Имаат тие со паричка,еден повик ти дава да обавиш за возврат кутија цигари.Бизниси тераат таму затворениците.
Зошто нема притисок за родителите на Васил да бидат кривично гонети? Или треба некој од надвор да му биде логистика?! Стварно не знам што е следно, со ова темпо ваљда ќе продолжи да дила дрога по затвориве.. Мобилниот телефон на Васил Јованов во притвор му е одземен, ќе следува истрага за затворската полиција за санкционирање на тој што му го овозможил - Слободен печат
Никој не го брани копиљот. Мене само не ми личеше на телефон. Брејјј толку ли е јак тај таткото за одма да му се обезбеди телефон. Значи старателите на убиецот бетер од него се изгледа. Веќе не ми е "несфатливо" како досега не почнале да го лекуваат. Барем од дрога. Воа сите граници ги мине.
Веќе пишавме за случајот со Викторија дека лошо паднала на глава и вратот го скршила, тоа била причината за смртта.
И соба му платиле гнидиве. Да ужива на мир. Бесна сум. Подобро да не пишувам и читам, многу сум емотивна. Чие дете ќе е следна жртва на вакви?
Цел живот нека кризира. Та он та неговите. Вознемир ми створи телефонов. Не оти не знам дека има телефони по затворите , ама па прв ден ?! Со кој ќе се слуша ? Со мајка му ? Што ќе му каже она ?! - Сине не се секирај , издржи , тато ќе среди се , за брзо ќе се гушнеме и се ќе биде како порано .... Самица бре за него ! Бел ден да не види. Не да ми се шета со влечки низ двор. Смрдлив створ
Фросина Фро во коментари напишала дека тетин му на Васо бил јавен обвинител, па оттука и благите казни за направените досегашни прекршоци. Ако е ова точно, искрено се помалку имам надеж дека наркомачето ќе си плати за се досега што успеал да одбегне. Ќе се извлече овој, голема позадина има зад себе.
Некоја соба поудобна, поубава од тие таму во затворот.. Има кај Зоран Б. постирано. Не знам дали смеам неговиот скриншот да го прикачам.
Овде ништо не останува скриено. Нека го објават и тетинот со име и презиме, да видиме тој кои случаи ги крие у фиока.
Протестиве утре треба да бидат граѓански, никако да се вмешаат и да ги превземат невладините активисти со нивните егзибиции туркајќи се во прв ред.
Наркоман им бил синот, добил кола. Убиец им е синот, добива посебно сместување во притвор за да му е удобно? Што родители монструми ќе беа ова..
Не знам дали е споделено, се гледаме во што поголем број! Дојдете и од другите градови, МОРА да се сменат законите, МОРА да се поведе ред кој е судија, кој е тужител, кој "проаѓа" низ прстите на системот!!!! Три млади девојки загинаа на Партизанска, но ако мижиме од соседство знаеме што нè чека, да не чекаме да ни се случи Дубона/Мало Орашје и слично!! Излезете, доста е само да бидеме неми посматрачи!
Остај родителите, шо командири ќе беа тие во затворот? За една штека цигари и газот ќе си го дадат под ќирија.
Ни Васил, ни Јордан не се за бранење. Ниту останатите кои усмртиле пешаци. Не велам дека нема и невнимателни пешаци. Има. Ама, возачите се тие кои го имаат средството што одзема животи кога е залетано со голема брзина. Се знае што значат боите на семафорот. Се знае и дека пред пешачки премин се прилагодува брзината. Не се лета со колата како нездрав.