Па ваљда оти дечково е 20 години па го рачунаат за полнолетен, а нели србија кога беше случајот со кецмановиќ, таткото беше уапсен одма. Али и во овај случај има причина за апсење на таткото. Клучеви од кола? Зошто му ја оставил да вози? Дали му ја оставил совесно? Ако да, доволна причина за затвор на таткото. Каде бил таткото во моментот на несреќата? Дали пред само 10тина минути да се деси несреќата, таткото му го дал клучевите у фазон изволте синко, лудувај по скопје….има тука еден куп работи за прочешлување….
овие само се битни дека на Партизанска се деси другите не? Верица ја заборавија изгледа , тој па ич не ни одговараше за неа негде прочитав дека на година го осудиле дали и толку се се заташка, девојчето и други животи спаси со органите, да не зборам за уште куп други и постари лица што загинаа, и во ова селективност ли има.
Споредувате Србија каде што еден Београд е колку цела Македонија, со едвај ние 1 м. народ што останавме....
Тоа што напишав немаше никаква врска споредби величини на земји и слично. Само реков дека постои причина за апсење на таткото.
Ваква објава воопшто не е во ред ма колку и да го оправдува некој (а ликов цело време пишува статуси, наводно и мајката го правела истото) и само ќе придонесе за партизирање на протестите.
Ете, толку малку требаше, за да им се даде политичка конотација на протестите. Сѐ додека партиските интереси им се пред државните, ова вака ќе биди, за било која ситуација.
Не мораш наводно, отвори и види. Јавен и е профилот. И на сестра и. Фала и на ѓаволот би му рекла, ако бар малку видам надеж, дека ја поместил ситуацијата од мртва точка. На што личи она на твитер бе.. Гнасен народ сме, џабе ни е се...
Не ми се верува дека го обвинувате таткото за политизирање, кои сте вие да им судите, бог знае на што седативи се, дај имајте осет и оставете ги на мира. Кој ја политизира смртта на Фросина? Ете Амелија и Борјан се 30 годишни не се студенти, тие се организатори и може да ги видите на слики со Филипче а тие што шараа пред суд се на слики со Апасиев и не кријат дека се Левица.
Таткото вчера им рече на демонстрантите да тераат, ама да не мешаат политика, а сега неговиот аплауз за Пандов не е во ред. Не функционира државата, никако, инаку Васил не би дошол до телефон. Еден од осудените за 27 април, гледам се врти и нов профил од него, не сум го додала, а на стариот го имам. Значи во затвор е, ама и нов профил си направил. И нели одамна ветија ќе има блокатори кај затворите? Значи празни муабети. Пандов да си поднесе оставка, немам ништо против, ама да имал авторитет и да вовел ред, ова не би се случило. Постапката како на тие во Србија, деца им загинаа, тие се фалат, Вучиќ им изразил сочувство. Сестрата на Фросина кажа дека судијката и таткото на Васил не изразиле сочувство, да одговараат. Абе не ти треба сочувство, ти треба жив, здрав, прав човек, и нормална држава.
Јас исто најмалку сакам да ја политизирам целава ситуација ама во државава во која му се лижевме на министер што "тресел", додека дивјаците си се тркаа уште по Партизанска не знам како да гледам поинаку. Не ми е гајле бил Панче или некој друг, ама све дур нивни должности на работа ги гледаме како херојства и уште по социјални мрежи ги воспеваме, нема да мрдне системов за ниеден проблем. Камо радари, камери, полиција во цивилки, лежечки ама лежечки како оние во Швајцарија со сензори кај што има стубови кои се спуштаат само ако успориш под не знам 20 км/час. И цело МВР е за тепање, не само судството.
Студентите се оградија од политика, меѓу правилата за попладнево е и дека се забранети било какви партиски обележја и провокации. Се гледаме за час и половина.
Каква оставка да си даде , коа он веќе почна како херој да се претставува. Одземал телефон , па дури и на уште 5 затвореници им нашол. Ударна вест стана дека Пандов ќе се обидел да стави ред. А што се чекаше до сега кој ќе да ти каже.
Студентите арно, ние како едвај да чекавме изјава од родители на клада да ги ставиме. Убиството на Фросина отвори фиоки, што може никогаш немаше да бидат отворени. Политика секако е замешана. Системот е никаков, и ние со него. Сите ние. Оставете го семејството нека пребродува како знае и може.
https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/samo-da-ne-se-pravime-iznenadeni-ako-mozhe Еве колку ќе добие отприлика ескобарчето мињон, мада колегата му по убиство не бил пијан ваљда, ама нели бил болен па затоа бил на преглед пуштен од затвор. И зависи веројатно и од тоа колку заслужен вмровец ( или есде-есовец, исто гомно) е таткото на убиецот версус таткото на убиената. Кога бев повеќе наивна од сега, си мислев дека правдина и право се синоним. Е ама не биле. Џабе се плука судијка ако законот и ја дава таа можност да казнува благо. Покренал некој некогаш некаде иницијатива за промена на закони во смисол на зголемување на казни или секогаш е во обратен правец? Гадни се земјите во кои руљата го пали на пример силувачот со тракторска гума на рамена, и не би сакала да живеам таму, ама и тоа е повеќе правдина од условна казна за усмртување човек при возење пијан/ дрогиран.
Не, никако не очекувам, ама ако сакаме нешто да се смени, ако ветија промена, а еве нема, нека си поднесе оставка. И така на сите позиции. Нели воведеш ред за 1-3 месеци, оди си, не си за директор. Немам ништо лично против него, ама промени мора да има.
Да не се правиме луди и мене ми е чудно да дремат на фб а вчера детето им загина ама океј кои сме ние да судиме. Веројатно се под силни седативи и незнаат кај тераат моментално.
Во меѓувреме имало уште една сообраќајка на пешачки. НЕ САМО ШТО ИЗБЕГАЛ ВОЗАЧОТ, ТУКУ ИЗБЕГАЛ И ПОВРЕДЕНИОТ ПЕШАК ОД БОЛНИЦА: Случајот уште се истражува Не паничам ама стварно не знам од утре како ќе одам на работа.. За мајка ѝ на Вања зошто ќутеше, за родителиве на Фросина зошто биле на Фб... Моето име е Вера, од утре ако ме удри кола на пешачки не сакам ниту збор да кажете за мене, ниту збор да напишете, ниту протести, ниту лажна емпатија - НИШТО. Да си продолжите со срањата како и до сега. Според некои жртвата и семејството се виновни, жртвата што погинала, семејството што уште не знае каде е од загубата. Живејте си во вашиот убав свет со деца како Васо. Родителите на Васо и она детето од Лазо се совршените родители. Оние првооделенците што силуваа девојче исто се супер воспитани деца, родителите им се толку прекрасни луѓе, системот ви е одличен, се супер си функционира. Мене пошто ме удрила кола на пешачки ич да не се прашувате што мајка сум барала таму, очигледно моја грешка што сум решила баш таму во тоа време да поминувам пешачки и некому да му го расипам убавиот ден и идиличниот живот. Јас скроз се повлекувам од темава. Сочувство до фамилијата на Фросина и Господ да не чува сите од ваква болка.
Мислам дека моментално најважно е да се изборат да добијат правда за нивното дете. Фросина ќе ја оплакуваат цел живот, ја оплакуваат и сега само мора да бидат силни и да излезат затоа што сега е моментот за тоа. И не е сеедно дали убиецот на твоето дете ќе лежи в затвор или ќе продолжи да живее како ништо да не било, затоа пишуваат и излегуваат луѓето, мислам дека е лудо е и да се коментира ова..