Мешаш исчезнато лице и смртен случај. Мешаш лице кое не е познато на јавноста зошто е исчезнат - (доста од медиумите објавија дека имал проблем со лихвари и должел пари..) и лице кое го изгуби својот живот поради личност која до сега имала еден тон кривични пријави. Себичност е тоа што никој не искача на протест кога е организиран туку седи дома и си вика „фала богу не е моето“... Се надевам никој нема да ја осети таа болка, но искочете барем поддршка да дадете. А за членката која прашува за смртните случаи на Детско.. дадени се изјави од извештаи дека причина за смртта на бебињата се родителите не на докторите. И второ, не треба да ми нацрташ ништо се ми објасни со твојот однос и став.. Пак ќе повторам промените не можат да се случат од дома.. се случуваат на улица меѓу народот. А вие ако барате правда за смртни случаеви или за нешто што се случило во минатото, искочете и не дозволувајте да се повтори случајот во иднина на друго дете или личност. Нема да се најде или спречи ако збориме ама за овој не се искочи или за тој не се искочи... сега се излага, сега се бара, сега се случува. Не тогаш, не во иднина. Спречете нешто што е во ваша моќ.
И ова ли успеа да се исполитзира? Татково, е вмровец, МАрсовец да беше немаше да успее на улица да извади толку луѓе, ако самите не излезеа по своја желба. Што, за уши ли ги фатија да протестираат?Абе кој може да натера толку луѓе да излезат што ви е на вас? Моментот беше што фамилијата на Фросина застана на Партизанска, стави нејзина слика и палеа луѓето свеќи. Знаете ли колку луѓе дневно поминуваат таму? Знаете ли колку луѓе директно ги погоди таа глетка, меѓу нив бев и јас. И за децата на Клиника родителите да излезеа пред клиника со слики, и свеќи, народот да ги видеше ќе излезеше.
Срам да ви е шо мешате партии и богатство. Дете умре. Девојка шо имаше иднина и ни дел од таа иднина не проживеа. Првиот ден кога толку многу луѓе се собраа, само тие шо ја знаеја можи знаеја дека е богата. И не им менвало зошто биле во болка и зато биле на протестот. Сериозно на обичен смртник му е гајле дали некој е богат или не? Да парафразирам, ВАС ви менва дали е богата или не? Јас еве денес, тука, дознав дека била богата. Па уште ко се виде каков копиљ ја уби и колку многу му е простено претходно - нормално е народот да се револтира уште поќе. Овај протест не е само за Фросина. Ова е протест за сите како Фросина. Ова е протест против корупција и за жртвите од истата. И најважното ќе цитирам:
И за Викторија имаше слика и уште има и мајка и припаѓаше пред сликата нејзина па на протестите беа 30 души. Да не зборам за други како Верица или Оливера девојката од Радовиш која исто беше прегазена на Партизанска за кои не ни се организираа протести и се веќе заборавени ко да се помалку вредни. И тука селективност има изгледа.
Плус на протестот 80% од популацијата беа млади деца, буквално што допирна точка немаат со политика. Имаше и активисти што ги гледав и на протестот за чист воздух, и на тој за онкологија, ама најголем дел беа млади. Отворете рилс, сториња, имате доказ за тоа. А за исчезнатото лице да бев таму и да се организираше потера и за тоа би отишла. Никој не се лути што некој од друг град не дошол. Ама да, непријатно беше на маршот кога ги гледавме по улици тие што дремеа на тераса, гледаа и трачареа, затоа и им се скандираше симнете се доле. Тие што не беа сакаат да го смешаат протестот со политика, а врска нема, беше граѓански, напоменето беше дека било какво спомнување на партија нема да се толерира.
Таткото каков и да е, изгубил дете. Ама во државата се е исполитизирано па дури и мачињата мислам. Против и тоа треба да се бориме. Против врските, стаусот, парите… Сите сме луѓе и сите имаме право на ист третман. Ама немаме. И таа е нашата реалност!
Апсолутно. Затоа и транспарентите беа против токму тоа што си го напишала, против системот, врските, статусот, парите. Имаше еден транспарент, нагази, згази, има кој да те пази и вреќичка пари со капки крв околу неа. Затоа што кога има моќ, сите се како црева испреплетени, тоа за пред народ е само вмро против сдсм, инаку политичарите зад врата одма договор и пазар си прават и си наоѓаат заеднички јазик. Колку биле од една партија, па со другата со пари си се договориле за 5 минути. И искрено ме вреѓа некој да кажува за мене дека сум излегла на протест оти некој бил богат. Никогаш, ама никогаш нема да барам "совршена жртва", па за да излезам, никогаш не ни сум помислила да го делам некој по социјален статус или било каков друг критериум.
Кавгиве се причина зошто ништо не се оправа во државава. Дур нема слога, главниве фаци само ќе дремат.
Точката поради која што луѓето станаа гневни е поради тоа што Фросина беше убиена од пијан возач без возачка, кој возел 130 на Партизанска. Точно е, некогаш има селективност и ние тоа го правиме потсвесно. На пример, многу повеќе се активира народот за млади луѓе отколку за стари, еве едно од нештата кое мислам дека е битно. Ама во случајов, дали со право се дигна толкава врева? Апсолутно да. Тука се собраа сите најлоши фактори што можат да постојат во една сообраќајна несреќа и овој револт беше буквално кулминација на собраната лутина од сите претходни несреќи истуркани под тепих и револтот од сите околности кои ни се случуваат моментално. Не сметам дека е во ред на еден случај да се посвети повеќе внимание бидејќи не сметам дека нечиј живот е повреден од друг. Но, моментално така се поклопија коцките.
Плус ако работел системот, дечкото ќе бил во затвор, а не на слобода. Девојката немаше да биде згазена. Затоа револтот.
Јас не одам зашто имам трауми од толпи. И која си ти да бараш оправдание зашто некој не оди или оди на протести!
Доволно е импактот по мрежите. Тоа е организаџија, тоа транспаренти мислиш така спонтано е. Селективно е!! Крај! И за Вања, да беше на друг дете така одма ќе се расветлеше се? Аха да. Избегала со дечкото ќе беше и ќе ја најдеа на свети никад.. Бидете малку реални кај живеете не живејте во илузии дека може нешто да смените, не за друго.. помалку ќе ве боли реалноста кога ќе ви влепи шамар.
Тоа е, седете дома и коментирајте на Фемина и Кајгана како не ни чини државата, подалеку нема. Немој да сте мрднале со прст нешто да се смени, па од личен пример никако. Протест во работен ден не чини. Спонтано собирање не чини, шо ќе се постигнело само со молчење и седење туку така пред Универзална. Протест во викенд не чинело, имаме обврски, луѓе сме, да се прошета треба. Во недела попладне никако пак, треба средување, прв работен ден е наредниот. Организиран протест исто не чини, под влијание бил. Траснпаренти имало, просветлете ме ве молам што се носи на протест ако не транспаренти, да однесам на следниот И протестов не е само за Фросина. Фросина е долгоочекуваниот момент "доста е". Сега останува на нас дали ќе го искористиме овој момент за да смениме барем нешто, или ќе чекаме некое следно "доста е". Разочарување.
А зошто ти го пишуваш ова само кога има некаква јавна реакција за одредена несреќа? Зошто еве никад на форумот не си пишала дека државата треба да направи нешто за циганчиња што на 10 години се дрогираат на улица и во секој момент може некој да ги собере? Или не се заземаш за било која друга маргинализирана категорија кога никој друг не го прави тоа? Зошто единствен пат кога имате да кажете нешто е кога сакате да плукате по луѓе кои пробуваат да донесат некоја промена што би нѐ афектирала сите? Не, тебе не ти смета селективноста во одбирање перфектна жртва, туку никогаш ништо нема да ти е погодено и секогаш ќе бараш да кажеш нешто негативно.
Ако веќе спомнувате политика, епа да повторам дека и родителите на ѓубрето Васил имаат политички конекции. И тоа од двете партии. Ради тоа и покрај татко ѝ на Фросина, и за Фросина можеби нема да има правда без притисок од јавноста. Политиката треба да се тргне на страна. Животи гаснат, а тоа е проблем на сите граѓани. Треба активирање и на социјалните мрежи и надвор на улиците.
Не ти барам оправдание, ниту пак те прашав. Те судам бидејќи си прав мрчатор за тоа како нешто не функционира а нигде ве нема кога треба да се искочи. И ти си таа која зборуваш какви се родителите на Фросина...и кој како искочил на протест кај Викторија а кој е кај Фросина.. Не е момент да се мешаат работите. Како што кажав сега е време каде се бара промена, а не да ми збориш кај биле луѓето порано. кај беше ти??
Зашто така сакам.. зашто кога сум пријавувала на полиција дека децана се дрогирани на улоца цајканот во униформа ми се смее во лице. Што да се заземам? За кого да се замемам? Во ова држава секој кој се крева има позадина за да може да се крене. Ако со овој случај се исчиати трулото во државава алал вера. И да, на форум не има и оние кои реално размислуваме, кои животот не има шлакнато малку повеќе и за наше добро си ги бираме битките. Сега моментално битка водам фамилијарно со онкологија. Тоа ми е најважно. @TammiB5 наша генерација поминуваше многу поголеми срања од ова. Така да полека малку и не скокај.
Аман, револтот не е зошто е Фросина, демек од дете од богата фамилија. Револтот е зошто секој еден може да биде да биде Фросина, за жал во случајов жртва на нашиот систем. Јас верувам дека и да беше од сиромашно семејство ќе беше ист револтот. Не сакам да верувам во спротивното.
Јас ти верувам... Истиот муабет го правев и кога беше шарената, и исто ме нападнаа... И ете бев во право. Ми викаа дека од партија ме учат така.. А јас не знам ни кој од која партија е. Затоа досега немам идено на притести. Сега многу ме изреволтира тоа што допринесе до овој хорор настан.