Не се гледа дека е телефон. Инаку пешакот кој вчера го прегази жената денес избегал од болница Пешакот кој беше прегазен вчера, побегнал од болница.
Па добро?? Ти не си видела како истрчуваат. Без да се завртат од кај да знам ја може ќе продолжат напред
Па она живее таму, на 2 чекора од местово. Во мое маало кога имаше протести, дојдоа само тие тука што живеат и не два дена, со денови бевме цело маало излезени на протест. Ама сум носела и деца со се мене...пешки. Јас сега кола да палам, прво паркинг едвај таму ќе најдам. Плус луѓе се на работа и саб, ретко кој шета во денешно време и во сабота. Маж на работа, јас сама со 3 деца. Живеам 5км од таму. Верувам секој би сакал да дојде, освен што викаш тие што се ептен емотивни и не ни се осмелуваат да доаѓаат...
Мене ме вадат од такт луѓе што 5-10 чекори максимум имаат пешачки, тие на најфрекфентна улица прерипуваат, се фрлаат пред коли. Така кога ги гледам ме фаќа анксиозност. Колку пати и како пешак и како возач сум гледала вакви случки, абе мене срце ми лупа.
Земи го мобилниот во раце и види како ќе ги поставиш прстите. Детево има крајно несовесни родители му обезбедиле телефон. Таткото треба да го гонат за соучесништво во најмала рака пошто во континуитет му давал кола без возачка, претходно имал една сообраќајка која ја решиле вонсудски, и го вадел синчево од затвор неколку пати.
Исто, плус велосипедисти, оние дегенериците со електричните тротинети шибаат со возење и на пешачки, наеднаш влегуваат пред и после него, како од ланци пуштени се.
Истрчуваат. Мене ми истрчуваат и каде нема пешачки. Ама каде има пешачки ке подзастанеш така ? Ако возиш 40 колку што е дозволено во населени места верувај ке имаш време да застанеш . А и да го удриш со таа брзина не се последиците страшни.
А тек во чаир што е прерипување, па оние со тротинети уште фалеа, како возат мислеш накај тебе ти идат
Не велам дека не си во право.Ама ако виделе дека е детиште што го испуштиле од рака,тогаш ДА.За да ја поправат грешката во воспитување. Ама најверојатно они не ни гледаат грешка во нивниот син.
Ама види ти сеа...не што е дрогираш и гази дете на пешачки ....па и мобилен набавен во притвор уште првите 24 часа. Кој тоа ? Сам секако не. Тато или мама ? Родителиве на детево потфрлуваат и додека ова се случува. Језиво.
И друга работа. Тој што ја умсрти Викторија нема шанси да возел 40. Со таа брзина можеш одма да реагираш или ако веќе ја удриш, ќе помине со телесни повреди а не да летне телото и да почине на лице место. Значи нема шанси. Инаку, типот на сликата се гледа дека држи телефон, убаво зумирајте и ќе видите. И не е некоја научна фантастика да има телефон во затвор. Многу обични затвореници имаат, така да ништо чудно за овој.
Знам и јас дека во затворите имаат телефони ,голем број од затворениците. Ама мене ова не ми личи на телефон. Се утепав зумирајќи . Појќе на табакера за цигари ми стои дека е
Многу ме вади од такт кога некој со мене што е така ме повлекува на пешачки или ајде ајде убрзај ќе ми рече а јас веќе подзастаната па тргни/застани и мн пати у тие ситуации за влакно сум избегнала да не ме удрат, у таква ситуација и шоферот може да се збуни. Ако била таква ситуацијата со Викторија вината е поише кај дечко и.
Сите што сте полагале за возачка знаете дека ако не пропуштиш пешак, паѓаш. Не ги занима дали трчал, летал или лазел, ако не успориш на пешачки со 4 очи отворени, не положуваш. Па не знам како сакате строги критериуми за тоа кој ќе има возачка ама пак пешаците ви се криви