Ги видов сликите,која болка луѓе.Никогаш нити една мајка да не ја почувствува таа болка што во моментов ја чувствува мајката на Фросина.Неможам солзиве да ги сопрам,ме боли секоја слика што ја видов од Фросина,од семејството,од момчето нејзино.. Боже дај им сила да издржат. Срце да ти пукне од мака.. За Васе и неговите неможам ни да коментирам,премногу гнев имам во душава за нив
На патеката во Ѓорче на кејот е постојано вака. Еден мочко дури ме чекаше со татко му подоле, да се тепа човекот. Јас да се тргнам , бидејќи бев со мало дете, паднав во плехови. Деца со точаци, родители со колички полно е. А нема ни кај да се тргнеш.
И јас мислам дека треба да погледнеш лево-десно, ама ако некој вози над 130 нема шанси да го видиш… Претажно беше на протестот.
Ме потсети сега На тротоар, пред градинка, на тротоар!!! Од десно му е улицата, на која има уредно паркирани коли на обележано место и плус лента за возење(еднонасочна улица), батето од споредно уличе(сервисно) излага и врти лево на тротоар точно пред капијата од градинката. Ние му лупаме по кола дете едно ќе изгазеше не знам кој го повлече детено... Мислам дека цела градинка излезе, не бе, си продужи. И пак ќе кажам, пешак на пешачки не може да те изненади макар и му било црвено. Затоа е ограничување 50 за да имаш време да реагираш.
Повеќе од очигледно е дека во отсуство на јавна реакција, се' се заташкува! Многу се осеќа отпорот на Јованови, јасни се нивните намери и допрва ќе бидиме сведоци на уште многу "држ-недај" моменти со случајов. Затоа, надевам дека јавноста ќе остане уште долго сплотена и нема да подлегне на притисоци и лажни ветувања.
Само крвна одмазда, никакво судење, никакви адвокати. Ако не земе некој од фамилијата на убиената да им пресуди, ова ќе се заташка. Ќе го славам денот како втор роденден, денот кога ќе се иселам од ова парче вукојебина.
Во таков момент и со таа брзина милисекунда е во прашање, и да го видела може ќе се здрвела во место од шок. Праксата си го прави своето...
Да ургира очигледно. Пробал да ги потегне врските па затоа 3 саати чекале дежурен обвинител. Ете кој го створил монструмот.
Со дечкото на Фросина заедно учевме. Ме скрши секоја негова слика. Кога и да ги видев низ чаршија толку беа среќни, весели, неразделни. Господ да им дади сила.
На сликите се гледа болката на најблиските премногу ми е жал.. Мене ме нервира и тоа што и максимум казна да добие, ко ќе излезе ќе е релативно млад и ќе живее, а девојчето не се враќа, најблиските никогаш нема да престанат да жалат, едноставно нема нормален живот после ова. Треба да има казни со доживотен затвор за вакви убиства, зошто како за сообраќајна несреќа не смее да се суди.
Мене ми се дегутантни ослободителните пресуди на основа млад си, треба да се жениш, деца да имаш. Такви испрдоци, не фала, не треба да се размножуваат. Што ќе го учи детето, пиј сине, не полагај за кола и гази на гас на најјако. А и секогаш сум се прашувала. Освен ако не знае, која е таа жена што би влегла во брак со него. Без образ, безгласна буква. Некои работи што ќе си ги посееш, не заслужуваат втора шанса. Уште помалку да имаш нормален живот. А Васо со фризот глуп како гнездо за штркови, се гледа дека не се кае. Прв ден во затвор одма други криминалности прави. Дечкото е забеган. Е за во установа доживотно. Само не знам дали казнено-поправна или психијатриска. Него на девојката што била со него што и се вртело во паметот. Знаела дека е пијан и се качила со него во кола. Па уште се дере смири се. Како мори смири се. Алооооо, утепавте млада девојка.
Кај се дере? Боже и од такви ствари има видео?? Иначе детево е од Влае. Затоа мајкава ми беше премногу позната. Прееска баш и ја покажав на мајка ми и ја познава и лично. Вика дека било премногу разгалено и на тацна се му било сервирано од секогаш. И еве го резултатот на тоа. Прежално за девојчево… не можам да се помирам некако. Имав се живо избришано и блокирано на фб со вакви вести, зашто премногу се потресувам и случајно маж ми ми спомна… и од тогаш… од памет ја немам извадено.. прежално.
На тоа видеото што кружеше ,каде што Васо се дере - што направив беее- мене појезива ми беше таа женската што се дереше : алоо смири се бе ,шо ти е! У стилот , смири се не викај ,сега ќе дојдат нашите ,ќе средат . Мене баш така ми звучеше . И таа , девојка му , исто била од некое "познато" семејство , и она дилала , дали со сестра и ,дали сама , немаше убаво објаснето . Ама фацата и е како на старлета,напуфана и со наполнети усни ,иста ко Васо. Ништо против хијалурон или ботокс. Ама Васо не можам да го гледам со таа устата копиљска
Има и други размазени деца. Проблемот е овој што го лишиле од одговорност. Знаеле со што си имаат работа и поткупувале судии. Тие го создале, нека си ги сркаат трошките од бедотијата од дете. Дете е, ќе го сакаш цел живот, но родител си и одговорен си и према општеството. Ако не ти се свиѓа, бујрум у планина. Нека чука ореви и костени со чекан.
Kazhete ja so ime i prezime, sofija cerepnalkoska, pa posle ushte i se javuval od zatvor. Po mene, da vikash smiri se vo takva situacija e ednakov psihopatizam
Најверојатно за да не се заташка. Како што до ден денес нема никаква снимка за Фросина која пред неколку години загина токму таму. Викаат дека друг бил зад воланот. Според мене и подобро да има снимки. Бидејќи видовме од судството колку ажурно и правилно си ја вршат работата. Иако снимката можела само да се достави во полициска станица. Не е во ред да постои од почит према семејството.