Девојка му Софија исто богаташка. Му викаше смири се бе што ти е. Во контекс како не се секирај ќе средат нашите и овој пат.
Зошто се качуваш во кола и воопшто му дозволуваш да вози ако знаеш дека нема возачка и е пијан? Еве да ми се деси мој близок да знам дека пиел, ќе се тепам ако треба ама ќе му го земам клучот да не влезе. Или јас нема да се качам.
Mislam deka po zakon I taa e souchesnichka zasto znaela deka e pijan I nema dozvola no nikoj ne ja spomenuva. Zashtitena kokoshka.
После војна сите генерали. Како совозач немаш одговорност, освен ако директно не влијаеш на сообраќајката, ама тоа нема како да се докаже.
Многу работи се извртуваат, кому како му одговара изгледа. И таа е соучесник делумно. Ама ете, спомнаа дека мајка ѝ е познат гинеколог.
Каков ретард е оваа женска му сега го гледав видеово, гледа безживотно тело како лежи кое патем дечко и го усмртил а она мртва ладна смири се вели како вакви луѓе преживуваат на дневна база се чудам.
На "смири се" судот нема да реагира. Во афект, од адреналин, кој и да е истото ќе го рече. Без разлика таа што мислела и на психолошките профили вака по форум што се прават, ако смените улоги сигурно и вие нема да речете -лееееле ја уби. оди утепај се сега. гниј во затвор Може е најгнаса од човек девојката, не знам, не ја знам .. ама дека ради "смири се" ќе е казнета, не си прајте филмови. И најлоша да е, не гледа секојдневно како во рок од пет секунди жив човек станува леш. Влегува во записник, оцрнета е да, ама сепак е совозач а не индикатор.
Мислам дека претерувате малце, може да биде проблем како делумно виновен што на некој начин му дозволил да вози во таква пијана или дрогирана состојба, ама не верувам таа да биди гонета кривично.
Не знам, мене реакцијата ми е во афект додека од една страна гледаш леш а од друга будала кој го фаќа хистерија и се дере што направил. И реално, најмалку битна е таа.
Реакцијата на двајцата е од шок, не знам какви очекувања имате за некој што само што убил човек и некој што го посведочил тоа.
Девојката иако е совозач не може да се класифицира како соучесник не е ова тепачка па сега и она удрила. Нема да и покренат никакво обвинение, за нејзината реакција не можам да коментирам. Кога решила да се вози со човек што е пијан и издрогиран, што да се кажи повеќе...