Леле извртување зборови. Лоша проценка која кошташе живот и си го уништи својот. Овој другиов нема совест. Што се не дознав за детево од маало кај него подобро да не знаете. Утре да може пак ќе се издрогира и пак ќе јуриша со 130 на саат. Емпатија 0. Гајле му е. Гној! @Цвет88 на ова сонце очекуваше народ да протестира? Самоиницијативно? Без смс пораки од партии и НВО? Тоа кај нас не иде.
Зошто кога ке пишам Васил Јованов на фб search , не ми дава никакви објави , статуси и постови ? Можно е да се брише ?
Мене не ми стигна никаква порака... За нечија жал никогаш нема ни да ми стигне порака од партија, таков луксуз не си дозволувам. Е затоа нема да не биде. И за мене е сонце и викенд и време за со моето дете, ама ние избравме да отидеме таму, зошто баш за тоа дете се работи. Вака, тука, џабе само се дели правда.
Од универзална продолживме кон парк ....таму , нема место да се разминеш. Сите ние со децата. Децата - потенцијални жртви на овој систем . Студентите во Србија пешачеа од Белград до Нови САД. Ние пешачевме од дневна во спална.
https://newz24live.com/na-dusha-ke-...gLxZj-hUcOV_2M6fwA_aem_geByWZ4pmR9UyYBffgGQPA За секој родител , дедо , чичко , за секоја баба,тетка ,комшивка. Секое бебе еден ден треба да стане Човек. Ама каков ?! Наше е да одлучиме.
Далеку од тоа дека го жалам и јас. Не ни сфатив дека авторот го жали. Утре за Кавадарци потврдено е ?
За овој Васо стварно кружат ненормално одвратни муабети. Мене не ми е верно како жената што го родила можела до толку да го испушти од раце и да го остави ....
Само што добив информација, се организира и во Скопје протестен марш за утре од страна на студентите. Наскоро ќе споделеле детали, да ги следиме студентските профили на Инстаграм, ќе споделат.
Да, потврдено е, се надевам ќе има народ. Ние со малиот секако ќе одиме. Немам зборови што да кажам, освен лесна и земја на Фросина, да не се повтори ..
Е тоа да видиш.. а излезе муабет дека некоја жена што го чувала на лрај заедно дилале дрога. Твитер гори за детево!
Ај да не се лажеме, немаше никаква најава дека ќе има денес протест. Тоа се најавува навремено и во полиција дека ќе има протест, не е туку така. Читам сега дека од понеделник ќе има нови протести. Некад стварно рипате кога не треба. За вчерашниот протест имаше најава сегде дека ќе има, затоа и бевме нацртани таму. И нема да застанеме овде. Аман од осудувачи.
Не е исто Ана. Секогаш се гледа и како постапувал пешакот и врз основа на тоа се носи одлука. Овие два случаја не се исти, а ако навистина ја повлекол дечко тогаш многу работи се менуваат. Немаше ни алкохол. Јас не знам дали си возач, ама на секој му се дешава да му излета пешак, за момент да изгуби внимание итн. Среќа еве јас што низ град не возам брзо, инаку да, ми се случи да не забележам пешак. Среќа закочив, среќа пешакот си одеше, а не трчаше.