Аман не мора да се согласуваме за се а на крај времето ќе покаже. Бев вчера и видов, тоа беше мое мислење врз она што го видов и тврдам дека пред Силбо имаше друга динамика и спонтаност а пред суд беа шарени и јас се изненадив искрено. Отековте со таа Србија, таму е друго имаат диктатор повеќе од 12 год.а ова кај нас е обид за нова шарена и одете ако сакате ама не може да ограничите кој што да коментира на форум.
Не се запрашавте и кој го сликал. Ако е друг затвореник, зошто им се даваат мобилни. Ако е полициски службеник, зошто не постапува законски. Изгледа и не му така лошо таму. Татичко наместо да си ја чукне главата зошто на камен не го затрљал, тој се уште посредува на синчето удобно да му биде. Цело семејство шлајм. Ако е вистина дека мајката предава и во Брејнстер, јас и нив би ги бојкотирала сега. Заслужуваат животот да им се зацрни. Тие го создадоа монструмот. Сега граѓаните плаќаат од свој џеб, за да се храни волот во затвор. Ти се плукнам во човекови права. Влезеш во затвор, за тебе веќе не треба ништо да важи. Ти си отпадок на општеството.
Па, ако знаеш кои се, јавно кажи ги и барај да не ги примаат. Не треба да се дозволува политичко обојување.
А нели и кај нас беше диктатор 12 год што го сруши нажалост шарената револуција?! Јас незнам до кога ќе бидат само тие две партии и ќе играат пинг понг,нели ги знаеме веќе и едните и другите кои се и што се.Ништо убаво не видовме ни од тие ни од тие
Они бар знаат кој еден ги ј*бе, нас кој ке стаса. Ние сами мешаме политика кај шо ме треба да има. Протестот не треба да е само за Фросина, туку за сите што загинаа како неа. И против татини синови/керки кои не знаат дека не се центар на светот. А не шарени и црвени..
Мене ми смета оној министер на Мвр што е. Денес едно утре друго, од прв момент има ставови кои ги менува, како на пример за ЛК, еден ден не важат а друг ден важат. 6 месеци читам различни изговори за Сејф сити и уште нема абер да го пушти. Последно беше 15 јануари ќе има измени на закон и тоа не е сработено. Да работи сејф сити сите мангупи ќе беа фатени ама очигледно се одложува со "причина". Ете јас проблемот го гледам и во неспособноста Мвр да го воведе системот, на страна е корумпираноста на судовите, тоа е посложен процес, заштитени се како мечки.
Да, мајка му мислам има деактивирано профил на фб, ама затоа може да и ебеме матер на Линкедин каде изиграва госпоѓа, и на страната на Браинстер. Шлајм од луѓе сите троица.
Ама кај нас не е проблем да се фатат. Еве ги фатија сите. Кај нас или ги пуштаат или ги осудуваат смешно. Сејфсити нема со чекан по глава да ги мава. Пак тие снимки одат кај истите што ги пуштаат. Ете и мбр се оградија. Ние го апсиме, пак го бркаме по некое време, за друга работа. И така во круг.
Има на уредот опција за да не ги блокира сигналите од службените телефони, се може, ИТ луѓето кое би ги поставувале мн лесно може да го сетира тоа, како може во Јапонија и Јужна Кореја, може и овде..
Дали ќе се свртиш лево или десно, пак е со политика вмешано. Политичарите и институциите се директни виновници заради ваквите случувања. Да имавме построги закони и да се каснуваа како што треба овие што убиваат луѓе на ваков начин, немаше да дојде до ова сега. Така да, и јас сум на истото мислење како членките погоре дека и политичарите се криви. Моментално тие што се на власт, кај нив се бара кривицата. А тие пак си ја префрлаат топката од човек на човек, од институција до институција и тн.
Борба за што? Знаат тие воопшто за што протестираат? „Диктатор„ што им гради автопатишта и брзи железници... Каква врска има што е 12 години (поточно 15) ако својата држава ја гради и одржува? Знаете каква беше Србија 30 години? Константно стагнираше, инфраструктурата пропаѓаше (многу повеќе во однос на Македонија)
Сношти на МТВ имаше директно вклучување во вестите на директорот на управата за санкции. Ќе се потрудел да дојде до името и презимето на тој што му го дал телефонот. Исто, дека имало премногу корумпирани службеници. Него да се вратам, толку ли тешко се дознава кој го снабдил? Или знаат, ама сега ќе бараат жртвено јагне? Исто од МВР имаше коментар дека граѓаните имале непознавање на работите. Не било надлежно МВР, туку министерството за правда. Наводно, за статусот со телефонот. Сè се прашувам дали ако не беше Фросина, туку некоја ќерка и дете на лице од висока функција ќе ја истераа правдата за 24 часа?
Јасно дека не возел, ама има други околности кои го прават случајот различен. Не го ни правдам, седнуваш ли зад волан, имаш одговорност. Телефон во затвор не е новост. Овој и ќе дила внатре. Уште се чудите за многу работи. Може па и татко му дила, од кај знаеме. Фамилијарен бизнис може имаат.
Можеби се различни околностите, ама исходот е ист и одговорноста е иста. Тоа ми е муабетот. Не може оправдување за неодговорност, бахатост, куроболие!!!! Со случајов излезе на виделина дека всушност сите најголеми партии во државава се изврзани како црева, си прават услуги меѓу себе, бизниси итн.... Страдаат ситни играчи, а глупавиов народ се кара меѓу себе за да они можат да се богатат!!! Алал!!! Само... гледам дека на партискиве потрчковци (и од ШДШ и МВРО) не им доаѓа памет. Пуштени се на најако и почнуваат веќе да спинуваат по социјални мрежи. Глупаци и простаци!!! Утре нивното дете може да биде!!! едит Моментов со татко му дека може дила, никој не го разглабал до сега, ама може и да е вистина. Читав некаде дека биле екстремно богати. Со потполковничка плата?! Нели баба му била таа другата обвинета за дрогата? Се шират муабети дека презела вина место него?