Каква незгода бре?!!! На раскрсница возел со 60/70 км/ч и претркувал кола која патем била застаната на раскрсницата за да ги пропушти пешаците. Така и ја удри Викторија. Да возел 30 (колку што треба кога се приближуваш до пешачки) немаше да настрада девојчето. Ајде, ве молам, немојте да правдате вакви амеби. Па, уште и жал ви било?!!!!
Ами Шеќерка нели беше министер за одбрана? По таа линија се знаат гарант!!! Си праат на ти го, дај ми го. Се штитат меѓу себе. Обична раја се коле за нив, нив мува не ги лази
Полицијата не била виновна пошто толку им биле ингеренциите, ОЈО исто, еве и Кривичен не се виновни. Остана уште да речат дека народот не смее да преминува на пешачки за да нема вакви работи друго нема. Се огласија од Кривичен: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, вината е на судството? | skopjeinfo.mk
И во полиција и во судство е, поентата ми е дека колку што јас се разбирам во закон, првостепена пресуда оди на апелација (ако се жалат нели), и оттаму одлучуваат што ќе биде правосилно. Пак, ова само мислам, не тврдам, затоа тагнав членови кои се правници и подобро од мене знаат.
Се активираа студентите, браво. Многу млади имаше денес. Мора сè да се објави и разјасни. Само да продолжи, не смее пак да помине за 3 дена.
Протестот треба да се зголеми, а и да се оди кон ОЈО, судовите, МВР и Влада. Ако не се посетат овие институции, мислам дека нема да вроди со плод. Можеби ќе му набутаат години затвор и ќе ги казнат/затворат судијките, ама пак ништо не сме направиле. До системот е. Корумпирано и расипано е се. Од политичарите, па се до судиите и полицајците.
Треба да одговара како полнолетно лице затоа што во моментот на сторување на кривичното дело бил полнолетен со навршени 20 години живот, како што знам деловната способност не му била делумно или целосно одземена, и не било продолжено родителското право по полнолетство. Деликтна способност целисно се стекнува на 14 години, но од 14 години до 18 години до полнолетство тие лица се сметаат за постари малолетници и имаат некое олеснување, дотичното лице е целосно деловно и деликтно способно, без разлика што има 20 години живот, тој треба да сноси целосна одговорност и тоа со умисла затоа што свесно во пијана состојба управувал возило, значи пијанството е отежнителна околност, возењето над дозволеното е исто отежнителна околност, единствено олеснително му е што законски не може да биде исуден на доживотен затвор затоа што не наполнил 21 години живот, на лице помладо од 21 години живот не може да му се изрече доживотен затвор. Според моја проценка судот би му дал од 8 до 15 години затвор, али ако се заташка работава (не би ме изненадило) да му дадат 4 години затвор заради реакции од јавноста, ако не реагираше јавноста ќе поминеше со условна, е во ваква држава живееме...
За тој случај, семафорите биле на трепкаво жолто и тука и дете знае дека пешаци имаат предност. Исто така секој глуп знае дека кога се доближуваш до пешачки и ако веќе пред тебе има кола, заостануваш и ти, не се престројуваш пред пешачки. Не ми се верува дека во темава дискутираме за основни сообраќајни правила.
Во сите три кобни несреќи се работи за млади девојчиња чив што живот згаснал поради млади момчиња што седеле зад воланот. Што е со младинава, а особено машката популација, ќе прашам? Дивјаци. Испуштени од раце. Како викаат, не си ти крив. Татко ти и мајка ти се за е****е. Деликвент, ваден од затвор, поткупување судии, а за што? И кога син ти е таков каков што е, ти решаваш кола да му купиш, а возачка, мислам што ќе му е. Па кој е тој нормален татко и мајка што дозволува синот да дивее и покрај поседување на дрога и претходна сообраќајна несреќа. Еднаш е упс, втор пат, не се простува. Особено не со вакви последици. Мислам и коректно е и родителите да бидат дадени на суд. Сите што земале мито од судиите. Сите до еден да им горчи цел живот и на душа да ја носат. Се додека кај Силбо не се најде решение, ми е страв да помислам, но историјата е осудена да се повтори. Смешно е решението со метални огради, затоа што ти превенираш да претрчуваат пешаци. Но, ми изгледа како пешаците да не се криви. И ѕид да поставиш, се додека таму се лета, а не вози, се поминува на црвено, џабе е. Ова е можеби последниот виновник во ситуацијата. Прежално. Страшно. Одвратно. Се надевам барем татко му ќе има некаква тронка доблест да не го вади и овој пат од говната што сам се напика. А и да проба, тој што ќе земе мито за ваков случај, му посакувам само најлошо, од очи да не му излегува сликата од Фросина. Нека и е лесна земјата и нека почива во мир. Затоа очи отворени макар и на твое зелено. Ќе седиш во место додека сите на застанат. Во сообраќај нема победници, само губитници.
Така и кај мене во маало усмртеа жена. Враќајќи се од работа, да помине уличка (не булевар, баш уличе за две коли само). Еден и застанал да помине, а фраерот позади него го претркал... на лице место, мајка на две малолетни дечиња (едното со посебни потреби). Имаше тогаш протести и сега имаме лежечки низ цела улица. Ставаа пластични ги вадеше некој, па сега бетон издигнат и долг 2м на секое има (а некаде и пластични ама од тие големите). Треба построго со давање возачка дозвола... треба психолошки тестови. Треба многу работи уствари... Воспитувањето на многу деца оди во погрешен правец. Абе уште од мало го гледаш испуштено. Луѓе бркаат кариери, не се свртуваат околу нивните деца ИЧ. Тие деца којзнае како растат... Затоа се без грам емпатија..
Повеќе од 20 мислам. Но моментално не е во затвор, туку во некоја установа, поради годините. Па после ќе го преместат во затвор. Ако грешам, поправете ме.
Ништо не му следува, бараат чаре како да го задржат во некоја установа за да не види бел ден. PRESUDA JE PALA, ALI JOŠ NIJE GOTOVO?! Kosta je mislio da je MAJCI ZAPEČATIO SUDBINU, ali Miljana ima JOŠ JEDNU ŠANSU
Не е осуден тој, тој сега е како оштетено лице заради пропустот на родителите. Татко му и мајка му се осудени и одземени им се росителските права. Коста е на психијатрија до кога ... не знаеме.
Во моментот на делото имал 13 години. Не може ретроактивно да се суди. Не подлежи на прогон. Родителите се одговорни.
За такви што кола кога ќе застане, посебно на пешачки, се прават паметни и одат во другата лента да ја претицаат би им одзела возачка доживотно. Затоа што основни правила не знаат. За маче да има застанато, кочиш и ти, не тицаш и собираш сѐ пред себе. Идиоти. Прежално за жената.