А кршење тањири и фрлање алишта низ прозор е многу добра дисциплинска мерка, баш му помогнала. Зрело.
Аха, немоќна. Имала доволно средства ако сакала сосе синот да се тргне и бар она да го направи човек. Ама, не го направила. Двајцата родители се виновни. Потоа виновни се и лицата од институциите кои го пуштиле наместо да го остават да лежи. Близок има другари што имаа татко криминалец, ама они ни мравка немаат згазено. Оти мајка им и покрај сите потешкотии успеа да спречи да станат како татко им. Кога се сака, се може.
Ете колку биле нормални, со кршење чинии и фрлање облека од прозор. На социјални мрежи оставаат друг впечаток. А дома само тие си знаат какви се гниди биле.
Ни јас... Дури и тоа викање и плачење на видеото ми изгледа како за себе да е загрижен, што направив и што ме чека работава. А не што му направи на девојчето...
Каков Јован бе. Васил Јованов. Инаку протестиве треба пред суд,поред ојо, кај таа судијката пред врата да и ја лепат сликата на девојчето зашто со нејзината одлука како она да ја уби. На сите тие што потпишал е овој шлајм да шета да им се залепи на прозори сликата на девојчето бел ден да не видат.
И зошто да не се заинтересира со кучето што биднало? Кој не чува куче на може ни да замисли како би му било и на кучето коешто го губи својот газда. Големото чудо ако прашала што биднало со кучето, и мене ме интересира еве и ?
Абе дај доста до кучето дојде. Сигурно е добро а може не ни имало куче. Човечки живот изгубен, родители дете закопуваат денес овие кучето..
Ма каков протест, треба фаќање за коса и на плоштад, и судија и родителите и сите вмешани претходно што го ваделе затвор. Го следев судењето за пукањето во Младеновац и Дубона во Србија. Ропакот доби 20 години а ќе излезе порано. Родители изгубија 10 деца во пукањето, овој за некоја година ќе излезе, нема ни 40 да има тогаш. Law abiding citizen треба за овакви гробари на функција. Пак ќе викаат дека опозицијата е крива.
Џабе би пишувала, на вакви како тебе не може да се објасни, немаат сите луѓе емпатија и не се доволно емотивно интелигентни, ниту пак почувствувале таква љубов за да разберат, а неа верувам дека кучето ѝ било најсаканото нешто во светот и би сакала тоа да е добро пред сѐ.