Е добро де. Тоа е жалењето. Еве како тебе луѓе виделе со кој си имаат муабет, соработка.. кариерите во амбис, фамилијата ќе се трга.. нанулица искачање јок.. богами и има за што да жалат.
Ако мислиш дека треба да се заташка, тогаш заслужува овој народ и полошо да му се случува. Апсолутно не ме интересира Златев каков човек е. Се збори на темата, секој што не е прав, ќе го кудиме, а секој што право збори, ќе добие поддршка. Барем од мене. Мене баш ме интересира дали сега родителите ќе поднесат тужба против Васо, да го гонат за кражба на колата и нанесување штета на истата? Да не го фатеа со телефонот и да не се разчуеше од нивните блиски каков уствари син воспитале, се ќе заташка и ќе поминеше со минимална казна. Џабе фалење колку се добри родители. Ако имаш дете што е наркоман или алкохоличар, не му даваш кола, криеш клучеви, го носиш на лечење. Тој дилер на дрога, тие викаат добро момче е
Се супер, ама... родителиве му ги перат го*ната на мочково. Не е овој ваков, затоа што така се погодил, родителите греота. Он е ваков заради родителите!!! Заради нивното покривање, фаќање врски, криење, итн... Не ми се верува дека паднавте на нивните финти!!! А, уште повеќе не ми се верува што го гледате или читате за пресот?! Нели, требаше да го бојкотираме?! Или... пу, пу, не важи?! Се гледа колку сме поводливи! Два реда солзи, ред мрсули и готово!!!
Уште имала лице да каже: До мајката на Фросина за што треба тука сум.. зашто неа и починало бебе 23 саата после пороѓај и знае како е да изгубиш дете!!
Никаде не реков дека ,,треба" да се заташка, туку дека е можно. Знаеме нашиот народ колку е лековерен и колку лесно потпаѓа под ,,магиите" на политичарите. Како тоа баш сега во овој момент најдоа бомбите, м? Само да се оттргне вниманието на народот. Веќе навикнати сме ние обичниот народ на вакви лоши работи. Никогаш не сме реагирале како што треба. Протестите до кога мислиш дека ќе траат? Дали има водачот на протестите некакви барања? И ако да, какви (што е многу битен чин во еден протест)? Не знам за тебе, но јас уште на почеток намирисав дека работата не е како што треба.
Аман те бе луѓе родителите та родителите криви, абе има родители на мравка што не згазнале а децата олоши број 1 биднале, едноставно некои деца, луѓе се такви и тоа е. Сите имаме некои примери во околина како од две деца едното ќе е за пример другото да се срамиш од него, а ете исто воспитување. Јас во клас имав две близначки, исто родени, истовремено растени, едната мило, паметно, одлична ученичка, а другава..мајка и само плачеше од неа. А, родител ко родител секогаш ке го боли за своето дете па и најлошо да е. И , да болна е и смртта на штотуку родено дете, жена спонтан ке доживее па и е тешко ( поагајки од себе) не па да го родиш и да ти умре. Нормално ако мериме болка оваа на мајката на девојчево е многу поголема, ама ни другава болка не е воопшто за занемарување.
Па они му ги переле гомната , имале врски. Можеле да го остават да си одлежи за претходните дела, ама не Татко му во АРМ, мајка му колешка со мажот на судијката... И ова дека ѝ починало бебе, слободно плукајте ме ама намерно го спомнува само за да испадне жртва. Демек еве и јас сум изгубила дете, рамни сме.
Па, криви се! Му ги покриваат криминалите од кога бил малолетен. Сите ги боли за своето дете, ама нормален родител ќе остави детето да ја научи лекцијата ако згреши, а не за што и да е, мама и тато ќе средат. И сега го прават истото. Да не мислите дека пресов е заради сочуството или дека им е жал?! Не, добро исценирана тактика за да лови некој ваков како тебе, што ќе му биде жал!!! Колку повеќе вакви како тебе, толку подалеку е праведната пресуда за мочково! Ако се верува на извори во МВР, се уште притискаат со јавувања за мочково. Којзнае на крај што ќе излезе од записникот и вештачењето. Не за џабе таткото на Фросина рече дека ќе прави независно вештачење.
Васил бил размазен единец. Производ на попустливо родителство без авторитет. Денеска имаме многу деца кои можат да бидат иден Васил. Деца кај кои нема авторитет ни во градинка, основно, средно. Некаде грешиме.
Булшит по дома да си викаш ! Ако ти немаш вакви примери во околина или фамилија браво за тебе ама не биди некултурна и почитувај туги мислења, ( само слабо си воспитана за тоа, не те воспитале дома испага работава) и секако порасни малце прво и плукни си во пазува, оти и најсовршен родител да си дете како може да те посрами и уништи никој не може.
Ти знаеш се како било . за тоа сме први за другиот да кажеме. Само на лоши родители се случува ова , аха да !
Родителите можеби на мравка не би згазиле ама наместо да го остават синот да си добие и одлежи казна за делата претходно, тие барале врски да го избават. Тоа е грешката. Ова е нивни производ. Како ќе се освести и сфати детето што направило и како ќе се промени на подобро? Тоа било научено дека мама и тато ќе средат се' за него. И ете го резултатот. Се променил, само залажување.
Па родителите се и до некаде виновни за воспитувањето, а за постапката си е самиот виновен. Јас не знам како така можел да ја украде колата на татко му. Исто како мојата лева рака да ги украде парите од мојата десна рака.
Исти родители, исто воспитување па децата што ги имаат се различни. Ама за пресов на родителиве на Васо мислам дека е промашена работа, можеби некој ги советувал да го преземат овој подвиг со цел да го намал гневот на јавноста кон нив и нивното дете ама си создадоа само контра ефект. Во врска со солзите нормално е да прифатиме дека сочувствува со мајаката на Фросина ама треба да сфатат дека нивната попустливост и постапки секако си имаат свој придонес.... И за крај нешто за што теба да се борат и поддржат е да има правично судење, а не преку овакви потези повторно да се обидуваат и да се надеваат на попустливост на судството.
Сега ја украл, а за претходната сообраќајка? Знаеш каде грешиме? Што не казнуваме строго малолетни деликвенти и/или нивни родители. Еве само минатава година, во Центар малолетни кршеа детски реквизити, во Капиштец малолетни стартуваа булдожер и оштетија возила, во Кисела Вода малолетни со петарди предизвикаа пожар. Ниеден од родителите на овие не си плати поштено. Мене ми се случи деца од 10 години да ми се обраќаат со курво, кучко додека си седев во парк. Ама зуцнеш ли нешто, аа ама ти не си родител, немаш право да збориш. Аа ама деца се, не знаат Пошто они имаат право и човек да утепаат, пошто не знаат за подобро. И утре истиве ќе газат луѓе по улици ама пак немој да зуцнеш кога не си го растел. Кога за вакви дела, родителите ќе ги дереш од казни, ќе видиш тогаш како ќе се тресат сите дали детето им ја украло колата или направило друга беља.
булшит Обратно е, родителот може лош да биде а детето добро да испадне а добар родител а лошо дете е мисловна именка. Патем можам да се изразувам како сакам.