Он секако ке одговара и ке лежи во затвор. Она што е проблем и прашање - е колку ке лежи ?! И тоа треба да биде главната цел. Да се смени законот .
А бе сигурно..после се што се дозна вие верувате дека ќе лежи? И џабе се протести, џабе е се. Тоа да знаете. Епилогот веќе го знаат.. пролази циркуз само ќе биде.
Ако родителите се повлечат и ги нема во јавноста толку и ќе има правда за Фросина. Несомнено е дека им е тешко, луѓето едвај стојат на нозе но мора да се борат, да излегуваат јавно, па и по социјални мрежи да се активни. Ако ги немаше ќе беше дека на родителите не им е гајле дали ќе има правда за нивното дете.
За да правиш вакви гадотии уште од дете и секој да ти ги покрива гадотиите треба да имаш силни политички врски. Кај нас нас ништо не се прави без политички врски, апсолутно ништо. Моментот е како родител можи да падни до толку ниско ниво и се да дозволи? За жал познавам и друго такви родители. Се продолжува и покрај кренат глас од народот и пак телефон во затвор, која е јавна тајна. Никој не можи да ја замисли болката и не дај Боже, низ се што поминува семејството... Ама онаа објава како му се заблагодарува и демек нешто функционирало. На шо заблагодарување, затоа шо некој видел под притисок на јавност дека треба да си ја врши работата? Не требаше ни воопшто да се дозволи телефон. "Државата" упорно тоне, за дечките од Битола кои загинаа и за нив колку беше пресуда, ништо минимално. Се надевам нема да биди и ова три дена. Тие со врски, со паритии и понатаму ќе си продолжат со истото, не сакам да верувам, ама не верувам дека нешто би се сменило, се дури политиката ја има во сите сфери во Мк. И упорно народот ги гласа двете најголеми уништувачи на се, па и на држава која била некогаш. Се надевам ќе има правда за таа прекрасна девојка... .
Срцето ми се кршеше кога ја слушав Росица. Ни ги знам ни ги познавам. Помножи ја болката со милион, билион. Мајката, преубава жена ,10 години остарена изгледа. Помножи ја болката со многу билиони. Ама за правда да има, мора да се гласни. Мора да се секаде.
Мислите дека на нив му е дојдено да “дремат” на фб, да “шетаат” по протести, наместо да си седат дома во овие тешки моменти? Пресинг на властите може да се изврши сега, кога не е стивнат случајот. Срамота какви коментари изначитав. Дете им почина, нормално дека ќе направат се што е во нивна сила за да дојдат до правдата, па макар биле статуси и јавни говори. Слушнете ја сестра и како збори, реченица не може да сврзи, ама јуначки и со солзи, достоинствено ќе плесне се на оваа мочана власт. Да ви се мочам во мозоците што ви размислуваат вака. Да ви исчезне дете прво објавувате слики на фб, зашто мочаниот закон кај нас не дозволува пред 48 часа да се направи истрага. А зашто на социјални мрежи? Затоа што е најголемата платформа за ширње информации. Исто и ова.
Сериозно? Татко му го подржува Брат му носи телефон во затвор Мајка му не знам, чекаме да се појави, да направам јас нешто вакво, дома би ме отпишале а не да ме бранат уште помалце да ми шверцуваат работи во затвор, уште прашуваш зашто...
Им нашол он. Важи. Секој ден котрола за телефони, им прават истите што им ги продаваат. Ај нека не продава бубрези. Па знаеме луѓе што биле во притвор, знаеме како функионираат затворите кај нас.
Епа ај дома да седиме ако не бе Нена? Тргам натаму, колку сака нека е џабе, јас не можам да не отидам.
Е, па не знам што сум слушнала тогаш, како и да е, не е нормално родители да те подржуваат за вакво нешто па и за дрогата
Криви се родителите, ова е крв пролеана од нивното невоспитување, од немарност како родители, а синот е само машата со која убиваат. Се ќе се решело ако таткото се јавел у полиција и пријавел дека му е украдена колата. Ама не, он му ја дал, свесен дека син му е наркоман, пијаница, кој има минато во сообраќајки и притвор. Како да оставиш репетиран пиштол е. А мајката уште повеќе е крива. Има психијатар психолог има секакви начини да се помогне, ама полесно е серии да с е гледаат.
Да, сите го знаеме ова. Протестите сега се за да добие поголема казна, покрај него да се осудат и сите други што оставиле да дојде до ова.
И тоа како што најдов инфо, претходната сообраќајка кај што за среќа преживеала жената што ја удрил, ја направил на 16 години. Па после ова не знам кој нормален родител ќе му даде пак кола. Требало и они да лежат тогаш, не гомната да му ги перат.
Мајката тешко дека гледала серии, жена со успешна кариера е. Беше прекрасна личност како девојче, препаметно дете. Можеби, била безгласна буква во фамилијата.
Или посветила повеќе време, да биде успешна во кариерата, заборавила дека е и мајка. Без навреда на милион мајки, кои се прекрасни и во тоа и во тоа.