провоцирам зашто сакам и си го добивам без силување. провоцирам оти така ми текнало и со сила да ми го бутне-епа ќе одговара. Имам право да провоцирам. Нема право да ме силува.
Џабе имаме закони џабе се! И да не си виновен ќе го јадеш! Страв ме фаќа да искочам од дома,посебно кога ќе се враќам од работа ,а јас да би го начекала овој како што знам да се исклучам може лошо да помине па ке гнијам во затвор затоа што сум се самоодбранила!
Баш така. Инаку девојката треба сама да му поднесе тужба за на суд за обид за силување. Се додека не се направи штета, полицијата не делува.
Мислам дека нема да го јадеш. Како што знам женско во самоодбрана не го јаде посебно ако имаш некој модрица на тебе..
Во нашево дисфункционално општество и посебно правен систем, очигледно манијаците воопшто не се ни третираат како сериозен проблем. Прашање е дури и за сексуален напад кога ќе дојде до истиот, колку и дали правдата работи за тие жртви И после не ни требале женски кампањи за сексуално вознемирување...
Не е така. Полицијата делува само по направена штета-злодело. Нарушување на јавен ред и мир само спречува таа. Обезбедува јавни објекти.
Искрено ме чудат коментарите на машкиве членови околу манјакот што се појави кај олимписки. Се однесуваат буквално како да немаат ни сестри ни мајки и како да нивни блиски не можат да бидат жртви. Да кажеш дека некоја жена некого испровоцирала за да се обиде да ја злоставува е според мене на исто рамниште како и тој што тоа го прави. Јас знам дека во денешно време лугето не само што немаат емпатија кон другите, туку и се хранат со тугата несреќа, ама па човече стави се малку во нивна кожа или во кожата на нивни блиски па да видиш како е. Не сум на женска страна, јас сум на страна на сите оние кои се злоставувани, секој од нас е потенцијална жртва на насилство па нека е и Тајсон а не просечен човек. Исто така не признавам дека постои такво нешто дека некоја го испровоцирала за да ја силува, па макар таа да шета гола во 14 часот во центар на градот. Траумата од таков напад остава трајни лузни на душата на жртвата.
Откако девојката докаже пред суд дека е вршен обид за силување, полицијата ќе го затвори доколку судијата му изрече затворска казна.
Нема врска со случајов, ама морам да споделам, во однос на незаинтересираноста на полицијата Есента ни влегоја крадци дома, навечер, во полна куќа, кога спиевме Полицијата нас не' обвини бидејќи сме оставиле отклучено, и сме ги оставиле парите таму кај што ги најдоа, не земаа никакви отпечатоци.. На камера се фатени кои се, полицијата од нас бараше да им однесеме снимки Мене уште ме копка што ќе се случеше да ги сетевме, може ќе ме убиеа насред куќа и никому ништо
Се сложувам, но времето на Анте Марковиќ помина. Сега сите се еднакви пред законот, со еднакви шанси пред суд. Инаку како за инфо , ладнокрвно да убиеш некого и да се пријавиш во полиција, ќе добиеш максимум 12 год затвор.
На мајка ти ако и се случи вакво нешто да ја прашаш да не провоцирала случајно и да и кажеш е добро де, требало да те силува па после полиција ќе дојде.
Луѓенца очигледно не знаете какви се лешинари се вработија во полицијата секоја чест на исклучоците. Јас имам видено како две групи се тепаа на автобуска станица, а веднаш до нив имаше полициско возило. Полицијата не се ни обидуваше да ги спречи. На тие што паднаа на земја во текот на тепачката им ставија лисици на раце и ги пикнаа во марица.
Таа девојка имала среќа што му избегала, ама утре друга девојка за жал нема да има толкава среќа. Сега тој манијак слободно си шета и демне жртви, зошто оние во полиција ич не ги боли за безбедноста на луѓето. @Aleksandar1212 aко тебе некој недајбоже да речеме те рани со нож, огнено оружје, ама ти преживееш, нема ли да сакаш виновникот да се казни, иако не успеал во намерата за убиство? Да не испадне споредувам едното со другото, ама само дадов пример зошто велиш дека треба да дејствуваат ако се случи нешто, а не обид за истото. И обид за силување е исто така кривично дело.
https://republika.mk/925408 Во Македонија последниов период да не се субвенционираат потенцијални педофили? Секој ден читам вести за овие перверзњаци.