За претходната Фросина, не е осуден вистинскиот убиец, имаше маабети дека возел син на некој политичар, па друг за пари наместиле да осудат, демек тој возел. Мислам дека за синот на Трајко Вељановски стануваше збор, ама не сум сигурна.
Мене ме интересира кај е совозачот во приказнава? Сигурна сум дека имало уште некој со него во кола пред кој се “покажувал”. Немал ли тој грам совест да го опамети дебилов?! Или и тој ист калибар ко овој. Според мене сите во колата се убијци. Што луѓе ќе бевме, сирота Фросина
Епа да, ама пошто сето ова се шпекулации, јас и други имам слушнато, затоа сметам дека треба да се снима сè. Немаме доверба во државата, а и со право ја немаме.
Не можам да опишам колку ме потресе случајов, рацете почнаа да ми се тресат од кога го видов видеото, нема суд кој што ќе определи доволно висока казна за вакво дело..
Го гледав видеото.. жално.. Но, не ми дава нешто од внатре да го жалам него!! Свесен убиец си чим влегуваш во кола и возиш 130!! Ова е убиство со умисла! Не можам да го жалам само најлошо му посакувам!
Јас го видов, девојката не се гледа, барем не експлицитно, се гледа тој. Но, напишав од која причина ми е ок - баш зошто за другата Фросина ептен се измрсија кој бил, кој не бил. Секако дека не треба да е по портали, меѓутоа за некој период од сега, ако снимателот забележеше дека пробува да се искриви вистината, тогаш да го пушти.
Не разбирам како на родителите не им било страв дека тој може да настрада, дури и да не им било гајле ни за полиција ни за другите учесници во сообраќај. Или пошто е младо момче може да прави што сака и тие се безгласни букви по дома? Интересно како вакви трагедии толку често се случуваат токму заради овој профил на луѓе, значи има нешто подлабоко што сите се правиме дека не го гледаме додека не дојде до смртни последици. И јас имав кола со месеци пред да положам, ни на крај памет не ми дојде сама и на паркинг да ја возам, ако земев да излезам со неа ќе останев без кола во истата секунда кога ќе се приберев. Какви се овие родители што после сообраќајка, кривични пријави, казни за дрога, пијанчење, упорно му дозволуваат на нивново разгалено детиште да вози, па и му даваат кола? Ништо веќе не е свето. Ни човечки живот.
Мислам дека детево стварно не е свесно кај терало во животот. Ова е доказ за негрижата на родителите. Возачот Јованов се противел на притворот, се бранел дека не може да го повтори делото оти бил психички паднат - Скопје1.мк
Ма јас не знам како таа "школуваната мајка , со врвна кариера " не се е заангажирала да си го лечи синот единец од алкохол и дрога . Мене тоа ме боли. Како спиела мирно кога знаела дека син и се дрогира,пие... Каква помош му пружила?! Боже мили , колку ми е страв само да не се најдам во кожата на мајката на Фросина , или не дај боже да потфрлам како мајката на Васо
Толку ми е жал, го преплакав девојчево. Сите сме потенцијални жртви веќе во државава. Страв да ти е да одиш во болница, да излезеш на улица, од полиција да не се осеќаш безбеден..
Може не е до нејзе, може била немоќна, можеби таткото го вадел од го.ната. Имаше пост поназад во темата неколку страни дека се исмејувал и на другари им покажувал видео што ја снимал мајка му како крши тањири по дома и му ги фрла алиштата низ прозор. Но некој дефинитивно цело време фаќал врски и го вадел од притвори. Еве и вчера не покажал каење и барал да не оди во притвор, сосема си е свесен дечкото и си има и адвокат Сашо Дуковски.
Доста со тоа дека мајката била школувана. Биле врвни во своите професии . И ? Што ? Родителите на Кецмановиќ исто беа почитувани во белградските кругови. Таткото еден од најдобрите доктори . Што сторија ? - Масовен убиец.
И те како е до нејзе. Не е ова преку ноќ, морала да реагира. Ако таткото го вадел, можела да се разведе. Потфрлила со воспитувањето дефинитивно. И виновна е и те како.
И тоа не е нормално и не ја оправдува. За да бидеш со таков човек и да го трпиш, треба да си таков. Да била, ќе го учела од мал Она кренала раце...
Мора да се научат да преземаат одговорност за своите избори во животот. Не дека ова првпат се случува, овој претходно бил апсен, дилал дрога, правел сообраќајки итн. И тие пак му дале кола, знаејќи со кого си имаат работа. Многу лесно ќе била спречена цела трагедија, ама тие го одбрале полесниот пат за нив.
Како бе немоќна На мене дете да ми е болно , ни маж ме занима , ни кариера ,ни ништо. Какво кршење на тањири. Детето под рака и ќе си барам чарето. Нема што криви Дрини да оправам ако гледам дека и маж ми е болен ,во умот.