Сега на вести фатив исечок од снимка на пресот. Мајкава ај некако, делува натажена, таткотп ми е шприцер. Ја разбирам бидејќи е мајка, и најлош кроминалец да е, ќе го оправдува, чедо ти е. Мене татково ми е за пердашење. Нив двајцата треба да ги казнат затоа што му ги переле гомната. Гп направиле да е семоќен. Ете го сега, деген на општеството. Смртна казна, шо? И со тоа дека болката е поголема ако изгубиш дете на 22, а не новороденче ви е многу прост, баба на чешма муабет. Немате сетено, па не знаете. Поарно ќутете и коментирајте какви неродители се и каде затаиле, не лупајте нешто без врска.
Може и на Фросина мајка и имала спонтан или мртвородено. И сега ќе си мериме.?? А бе и уби дете на улица!!
Па тоа и зборам, коментирајте го убиството, трулиот систем, подмитените судии, врските, скапаноста на народот, не болката односно неболката затоа што еднава загубила новороденче, другата 22 чедо. Болката по загубено чедо е иста, и само мајка си ја знае.
Поентата на споредбата нема врска. Во ниеден друг случај шоферот не бил со претходни кривични дела и ослободен и пуштан од системот. Тоа шо девојчево е од постуорана фамилија е најмал поттик за излегување на протести, протестите доаѓаат од шупливиот систем и огорченоста на народот како едно детиште на некој поминува неказнето преку неколку кривични дела за да може да го изврши ова дело. Богатството на девојкава нема везе со гневот на народот. Те разбирам шо сакаш да кажеш ама овој случај е различен од другите. Исходот кај сите е ист трагичен, меѓутоа системот ако работел како шо треба овој ќе бил во затвор а девојчето немаше да го нема.
Не, те молам објасни. Не сум саркастична, но имам чуено и претходно сличен коментар од мајка. Познаничка изгуби дете на две години, она кажа ќе роди друго, а шо да ја изгубеше на 18 од ко си одгледал? Не сфатив ни тогаш, не сфаќам ни сега. Објаснете ми како болката прппорционално расте со годините на чедото.
Види не знам како да ти кажам, јас не го бранам Дукоски, мене ако ги провериш моите мислења поназад сериозен проблем ми е што родителите не се во затвор. Да бидам уште појасна, мене не ми е гајле што зборуваат родителите на Васил во одбрана, мене ме интересира зошто системот кој се плаќа од мој џеб не функционира во моја одбрана, во случајов во одбрана за Фросина и другите погинати како Фросина. Мене ме интересира дали ако останеше жива ќе му ја преиначеа казнта од поправен дом во затворска. Дали ќе дознаевме за другите срања??? Зарем мораше да не доведе едно разгалено детиште да ја гледаме фамилијата на невино девојче како тагува и најлошо од се е што не знаат дали ќе успеат да го донесат случајов до крај. Колку казни за убиство на пешачки завршиле со 2-3-4 години затвор?! До мене воопшто не допираат зборовите и солзите на семејството и адвокатот на Васил не прочитав изјава и не видов на Јутуб што зборувале. Едноставно тоа за мене не се луѓе кои треба да ги слушнам што имаат да кажат. Мене ме интересираат одлуките на полицијата, судиите и јавните обвинители. Доколку системот се грижеше за нас ние немаше да имаме монструми како Васил и останатите што лудувале и убиле невини луѓе. Пак ќе речам за мене доволна казна ќе е доживотен затвор за сите тројца во различни градови. Јас нема да се информирам што имаат тие монструми да кажат. Не ме интересира како нив што не ги интересирало до сега.
Лол евтини манипулации. Ја купиле колата за мајкава да иде на работа, Пежо 207 и тоа на име на таткото. Им починало бебе, многу релевантна информација за овој настан. Престанал да пуши, а на сликата што сам ја објавил пие вино со ајкос до него. Ајде бе мрш, скријте се негде. Имало време кога требало да се зборува, помина сега тоа време.
Мислам дека треба да се размислува пред да се напише некогаш нешто. Дете е дете. Дали живеело 20 години или 20 саати не е поврзано со поблага или посилна болка. Прочитај ги некои теми на форумот за мајки што изгубиле и плод во 9ти месец, па која болка ја доживуваат. Иако сум за најстрога казна за Васил, и тврдам дека неговите потфрлиле во воспитувањето некаде, реакцијата на мајката ми изгледа вистинска и реална. Мислам смешно е да дискутираме за глума и слично. Ајде вие одглумете вакво нешто, пред камери, новинари. Не верувам дека жената е монструм. Не и е сеедно дека син и е во затвор, но не верувам дека и е сеедно што токму син и уби девојка на пешачки. Луѓето вакви или онакви не ја прегазија Фросина, не излегуваат со пиштоли да убиваат. Потфрлиле во врска со синот. За тоа треба да имаме негативни коментари. Ама сарказми, плукање на емоциите на жената според мене не се во ред. И таа губи син. Можеби жив. Но, уште полошо. Цела Македонија со камења те мава и син ти направи громорозно дело. И со тоа не се живее. За Васил и неговата судбина не ми е гајле. Но, мајката изгледа како сериозно да пати.
Сигурно Од што толку пати, не престанаа со бркање ургенции за синчето. Ова не се само родители кои потфрлиле во воспитувањето, ова се родители директно одговорни за последиците на нивното „зачистување„ позади синчето
Добро, јасно е ко ден дека ургирале, мѕ бришеле досие и сл. Има некој тука правник да каже дали има основа и они да се гонат за овие работи? И судијката пример? Или ќе си останеме на мачкање очи, пресуда блага која пола и више ќе му ја скратат, а другата половина ќе ја отслужи од надвор?
Сигурно не била во план син и токму тој ден, да ја прегази Фросина. Мене ми изгледа на класично кревање на раце. Дома не знам што се случувало, но веројатно од одамна си имаат проблеми со него. Исто не верувам дека ја украл колата, туку си рекле дај му клучевите нека си е** мајката. Што секако не оправдувам. Муабетот ми беше, ја направивте жената чудовиште. Јас видов искрени емоции. А не е професионална глумица. И мислам дека пресот беше наменет токму за нив, не за вината на Васо. Да се прикаже и нивната страна. Самите тие веројатно се свесни дека од ова нема назад.
Апсолутно. Ама заради тоа што нејзиниот син никој не го контролирал, сега пати друга мајка која уште еднаш нема да си го види детето. Тоа е тоа што од старт збориме, дека секоја акција има реакција и дека секоја постапка си има свои последици. Џабе сега и да плаче и коси да корне, и да направи било што, не морала да го вади од затвор после сите пиздарии што ги направил. Плус ако навистина е честита и чиста, нема да дозволи до неа да седи адвокат и да лаже. Прекинал да пуши, а до него цигари. Зошто воопшто спомнување на друго починато дете? Која е потребата, со која цел? Се колнат дека се сменил, одел по манастири, не пушел веќе трева. Да, затоа фабрика за амфетамин имал, тоа ваљда во манастир го научил. Па уште го поздравувале македонското знаме. Демек ќе ги фатат патриотите на емоции, овој демек патриота па во знамето се колне. Па демек го украл возилото. Па кога гледале дека го краде и дека 10 сообраќајни прекршоци правел ќе го скриеш клучот. Нема да го оставаш на видно поле за да го земе. Ако гледаш дека украл ќе му ѕвониш дури не го добиеш да го врати. Ако навистина сакаа да излезат фер и коректни пред народот и пред семејството на Фросина, ќе излезеа, ќе изразеа сочувство и ќе посакаа институциите правилно и коректно да пресудат тука. Се друго е манипулација, мачкање на очи и обид да се фати народот на емоции за да се размлакне неговото дело. Затоа го правдаат, се сменил, ваков бил, таков бил. Многу добро подучени се што да прават, добро рече @JuLleE. А инаку се согласувам за болката за изгубено дете, не ни сакам да помислам колкава е. Затоа не треба да се користи тука во оваа ситуација за да не фати жал за глупостите син и што ги правел.
Срамота е луѓево прво да ги нарекувате мајка и татко. Жал ми е што починало бебе. Ама не за нејзе, него за бебето зашто оваа мајка не е, нит па оној татко. Пошто да, родител не е само да го склепаш. Не е дека Васил бил чист ко суза и сега одеднаш се дешава ова па да речеш абе не знаеле што згрешиле. Типот си имал историја на криминал. Не знам дали нешто работел, студирал и дали воопшто правел нешто корисно во животот. За претходната сообраќајка, неговите да биле совесни, сами ќе дале цело богатство на жртвата, ако ништо друго, барем на психолог да ги даде жената да си се оправи, а не со бедни 300 евра да го вадат од говна, и сами себе зашто нели малолетен. Еве пак ќе прашам, зошто за претходната сообраќајка не биле совесни да ѝ платат повеќе? Сами, не да ги натера суд. Зашто ги болело кур, ете затоа. Пошто преживеала жената и никому ништо, а сега кога нема назад, солзи и мрсули ќе редиме. И затоа нема да ги жалам воопшто.
Не знаеле како стигнал до него, органите на власта да си откриеле, не биле тие И пак ќе прашам. Ќе му поднесат пријава за крадење на пежото и нанесување штета на возилото? Ајде тие што ги жалите, оти плачела пред камери