Возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, преку неговиот адвокат барал Кривичен суд да не му одреди притвор. Тој вчера го убедувал судот дека нема да бега, ни да влијае на сведоци, ниту да го повтори делото. Јованов, преку адвокатот Сашко Дуковски, посочил дека не може да влијае на постапката бидејќи сите докази потребни на истрагата веќе се собрани. За можноста да избега, посочил дека е невозможно бидејќи пасошот му бил во судот. Тврдел и дека не може да го повтори делото, бидејќи, бил психички паднат, како и дека го погодил настанот, дознава Скопје1. Овој е без осет и веројатно мисли дека ќе се извлече пак. И не треба пред Силбо да се протестира, туку пред судот и пред судијката што го ослободила.
А зошто не би се заинтересирале? На девојчето очигледно и' значело, чим во 23:30 го шетала. Не бидете мизерија.
Пред Силбо убава бројка. Браво. Атмосферата претажна. Многу трагично. Ама со еден протест ништо не правиме. Одадовме почит, максимално заслужена. Следно?
Добро, само Божиновски ни е асален новинар? Каде се другите? Или тие се со партиски книшки па не смеат да зуцнат. Па ова не е труло, туку распаднато. До кое дереџе дојдоа институциите и политичарите.
Сусвото пупка! Гадинки! Треба една контрола и да се запише кој судија и обвинител колку предмети чувал во фиока за тоа како постапувале еве гледаме. КРИВИЧЕН СУД СЕ ИЗЗЕМА ОД ОДГОВОРНОСТ, ОСОМНИЧЕНИОТ БИЛ ИСПРТАТЕН ВО ДОМ БИДЕЈЌИ НЕМАЛ 20 ГОДИНИ - дали прстот го вперуваат кон Апелација?
И сега ќе си ја жонглираат топката. Како по обичај. Се знаеше дека вака ќе испадне со префрлање на вината. И на крај ќе испадне пајакот ја удрил.
И Љупче Златев објавува со имиња без задршка. Гледам дека полека и други новинари полека ќе се охрабрат да пишуваат свои текстови а не само да преземаат.
Колку е сѐ отидено... Како во Србија, оној нетокмуто што си ги уби другарчињата, малолетен бил и ништо не му можеле. МОЛАМ? Па што чекаат, нека мењаат закон додека не е доцна за (не дај Боже) сличен настан. И кај нас ли е ова исто со законите? Дајте да се мења тоа, дојдоа луди времиња, не е исто ко порано малолетен и сега малолетен. Он бил психички паднат? Бато, не да сум паднат психички... Ама што треба сега, да влезам у колата на тато (неам возачка), да нагазнам на педалот и да тргнам по улици да собирам сѐ што движи? Срам те било! Им ветувал таму во судот, стварно? Па претажно! Сега ќе испадне дека, ете, он ич не е крив, случајно така возел и никад више нема пак да направи нешто вакво, нема шанси. Ко да украл мастика од киоск, а не убил младо девојче. Кога сум кај психички паднат: секако сум, ама откако се случи ова, од синоќа, не можам да се смирам. Претажно. Ми се гади од вакви ликови, зашто знам дека многу ги има. Не мора да се во вид на брзовозачи. Кога пишувам дека луѓето се лоши, добивам реплики дека не смеам така да мислам. Како да мислам, бе? Сѐ е отидено у 3 пм! Мора да се мења нешто, образование ли, вон-наставно ли, едукативно, казни, нови закони, обновени закони... А, најважно: сите, ама баш СИТЕ да се едуцираме и да започнеме да сфаќаме дека сѐ што ни е потребно е емпатија! Психолог за секој, матичен психолог! И обавезен прв преглед, ако е у ред, не мора да оди, ќе процени психологот/психијатарот. Не може ова вака, во модерно време, со сѐ напреднато, ние да шетаме „психички паднати“ и поради тоа да гинат невини луѓе. Протести за маркети, сега пред Силбо... Ние ОДАМНА требаше да протестираме. Ми се чини дека Србија нѐ инспирираше за ова, што не смее да се случи, сами треба да сме освестени!
Па овие и во право се, ако они завршиле постапка, апелација треба да се произнесе и да се одлучи што понатаму. Не се разбирам многу во судство, @JuLleE или @Forca можат подобро да објаснат или ако имаме уште некој правник. Исто дали и кај нас постои "помлад полнолетник" и слично срање? Како во Србија? Ако постои, АМА ОДМА ДА СЕ ИЗБРИШЕ, и за деца под 14 исто? Ова правнициве нека кажат, ама ако е така, мора да се менува тоа, пази!!!!!!!!! Девојката што го удри Денис Тот и НЕ го уби директно ќе лежи колку што ќе лежи (заслужено!!!!) а овие со коливе лежат по 3, 4 години, оти млади вакви такви? Не е ова сообраќајна несреќа и НЕ СМЕЕ да се третира како такво, одамна на форумов пишувам, абе за поминување на црвено нема казна, од одма одземање возачка и кривично гонење за загрозување на јавна безбедност, за возење пијан - исто! Не казна и 3 месеци невозење, туку од ново полагање и кривично гонење. Овие наши казни се заебанција, овој ќе излезе од затвор и уште млад, здрав, прав ќе "шофериша"