а оти ние како граѓани се прајме како да немаме појма дека лесно се купува телефон во затвор? Горан ќосето, ако некој ги гледал подкасти каде е гостин додека е излезен од затвор ке слушни од него дека лесно се доаѓа до телефон во затвор. Јутуберот Ритко, излезе од затвор, истото го кажа. Не ме изненадува воопшто.
Абе не сум бил ни јас во затвор, и не дај бог некогаш да бидам, али отвори стефан лазаров гостин Горан ќосето, и ке слушниш све што ти треба и колку кошта.
Опаковка колачи? Тоа затвор е или детска градинка? Мојата проста логика вика- ништо нема шанса да помине, без замижување од службите. Од се направија бомбона бизнис. Сите поединечни ,,пропусти,, не се дупка во системот, нема систем, системот е дупка.
Имаат телефони во затвор. Па нели гледате дека осудени за 27 април цело време си пишуваа по Фб од затвор? Инаку, сега видов една пријателка на ФБ го објави таткото на детето со слика.
Затвореник од Шутка му го обезбедил телефонот на Јованов за 250 евра, полицаец несвесно помогнал во процесот – истрагата во тек Ќе наебе полицаецот заради тато и мама..
Абе важи дека несвесно помогнал. За парички да видиш како внесуваат се. Знам човек што беше во притвор, се си имаше. Дома кај полицаецот носат што треба, после он разнесува низ зарворениците.
Затворениците за 27 април деманти пишуваат по ФБ од затвор во врска со амнестија. Затвореници земаа кредит од затвор, така што по ФБ лажеа луѓе и им бараа податоци. Имаат телефони. И самите затвори се криминални дувла како и целата држава.
Tatkovo na zaginatata mu se zablagodaruva na Pandov, go reshil slucajot so mobilniot. Izjavil deka pocnala da funkcionira nasata drzava
Да бе. Да се заблагодаруваш оти некој почнал да си ја врши работата/кажал оти ќе си ја врши работата. Лижење политички газови, како и сите останати во скапанава држава.
Незнам све ова е чудно пречудно, фамилијава му се заблагодарува на пандов, сдс бара одговорност од пандов, за да не наеби некој џандар у затвор местат затвореник како кобајаги тој му го дал телефонот. Сценарио за филм снимање. А претпоставувам дека таткото на кретенот ноќе не спие и по 200 телефони ургенции бара насекаде. Само штетата во се ова е девојката, другото е све лудо.
На пратеникот од СДС од Гостивар почина син му во несреќата кај Ласкарци. Не е ова држава што се грижи за мекого, не се ова партии што се грижат ниту за своите, ниту за народот...
Истото си го помислив. Таткото сам политизира. Не знам во што состојба се луѓето, не сакам ни да знам, ама овој пост му е во најмала рака невкусен и чуден.
Се согласувам. Во никој случај не се оспорува нивната трагедија и болка. Господ да им даде сила да издржат. Ама ако ситуацијата не треба(апсолутно не треба) да земе политички замав, нека не зема од никаде.
Во онаа состојба во која се сега и некој од ДУИ да направи нешто и нему ќе му се заблагодарат. Родителиве не бираат партии, очајно бараат помош. Изгубиле дете на најлош можен начин. Позади убиецот стоеле буквално сите партии а гледаме и дека и понатаму има огромна поддршка. Ако детево сега има 20 години и добие казна 10 години, само за убиство пошто не верувам дека ќе одговара за другите досегашни дела, тоа значи дека во годините кога ќе излезе од затвор никој нема да сме безбедни. И јас може да сум следна.. Она детено од Лазо Ангеловски кој знае што ќе прави во иднина, ако сега не можат да му фатат крај... Ние не сме распаднат систем ние немаме систем, ова го темелам на фактот дека убиецот само што влезе во притвор се однесува исто како дома, на детено од Лазо никој не му може ништо.
Имаш право донекаде, се согласувам. Ама едно е да се заблагодариш дека брзо се реагирало, друго е да пишеш дека државата веќе функционирала. Функционирала државата која пред 3 ти го уби детето. Не знам, мене не ми е во ред. Може грешам.