи !
Судството било оценето со оценка 3, со 0 треба, мизерија како не им е жал не знам И, да дали овие судии имаат грижа на совест или само пари ги интересира?
Нема причина зошто да седи видеото кај шо дотичниот плачел или паничел. Го има (од читање, не сфаќам и апсолутно судам гледање на вакви видеа јбг) безживотното тело на девојката. Кај е почитта кон неа? Кај е почитта кон семејството и траумата ако то видео стигни до нив? @CameliaMiller го спомна Џорџ Флојд. Неспоредлива е ситуацијата. Да, видеото е громорозно, ама е исто така криминално и доказ. Тука се шо се докажва е дека плачел и телото на девојката дека е таму. Апсолутно не мора се да се снима и особено не се треба да се најди на интернет. Има ситуации кај шо би биле од корист. Ова нема подлабока корист. Едноставно испадна ситуација кај шо обичниот чоек си го пика носот кај шо не му го бери и порталите и медиумите место малку прст на чело да клат - тие то го сервират. И скроз треба да се срамат медиумите шо помислија дека е паметно да објават вакво видео.
@NoirSerpentine никој не рече дека не се виновни судии, обвинители. Но највиновни се родителите затоа што тие свесно на дете кое е наркоман, кое претходно направило несреќа, кое дилало дрога му помагаат да не заврши во затвор. Виновни се наместо да се помират дека нивното дете не е во ред и да си одлежи казна, тие не само што не го направиле тоа туку и кола му купиле за која и немал возачка. Така да, се потекнува од дома, ако тие навреме си превзеле мерки можеби оваа трагедија немаше да се случи. Судиите се виновни оти се партиски послушници, а и некогаш кога некој е по моќен од нив немаат избор затоа што секој денес се бори за егзитенција. За да нема пропусти треба да се искорени се и да почне да функционира правната држава, оној кој што го пуштил на слобода не е исто виновен како оној кој го изгледал и му дозволил да е онаков, го финансирал. Секој сносва одговорност, но родителите се тие кој се најодговорни, он не е дете од дом, дете без родители, он е дете кое има родители кои свесно го финансирале и го поддржувале во сите срања. Ако не беше така сега ќе беше во затвор
Не ми значи и не ме интересира дали имаат грижа на совест . Очигледно немаат . Ќе ми/ ни значи само ако одговараат. Ама тоа тешко , далеку сме ние од такво нешто . Се прашувам Дали можда сме дојдени до дереџе - брат за брат,сирење за пари . Мислам , да. Друго решение , барем во блиска иднина, не гледам ! За жал
Фросина беше моја сограѓанка, беше толку мила и цветаше од позитива кај и да се појавеше. Денес Неготино е мрачно, денес нема сонце во Неготино и нема да има се додека ПРАВДАТА не излезе на виделина. Ова веќе е претерано што се случува во нашево државиче а, не се превземаат мерки. *да не одам офтопик погоре некој имаше напишано дека типот имал сообраќајка пред некоја година и платил 18.000 ден за слобода, епа да ви кажам дека и јас пред 14 години веќе бев согазена на пешачки премин и дека дотичниот што ме согази и ми нанесе тешки повреди и трауми плати само 1200 ден во судот. ТОЛКУ! едит: и сеуште го вози моторот!
Ќе значи ако се воведат построги казни и се почитуваат закони, без разлика кој си и што си, не е ни чудно што веќе сите избегаа од оваа држава. Да му е страв на млад нормален човек дете да има овде.
Повеќето зборувате за мајката на убиецов и нејзината кариера, и таа секако си носи дел од одговорноста за неговото воспитување ама мислам дека порелевантен факт за трулоста на системот е дека татко му е командант во АРМ. Колку само опасни млади деликвенти - од bullies на школска возраст, па сѐ до вакви т.н. „помлади полнолетници“ пијани и издрогирани зад волан со фатални последици - испаѓаат дека се синчиња на војници или полицајци... Професии кои носат стравопочит по дифолт и статус на „заштитници“ во ова хиерархиско патријархално општество, а уствари се ништо друго освен олицетворение на мачо курч и недопирливост што се пренесува од колено на колено. Гад чие врвно достигнување му е да се направи камен и да лета по улици згаснал еден млад, амбициозен, креативен, надежен живот... Нема утеха за оваа тага и бес, нека почива во мир
Директниот виновник за ваквите случувања е системот и државата. Се додека не се излезе на протест како во Србија и не се казнат на избори и едните и другите, вака ќе тапкаме во место и ќе ни се случуваат вакви работи.
@FridaodaMk Има и други случаи кои за матурски им купувале автомобили со цел натаму да положат па да возат, уште пред да го донесат законот дека може да се посетуваат часови и од 16 години. Ама натаму положиле. Ние како дел од општеството мора да имаме нешто на кое ќе се ослониме кога гледаме дека родителите потфрлуваат. Ако родителите постојано потфрлуваат, тогаш зошто ни се институциите кои го прават истото само полошо бидејќи тие не треба да се пристрасни како што се родителите? Додека живееме во место каде што полиции занемаруваат пријави и потоа се случуваат убиства (од деца жртви на небрежност, до жени жртви на семејно насилство кои пријавувале по неколку пати, до било какви неказнувани прекршувачи на закони) и нема на кој да се обратиме кога гледаме такви работи, ќе продолжат да се случуваат вакви случки. Еве одличен пример за тоа што го пишувам: ок, неспорно е дека потекнува од дома (за тоа знаеме и за децата на политичарите), ама на толку прекршоци да не се најде судија што ќе пресече дека законот треба да владее за сите? И институциите и судиите да не си презеле на време уште при другиот прекршок? Сега ќе си ја издржуваше казната во затвор и немаше да дојде до ова. Уште нешто: не е дете после 18 години и пред „органите за прогон“ се гледа како возрасен. Повторно „органите за прогон“, институциите и судиите се одговорни за ова, особено затоа што го плеснале по раче и го пратиле во поправен дом во кој не ни седел. Сѐ додека на линч се ставаат погрешни луѓе и не се бара одговорност кај оние што треба, ќе продолжат да се случуваат вакви работи.