Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.322
    Пол:
    Женски
    Како да не те прашам тебе, ти викаш да не ја судиме оти го правела најдоброто за нејзиното дете
     
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.897
    Допаѓања:
    23.647
    Кажи ми дека не сфаќаш сарказам без да ми кажеш
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Ќе го судат како кривично дело со умисла. Се вртат муабети дека ОЈО не може да докаже умисла и може да биде ослободен.
    Ај, некој правник нека каже поубаво?
    @JuLleE ?
     
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    22.058
    Пол:
    Машки
    Она детиштено е само рефлексија на тоа какви всушност му се родителите, тоа е само производ од нивната (не)грижа. :)
     
    На awkey, Anyshka, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.251
    Допаѓања:
    124.620
    Пол:
    Женски
    Сериозно??
     
  6. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.322
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам, пошо не глеам потреба за такво нешто за ваква тема.
    Поздрав.
     
    На Amellie13, franca, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Женски
    Јас можам да разберам дека во сообраќај може да ни се случи грешка или несреќа но ако возиме по правило до 50км/час може да се реагира и закочи. Муабетов ми е дека казниве за ваквите дала се преблаги. И на Викторија, Фросина и Јелена убијците добија по 3 год, и веќе се излезени и си продолжуваат со животот. На Јелена доби 7 но еве 4 год.се поминати а веќе е слободен. Што е наравоучение, за таквите бараби 3 год.се ништо, пола казна ќе ја поминат во затвор и после за добро поведение ќе ги пуштат. Во сите 3 случаи возачите свесно и со умисла ги убија девојчињата, возеа пијани или дрогирани, возеа пребрзо, гледаа во телефон и претекнуваа на кривина на семафор. И ако не можеме нив да ги вратиме виновниците мора да беа осудени на поголеми казни, како убијците на Тот. Тоа е како порака и до идните мангупи зад воланот дека ќе скапат во затвор ако не се држат до правилата. Не знам какви се тие измени на закон што се спомнуваат денес но како народ мора да се заземеме овие смешни казни да не се повторат. Не може за убиство да се добива 3 год.законски мора да е границата поголема.
    Во шок сум дека и апелација ја намалила казната на велешанецон на 8год. Тој си доби ко што треба, па му ја намалиле, млад бил. А возеше 150км издрогиран и побегна од местото и 4 дена го бараа, детенцето го уби на пешачки. Тоа не е правда. Законот мора да биде сменет, едно е несреќа а друго е убиство.
     
    На Anyshka, azelea, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    22.058
    Пол:
    Машки

    Крајно депримирачки е и тажно сето ова што се случува, да не дај госпо да почнат да преземаат во свои раце од очај, тага вака некои родители и на што ќе личи оваа држава... :(
     
    На Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    9.179
    Пол:
    Женски
    Не може да биде ослободен. И да не е со умисла , е од небрежност. Сепак е смрт. Убиство.
    Секако ке добие. Прашањето.е колку.
     
    На Angie1432 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Изјава на обвинителот од денеска:

    Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла, рече Коцевски.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. en_na

    en_na Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    82
    На вести го кажаа само првиот дел. А второво мора да се само муабети, а иначе како би се докажала умисла во случајов? Како би изгледал доказ за умисла? Не знам еве, мене логично ми е дека секој што лета по булевар е со умисла да убие човек, знаеш дека е прометно место, дека цело време луѓе поминуваат и не ти е гајле дали ќе утепаш некој, тоа е умислата.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    9.179
    Пол:
    Женски
    Не е . Умисла е кога јасно одам да убијам некој кој ми е цел и свесен сум за тоа.
     
    На Bitter-Sweet, Angie1432, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. en_na

    en_na Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    82
    Ок, да.
    А што мислел во случајов дека ако случајно излезе човек (замисли човек улица да преминува) дека ќе помине низ него? Не бил свесен дека со 130 се убива?
    Можеби не е детално испланирано убиство, ама не заслужува ништо подобар третман од таков убиец.
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Еве го членот од КЗ. Според ова може да му се суди вака колку што сфаќам.

    Умисла
    Член 13
    Кривичното дело е сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување или кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување.
     
    На Harper, sunshinebabe, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    15.607
    Пол:
    Женски
    @Ahoy не ти е пологично небрежност? За да е со умисла јасно требало целта да му е Фросина.

    Небрежност
    Член 14
    Кривично дело е сторено од небрежност кога сторителот бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи или кога не бил свесен за можноста од настапување на штетна последица, иако според околностите и според своите лични својства бил должен и можел да биде свесен за таа можност.
     
    На L.i.n.a.a, Misskirova и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. en_na

    en_na Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    82
    Реално небрежност има повеќе смисла, пристрасна сум во случајов и го гледам гадот како чудовиште.
     
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    15.607
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да има и прекршочна и кривична. Прекршок е што возел над дозволено и кривично убиството. Е сега законот како ќе си го толкуваат, ќе видиме.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    И вака има смисла, да. Иако според изјавата на обвинителот ми изгледа дека одат кон со умисла.

    Баш тоа болдираното во Член 14 и делчено после запирката во Член 13 ќе одлучуваат изгледа.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Муабетов ми беше дали може да го осудат како небрежност, ако (недај боже) не може да се докаже умисла?
    Претпоставувам одат со умисла заради големината на казната :?:
     
    На Ahoy, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    15.607
    Пол:
    Женски
    Ама он и така има веќе цела историја прекршоци. Нема олеснителни околности. И да е со небрежност, пак е кривично дело. Брзината исто, пречекорена. Во кола таа што снимала исто треба да се казни. Ништо во прилог. Ова само ќе биде издејствувано од притисокот на јавноста.

    Едит.
    Небрежност
    Член 14
    Кривично дело е сторено од небрежност кога сторителот бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи или кога не бил свесен за можноста од настапување на штетна последица, иако според околностите и според своите лични својства бил должен и можел да биде свесен за таа можност.
     
    Последна измена: 3 февруари 2025
    На An-na и SummerGirl им се допаѓа ова.