Ужас, го преквалификувале делото само под притисок на јавноста, и голема казна ќе му дадат и тоа е тоа.. Утре пак ќе имаме друга прегазена Фросина, и пак исто, пак протест, пак само ако се буниме ќе добие голема казна.. Сакам да кажам, во оваа држава само под притисок се работи како треба, малку да не им вршиме притисок, пак ќе даваат година ипол казни за вакви убиства.
Сеедно и 20 да му пресудат кога нема да е неотповиклива пресуда. За 2-3 год ќе му ја намалат и чао журим немачку. Почивај во мир девојче. Тешко нашите деца.
Со првичното вештачење од двете страни беше утврдено тоа, но подоцна од ЈО направија уште едно вештачење шо докажа дека сепак било на пешачки премин и тука случајот е заглавен веќе 3 години! Плус Гордана не смеела ни да вози, одземена и била и возачката довзола.
Како на тој од Велес што му пресудија 18 години, па апелација му ја намали на 8, бил млад и неженет, а прегази дете, ќерка единица на постари родители, пијан.
https://www.facebook.com/share/r/15dmnVh7qg/ Еве иста будала и во Босна,го осудиле на 20 години. Балканов е рај за расад на проклетие,место на безмозочни амеби,кримоси,гнило општество кое не може да понуди никаков убав пример,модел на млад човек. Џабе ги воспитуваш децата кога ваквите бахати ,распредени дечишта нема кој да ги заузда. Имав прилика пред месец дена да престојувам во една западна држава и доживеав културолошки шок.Каква култура на возење,трпение од сите учесници во сообраќајот,никој никаде не се брза,си почитува правила ,ако пишува 50 вози 50 и ништо повеќе,нема влегување во лента на секое и да не набројувам... Ние бре тука сме едни егоистични створења што мислиме дека сме богови над туѓите животи,некултурни неандреталци,нека не вратат назад во пештери во првобитно општество оти само и за таму сме. Ми се вриште каде ги растам децава
А не знам што ја напаѓате мајката, она само го правела најдоброто за нејзиното дете, како и сите вас што сте родители Да, за ова зборам кога викам дека сечива работа е како си го воспитуваш детето. Треба и неговите да одговараат, во најмала рака оти му ги переле лајната до денес
??????!!??! Го правиш најдоброто за своето дете тогаш кога го воспитуваш детето на таков начин што ќе знае дека за секоја негова постапка и дело следи соодветна санкција/казна и го учиш да се сносува со последиците, а не кога го вадиш од гомна и молчиш на сите негови понатамошни грешки и ургираш за да помине со никаква казна, тогаш го учиш дека за секое негово дело нема последици.
Тачно. Затоа треба повеќе да критикуваме лошо, да не речам одвратно воспитување на деца наместо да седиме настрана оти не е наше детето. Ако проблемот е системот, еве да почнеме од тие секојдневните ситници околу нас.
Многу родители го прават тоа. Затоа ја напаѓаме мајката. Мајката и таткото се за во затвор исто така.
Ќе добие колку да се замачка пред народ ситуавијава, ќе го извадат мама и тато преку граница. Затоа викам, ЏАБЕ е се кога сите се како црева изврзани. Еве и за првата сообраќајка било легално што на 16 години повредил некој и платил казна. Е толку имате да знаете. И 20 години да е во затвор, он е ЖИВ!!! Девојката е 2 метра под земја.
Сигурно помилуван или добил намалување, како и се секоја втора затворска казна кај нас. Лежат пола и потоа поднесуваат за условно надвор ради болест, раѓање на дете и др глупости, за жал.
Ако добие некоја минимална овој државава треба уредно да си ја запалиме самите и тоа е тоа. И за него и са сите претходни што не платиле како што требало.
Оваа на сител што ја испофали судијката, голем професионалец била. Многу ме интересира дали истово ќе го збореше нејзино дете да беше под земја сега. Морони.
Кој добар и совесен родител дозволува детето да му вози кола БЕЗ возачка дозвола? Еве како мајка ми НЕ ми купи кола а возам? Во процес на полагање сум, баш ќе ми се најдеше да си повозам низ град. Се прашувам. Абе се слушате шо зборате??!!
Не ме прашувај мене. Прашај ги сите овие што не смееш да им зуцнеш кога прават деликвенти од децата ама они им се родители и знаат најдобро