На адвокатот ова му е работа, исто како на касиерка во КАМ ама уште не ми се верува дека родителите седнаа денес на прес конференција и никој не им рече дека се ладнокрвни убијци како синот. Туку да се спроведе некоја акција во Јавно обвинителство и Суд на сите што погинале во сообраќајка да им се проверат убијците.
А бе да, за пари ќе биде кловн, секако. Ама нема бе што он да ме убедува мене, како гледач на тоа шоу што го ставиле на YouTube, за тоа дека обвинетиот ова, обвинетиот она, немало шанси ова, немало шанси она... Па и моментот дека сѐ било за да се поттикне маса на луѓе и „улично право“ наместо регуларното, законите да си терале по право. Стварно? Па БАШ за тоа протестираат луѓето, како да ти кажам...
Како им се брани убиец на невино девојче? Уште и јак адвокат земале, истото се чудам и за палчо адвокатот За пари нели. Оти јас да имам дете и да бранам убиец на дете ќе се осеќам како да си го предавам моето
Ама ние протестираме пошто гледаме дека досега НЕ си ја работеле работата тие институции и аналогно на тоа мислиме дека нема ни сега да си ја работат и затоа се протестира.
And 2025 Oscar awards goes to, фамилијава на Васо. Цитирам, мајката “се зацрнија две фамилии” Не, се зацрни една, Фросина никогаш нема да ја чујат ни видат, а ти твојот изрод дали на отпуст, дали ко ќе излези ке го видиш. Исценирано, емоција чисто од каење зошто синот убиец да лежи 20 години затвор. Ако имале трун човечност и каење, во првите два три саати ке стапеа во контакт со фамилијата на Фросина. А не после недела дена кога веќе гледаат колку е сат. А тоа манипулатор и ѓубре од адвокат дуковски, како не му е страм кого го застапува, гњида, нула и олош од човек. За пресконференцијата толку од мене.
Затоа што живееме во демократско општество, ако нема пари да си плати адвокат, судот ќе му додели. Адвокат мора да има секој што е учесник во судски спор, не сме сите правно писмени и нема потреба да бидеме. Без оглед што е делото, постои закон како се казнува, постојат правила како се служи казната итн. не е произволно. Друг проблем се врските, чување во фиока на предмети, ама самото бранење, секој од нас има право на истото. Постојат адвокати кривичари кои исклучиво се занимаваат со вакви дела, без оглед од која страна (обвинети/оштетени).
Баш истово го пишав. Наводно според закон, моторни возила со помала кубикажа до 50 кубици, можеле на велосипедска. Е сеа они ќе возат и на тротоар оти им се може. Ама што дека помала кубикажа кога пак може да те прати во болница. Затоа све што вози над 20/25 треба да се движи по улица А овие со тротинети се најдиви оти фала богу не го потат газот за да се движи тротинетот. Колку пати ќе ме покоселе за малце оти пред да ги видам ме прошишуваат. Со точак бар ќе го видиш, ќе ти заѕвони, овие не бе. И патем, патеката со тарпан (црвената) во градски парк е за трчање, не они земале еднаш гледам, тројца души се наредиле си прават муабет, во ширина ја опфатиле цела, а до нив нормална пешачка патека.
Овој никаквиот новинар Златев има лоша историја, поготово со говор против жените/девојките, со погрден збор. Ама таков е овде народот, заборава. Сега гледа со случајов да си дигне репутација на добар новинар. Ми се гади од вакви луѓе и новинари. Не е само тоа што го лупетал, има и други работи.
Од протестиве ништо нема да бидне. Барем таков предосеќај имам, дека ќе се заташка со нешто и ќе падне се во магла. И волкот сит и овците на број.
И тоа што викаш.. @Компир Манџа мое сценарио: Во затвор овој сече вени или слично, го носат во Бардовци, од таму со нов пасош, друго име презиме ајт надвор ќе си живее. Ова јадново дебојче црна земја ќе гние, а на овој мајка му и татко му ќе го гледаат.
Го носеле Бигорски, се откажал од пушење марихуана, одел на психолог, се сменал вистина ама не знаеле што му биднало
+ Моментот ја украл сам колата таа ноќ, без нивна дозвола каков гнев нам ни ствараат,тешко родителите на Фросина да не им си во кожата...
Ја познавам мајката на Васил и имам убаво мислење за неа. Не знам колку како мајка потфрлила со тоа што е син единец, па ајде угодување се што ќе посака и сл. Уште сум во шок. Независно од тоа фамилијата на Фросина има моја целосна поддршка да се избори за правда и сторителот да добие максимална можна казна. Нема ништо што може да го оправда ова дело.
,,Македонскиот народ секогаш страдал од своите синови-изроди". Веќе се е осмислено. Адвокатот е платен дебело. Институциите и власта се на страната на Васил. Немојте да мислите дека со нивните умилкувања и плачења по пресови и постови се дека сакаат правда. Не, они не сакаат да си ја оцрнат партијата. Држи вода и твоето. Ќе видиме што ќе се случува, но како голем оптимист, за оваа работа се осеќам песимист. Да се крене народот како во Србија, друга песна ќе пеат политичарите. Сето ова е политика.