Може малку е глупаво моето прашање, ама што ќе се постигне со протест во Сабота кога не работат судовите и нема никој во нив од тие што треба?
Па од понеделник до петок не одговара зашто сите се на работа. Сабота и недела не работат судовите. Мора некогаш да има протест.
Ок е и треба да има протест, само на овој начин да се протестира пред празна зграда не знам колкав ке е притисокот и ефектот,тоа би требало да се направи притисок во работен ден и да се спречи да влезат на работа одговорните/вработените во институциите или слично
Edno od najgnasnite deca vo dimo i opsto vlae i hrom, gnasa nakurcena, bez pocit kon nikoj, bez ponasanje. Isti bea i site shto bea i shto ostanaa okolu nego, zaedno so drugarka mu sofija od klas shto na videoto mu vika da se smiri dodeka on vrishti. Se e jasno koga e gnilo od mali noze zadoeno
Прстот го вперувам во неговите родители, кои се директно најодговорни за воспитниот процес на своите деца. Прво има кривична за производство и пуштање во промет на наркотични средства, а потоа добива кола од своите родители, за која нема дозвола за управување, и убива пешак! Општо гледано, од родителска призма, не само што постои загрозување на безбедноста на сообраќајот, да го оштети возилото, да причини штета или некого да повреди, постои можност, во некој изолиран инцидент, да загине и самиот тој! Малоумност. Колку и да е неограничена љубовта кон децата, мора да се гледа низ призмата на рационалноста. Неговите родители максимално потфрлиле и секој јавен напад кон нив е оправдан, сите заедно треба да подлежат на вина. Првично бил притворен затоа што му била пронајдена голема количина на дрога во домот. Некако се протнал низ правдата, иако секој друг обичен смртник ќе добиеше некоја година затвор. Со избегнувањето на правда, вообичаено, се добива на сила (она "мене никој ништо не ми може"), каде од нешто помало кривично дело сега имаме убиство! Мислам дека револтот кај граѓаните произлегува од неговата недопирливост, со изигрувањето на системот, каде излегува како слободен човек и граснува млад живот полн со надежи, копнежи и соништа. Револтот е и кон самиот систем кој дозволил тој да остане слободен човек. Мора да има построги казни за непочитување на сообраќајните правила.
Протестите треба да вродат плод, железото се кова додека е жешко, сега додека има сплотена енергија на народот треба тоа да се искористи за доброто на сите нас затоа што ако не се направи ништо после 2-3 протести ќе спласне енергијата и се' ќе си продолжи како до сега... Затоа мислам дека организаторот треба да искористи можност да направи петиција за промени на Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата каде што ќе се додаде член (одредба) дека ако возачот биде фатен да управува моторно возило под дејство на алкохол над 0,8 промили алкохол во крвта или под дејство на дроги, психотропни супстанци и прекурсори тогаш трајно му се одзема возилото. Ако некој вози со над 80 км/ч каде што дозволено е 50 км/ч глобата да биде 1000 евра (без да може во мандатна постапка да плати 50% во рок од 8 дена). Значи има начин како да ги направиме безбедни улиците но треба да народот да е подготвен да ги прифати промените макар да бидат и вака построги. Искрено мислам ако не се воведе ваква остра, драконска глоба трајно одземање возило на оние кои се охрабруваат да возат пијани, само протести нема да дадат ефект треба конкретни решенија на проблемите, а некој штом се дрзнал да биде ,,храбар" да вози пијан, треба да биде храбар ако го фатат пијан дека ќе му го земат возилото. Верувајте ниту едно од ваквите фраеришта со џипови од 30 илјади евра нема да вози пијан или под дрога ако знае дека во секој момент може да го фатат и да му земат џипот.
Кој има за џип од 30 кила, најмал проблем му е џипот...а и кој нема...секако казна е папир, папир ко папир, може да се ,,загуби,, . Стварно не гледам изводливо решение со тој апарат на клиентелизам и колективно беснило . Од ништо ни страв ни срам, ниедна активна мозочна клетка, ништо.
Толку е труло ова општество, што нема шанси да се спаси. Родители кои за се' им одат по газот на децата и нивното синче/ќеркиче никако не е за ништо виновно, никој не смее да го чепне, не смее да се искритикува и никако не смее да се казни и така пораснува во лигле. И од другата страна, никој не презема одговорност, никој нема доблест да каже дека е тој за нешто виновен, сите само да се избават, да подмитат, да си го спасат газот свој. Газење преку луѓе, без никаков осет, ни емпатија, никој друг нема вредност, дури и живот нечиј нема вредност и не им е важен. До толку бегање од одговорност и без морал, што за болница во која живи изгореа пациенти, никој не беше крив туку кабелот??? Толкав скандал на онкологија и никому ништо??? Толку убиства и несреќи за подоцна да испадне дека сто пати претходно биле пријавувани и само им се гледало низ прсти??? Толку згниен систем, расипан, не се оправа повеќе. Само од корен се' да се смени, нови луѓе да дојдат, нови закони, мора некогаш институции да почнат да работат како што треба. Од нас народот зависи.
Ќе фати некоја врска, ќе ја скинат казната. Џабе е се, ако не се промени совеста кај народот, ако родителите не почнат да си ги воспитуваат и казнуваат децата. Не е проблем законот, ќе се смени. Пак ќе биде исто. Ние немаме сообраќајна култура.