Јас воопшто не читам за семејството на Фросина тие се во болка, мене ме интересира за семејството на Васо што упорно го кријат. Ниту еден новинар не се обиде да ги исконтактира, па ако треба да појде до кај нив, тие се рамно убијци како синот. Тие му бришеле досие, го ваделе од затвор, плаќале адвокати, судии, обвинители, полицајци, свесно го рушеле системот. Мора да се изврши притисок кон нив како највиновни за ова. Јас не прифаќам дека тој е полнолетен и само тој треба да одговара. Овој уште има поддршка од дома. Родителите се борат да го оправдаат Васо. Не ги читам ниту партиските соопштенија за случајов зашто сите го поддржувале сега сите бегаат за да се спасат.
Де, бе и да се заблагодариш не чини.Одма се смета за политички потег. Човекот изгуби дете! Во таква ситуација и мал потег значи многу. Приберете се!
Па не мора да те има по социјални мрежи ден откако си го закопал чедото. Нели во жалост се? И како за еден ден виде татково дека државата почнала да функционира, замисли после 33год, баш сега, ден-два по смртта на неговото дете. Нелогично.
Во право си, со помош на врските досието му е избришано од Мвр за сообраќајката која ја направил на 16 год.кога исто удрил пешак. Во кривичен немале увид дека повторува прекршување на закон и немал досие во тој момент, и сметале дека случајот од лани му е прв па затоа и во поблага форма го "казниле". Ова треба подлабоко да се прочепка. И уште колку вакви заштитени Васовци постојат на улица не знаеме.
Полека малку. Не знам како функционира државата, дека на затвореник му го зеле телефонот. Чудно. Штом изгубил дете ќе жали, ќе нема ни сила да зборува, а не да ја фали оваа скапана држава. Ништо не функционира тука.
Ако не па да умре таткото пошто малку му беше ова што му се случи. Фамилијата на Фросина најдовте да ја коментирате што прави периодов? Најсериозни сте со ваквите муабети? Детето му го уби пијан и дрогиран невоспитан богаташ, родителите на Васо треба вака да ги коментирате. Ви текнува мајка му на Пино како се бореше до крај? Вие малку сте отидени со паметот!
Оставете ја фамилијата на Фросина, насочете се на фамилијата на Васо. Таму треба да се чудите зошто се случуваат некои работи. Жртвата не смее да стане осомничена зошто поминувала пешачки во тоа време и на тоа место, жртвата треба да остане жртва. Васил уби девојка на пешачки, од тука натаму целиот муабет трреба да е кон Васил и фамилијата.
Притвореник со шверцан телефон слика друг притвореник за да покаже дека му шверцале телефон, а на овој новајлијава му шверцале телефон откако останатите притвореници не му дале да ѕвони по дома од нивните шверцани телефони. Директорот у шок, а и јавноста од сознанието дека у притвор/затвор се шверцаат телефони. Таткото се заблагодарува и верува дека државата е на добар пат откако директорот најавува дека во иднина нема повеќе да се шверцаат телефони.
На Вања мајка и, тивка ни беше, сеа на Фросина, што бараат да коментираат. Ни на тие ни на тие да не сме им во кожа, никој да не е, ама секој жали на свој начин. Да може се "лиже", со надеж дека ќе му помогнат да добие правда за детето. Нема никаква теорија на заговор.
Треба да се отворат сите фиоки на обвинителите и судиите и да се видат сите пресуди до сега и да се видат случаите кои спијат во фиоки на сигурно. Па да се види и во МВР по станиците кој и како казнувал... Ова е многу тежок процес, утре додека одам на работа и јас можам да завршам како Фросина, ем почината ем виновна што сум поминувала на обележан пешачки премин. Ние немаме систем, жртвата не смее да доведе до ситуација на осомничено и обвинето лице.
Државава ни е непресушен извор на далавери и мајмунлаци. Да даваа олимпсики медали за овие дисциплини, ќе бевме нешто како САД или Кина шо се сега.
Ова е изјава на сестрата на Фросина бара одговорност и за таткото на Васил. https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=590320337156108
А мислите дека таткото на Васо во моментов си е кул, седи одмара? Гарантирам дека ноќе не спие и на 200 телефони звони и бара ургенции, решењее итн….
Ич не ми е гајле дали спие и како спие, зошто нема покренато истрага и против таткото и мајката на Васо е веќе тема за разговор. Кој ги штити Зоран и Ана Јованови?