Фросина ја знаев лично. И нејзе и нејзината фамилија. Можам да кажам дека беше златно девојче, полно со амбиции за успех. Секогаш насмеана, фина, позитивна. Да не си им во кожата на родителите. Загубата на дете е нешто што нема утеха. Само сѐ надевам ќе си најдат некој мир со тек на време. А за убијците, сѐ најлошо посакувам. Почивај во мир најмило девојченце.
Вакви којзнае колку шетаат со возачки Баш реков, сите барем еднаш сме избегнале за малку да не нѐ собере. И затоа не ни дознаваме за вакви морони све додека стварно не се случи нешто престрашно кога више ќе нема назад. Јас сум и за одземање возачка на секој што бил фатен со дрога или направил повеќе криминални дела дури и да не биле поврзани со сообраќај. Зашто некој што се понаша неодговорно, не може да смее да управува кола.
Нѐ поздравија овие Ја не знам зашто уопште постои судство, за НИКОЈ не знаеме дали и какво дело ќе повтори, ич да не ги судиме. Туку дали сега Панче ќе тресе вакви деликвенти или битно оти немаме Северна ќе казнува?
А оние што на црвено поминуваат? Свети зелено тргнувам на пешачки а на црвено уште двајца тројца поминуваат. Дебили дебили Златно девојче
Ооо колку пато вака ми се случило ,среќа чекав да видам другите од позади шо ќе напраат... А исто и со кола требало да свртам од карши ми блендира да ме пушти а зад него мотор,тротинет нешто лета... среќа сум ги приметила и нив инаку ќе згазив и јас крива...
Супер што се крена народот само да не бидеме лицемерни, сите сме дел од системот. Пола од овие што споделуваат постови за корупција ѕвонат на нивен човек кога ќе ги застане полиција, купуваат подароци на доктори, професорки итн. Прстот на чело, промената почнува од поединецот. За општествена промена е најпрво потребна индивидуална! Нема утеха за девојчето, прежално. Нека ѝ е светол патот.
Не те цитирам тебе, туку ова на сликата. Да, е црна точка, многу лош семафор. Ама црна точка е и за шоферите. Зошто денес е пешак, утре ќе биде може шофер. Тоа не е оправдување. И токму тоа ваљда бараме, целосна правда. Меѓу кои и да се среда улиците . Тоа не го оспорува фактот дека деликвенти треба да бидат соодветно казнети.
Не постојат црни точки, постојат точки кај што одредени возачи мислат дека господ за муда го фатиле и не возат ко шо треба. Толку. Како не е добар семафорот? Семафор е да го ебам, освен ако е нешто расипан, ама или е зелен или е црвен, или одиш или стоиш. Други "црни" точки се и позади Дајмонд, пред Рамстор, пред Ману, кај Југо дрво кај што има пешачки ама нема семафори и возат ко луди. На сите овие сум избегнала да ме соберат. Едит. Црна точка може да е некоја кривина пола гз широка на земјен стрмен и неосветлен пат. На прав булевар со семафори и светла не може да биде.
Апелација е повисока инстанца и она потврдува, отфрла, преиначува или го враќа предмотот на повторно судење во Кривичен. Каша попара е, за што е осудуван прво? Очигледно е дека со врски се избориле за поблага казна. Вината е во родителите што му дале кола и што го вадат од затвор. Судиите пак се некст левел. Мора суштински промени, ама мора да почнеме од нас прво. Мал чекор е амо престанеме да бараме и прифаќаме врски.
Полагањето возачка дозвола е веќе премногу строго, освен ако и таму не го дадеш магичното мито. Фактот што буквално и таму се очекува да ја подмитиш комисијата е еден дел од проблемите што заедно доведуваат до вакви случаи. И една возачка дозвола не ги спречува да лудуваат, па пола од овие што се понашаат како да живеат сами во Скопје возат без возачки. Корупцијата е нешто што е длабоко вкоренето кај нас во секое ниво на живеење и сѐ додека нема промена на свесноста за одговорност на повисоко ново апсолутно ништо нема да се смени.
На копиљов некој со години му ги чистел го*ната. Пред две години имал сообраќајка каде имало повредено лице, обвинителство одлучило да не го гонат кривично (???) туку само платил казна?!! После тоа имал еден куп сообраќајни прекршоци, ама на родителиве им било ок, па пак му ја давале колата?! Дрогата е друга приказна, за тоа всушност и бил во притвор и за тоа му дале воспитна, место кривична казна?!!! Ама, кривичен суд не се смета за одговорен!!! Они вусшност за ништо не се одговорни. Зошто би биле? Недопирливи се они, казна не ги стасува!!!
Сега на сител излегоа родителите на Фросина ,како ми е жал таткото едвај кажа што кажа,мајката и сестрата неутешни... Страшно
Баш ми излегува на стори една познаничка што се фалеше како морало таа со врски да положи од прва, ама слаби и биле врските па од втора положила татко и појаки врски морал да плати. Што се вработи пред да заврши факултет со врски (секако и тој факултет мораше со некое частење да го помине), што си живее на капитал од тато како објавува дека системот бил крив и ја споделува илустрацијата, значи не знам што да кажам освен дека далеку е светлата иднина за нас со такви луѓе што немаат ни самосвест, ни интегритет ни морален компас, и се додека ние ја храниме корупцијата таа ќе живее .
Како што можат србите цела Србија да ја превртат поради корумпираност и поради тоа што никој не сноси последици за невините жртви, зошто ние да не можеме? Детиштето требало одамна да биде затворено ама вујко тетин чичко (поточно татко јак во вмро) прават чуда.
Малиов е тежок манипулатор, пробал да се извади на таа карта дека му е земен пасошот, дека е под стрес, дека сите докази се собрани, и нема да бега и да влијае врз докази и сведоци.. Као пуштете ме да не одам во притвор, ќе бидам мирен, или пак така го учел адвокатот чие што име е добро познато на јавноста бидејки ги има брането најголемите криминалци во државава.. Копиле гнасно, гарант и минатиот пат вака плачел пред судијката и она си рекла ај детиште е, може ќе му дојде памет..
Да сме сплотен народ треба секој ден на протест ,да се оди до крајност да престане ова криминалистичко владеење со векови....
Повторно удрен пешак. Идиотот избегал. Каде бегаат?! Што е со луѓево. Од што бега?! Ако единствениот страв ти е затвор, ти си испрдок. Нечовек. Ѕвер. Монструм. Се подивеено.