Абе комшијата е, викам јас. Гарант кога им се јавил од затвор, веднаш пријавиле во полиција. Како совесни граѓани и родители шмрц, шмрц.
Ќе се лажеме како мали деца. Демек го украл. Го "крадел" редовно и тие со прст не мрднале. Можат и сега да поднесат пријава за кражбата, не е касно. И најјакото од адвокатот, вика што сега, на толку случаи претходно и мали казни, сега ќе мењате закон? Апелира до надлежните да судат како и досега што суделе
Каков циркус е ова? Озбилно организирале прес за да го бранат, како немале врски, ништо не превземале за да не биди осудуван, на психолог одел, по манастири, демек бубаче а, а колата украдена, озбилно? До толку ни ја потценуваат интелегенцијата? Реално ова ни на филм го нема.
Ана изгубила бебе и лие лажни солзи за да наседнете. Многу родители губат едно дете, ама не ги прикриваат го*нар**те на другото! А, Фросина, бе? Можеби сакала да биде мајка. Тоа нема да се оствари. Нејзиното семејство наместо на свадба, ќе оди на гробишта! Таткото на Васил стоел до таткото на Фросина и не бекнал ниту буква! И он и мајката ќутеа до сега и ги снема од социјалните мрежи. Гајле им е само за нив самите и за синот-убиец. До сега го ваделе и веројатно пак ќе пробаат! Да не им дозволиме!
Сега баш родителиве на идиотот ги гледав на сител,се така добро изрежирано тешка глума,дури и мајкаму.. Баш,мене таа така вештачка ми се гледа,одвратни се и двајцата ,лажни солзи ептен глумење се приметува
Дали мислат дека луѓето во Мк се дебили со IQ 50? Кој циркуз, која непочит према жртвата. Како сега се роди емпатија одеднаш а десет дена не се јавија на семејството на Фросина иако беа и во физичка близина? Па како мајка да го користиш фактот дека си изгубила бебе, да си ја продаваш интимата за да собереш поен плус. Не велам дека не пробала да го воспита ама ако гледаш дека после 10 прекршоци не му иди ум последно нешто шо треба да направиш е да го спонзорираш. Па уште и Бигорски во уста го стваат. Трошка срам да се немало. Случајов од почеток ме погоди многу ама не мислев дека толку ќе ми се згади од нелуѓево.
Јас не знам што правеле по дома и како дошло до ова. Можам да кажам дека таква реакција може да даде истренирана глумица или човек што навистина го чувствува тоа што го мисли. За цигарите, може мислеле дека ги оставил бидејќи ајкос не смрдат. Не знам. Може навистина некое време оставил се. Ние најмалце може да тврдиме што се случувало, затоа што не сме биле таму. На детето не му било посветено внимание како мало, веројатно бркајќи кариери, потоа кога веќе било поголемо, касно било. Или можеби нешто сосем друго се случило. Не знам, ама не знаеш ни ти, ни никој вон тие порти на тоа семејство. Идејата што таа спомна дека изгубила дете беше во контекст дека знае како е и дека ако сака мајката може да ја контактира. Што е и коректно. Не дека и не верувам дека една со друга ќе се тешат. Не е ова некој хорор филм наменет за оскар. Реален живот е. Реални луѓе. Верувам дека се свесни што направиле. Не се од камен.
Те сфаќам што сакаш да кажеш, ама на едната и починало детето, на другата и го уби пијан и издрогиран разгален токмак чии родители му ги средувале и бришеле сите срања до сега. Знаеш зошто се виновни? Мислеле дете е, што глупост може да направи... Никој родител не сонува дека неговото дете ќе стане како Васил ама несвесно со постапките низ животот ги снајде ова. Нивната ДНК е променета веќе не се чесно и угледно семејство, сега се семејство на незгрижено дете што уби невина девојка на пешачки.
Абе јас те разбирам што сакаш да кажеш, ама мое мислење е дека да се спомнува починато дете во ваков немил настан е безобзирно, безобразно и громорозно. Зошто? Која е потребата? Не е тоа никако релевантно во случајов. Јас верувам дека жената тоа ја изгорело, таква болка ни на најцрн душман не посакувам, ама тоа не и дава за право тоа да го користи како арсенал за да ја ублажи ситуацијата или да некако проба да направи приближување на ситуацијата на мајката на Фросина, затоа што воопшто не е исто. Мене тоа место да ми предизвика емпатија, ме згрози уште повеќе. Зашо ако се кае, гледа дека потфрлила крши закон и му снабдува телефон? Зашо лаже дека не се дрогира кога ем користел ем дилал амфетамин. Зашо закажува прес конференција која и те како е искалкулирана и пресметана? Затоа што сака да не фати на емоции, да стивне ова и да не ескалира уште повеќе затоа што татко и на Фросина најави уште поголеми и помасивни протести. Овде ќе ја прекинам дискусијата за мртвото бебе, не затоа што неќам да дискутирам со тебе, туку одвратно ми е смрт на новороденче да го користам во дискусија од било каков тип. Едноставно прегадно ми е да го спомнувам тоа за да докажам било каква поента.
Да не им сме во кожата ни на едните ни на другите. Никој не го посакува тоа, плукнете си под пазува, оти многу сме со деца. Сите сме излегувале, сите сме пиеле Господ не чувал.
Глумење на велико. Солза не капна, се уби од липање. Го гледав видеото од пресот. Ми испадна на рил некаде. Глума. Па и таткото, земјата си ја сакал, знамиња поздравувал. За се биле тука они. Кога требало не биле. Што ние глупи сме, чоек ќе го правите сега? Не е! Ни 100 години, поправни институции, нема да го поправат. Они згрешиле со него. Он искористил.
Ако знаеш дека треба да возиш, ќе си пијуцкаш сок Едит А тие што пиете и возите, надам се на потешкиот начин ќе сфатите.
Браво можам да кажам само. Одлично склопениов говор е сигурно дело на адвокатов, им го дал да го научат. Буквално испадна како ОНИ ДА СЕ ЖРТВИ СЕГА. Им починало бебе, Васил престанал да пуши и да пие, идел во теретана и на психолози, духовни водичи. Ама сепак дилал, рентал станови, сепак пиел и на крај уби човек. Да е комплетна трансформацијава негова, на добро нели..абе дали се нормални дека без срам искочија и го збореа ова? Зашто ниеден новинар не ги праша за ќесичките амфетамин? Како што крадел кола 5 години постојано, нели без да знаат неговите изглеа и за дрогава не знаеле баш. Ужас. На адвокатов добро му тргна, си се подготвил со факти кои "уверуваат" барем малце - дека не избегал, па според марка на возилото колку можел да вози, дека обвинител дошол одма, дека немал дрога во анализите..Треба од мвр да искочат и да потврдат/негираат за ова. Ама на крај ја усра работата кога - дали добро слушнав кога рече БАШ таа вечер пиел после 7 месеци као прв пат? Брука. Сам се чуди што кажува од што мора, за тоа е платен сирот.. И на крај, сепак ја пуштија снимката. Бездушници.
Имаат дефинитивно заеднички нешта со Кецманович,и тој викаше во суд ја сум доктор треба да ме почитувате сум спасил животи,еве и овој 20 год под Македонско знаме бил.И ние сега во име на чинот треба да ве оставиме сите да не испоутепате.
Кои сите? Не сите! Одговорен човек ако знае дека не го бива за возење, не вози. Одговорен човек ако знае дека треба да седне зад волан, не пие алкохол и не се дрогира. Ти ако пиеш и возиш, Господ да нè чува од тебе!
Ниту возам, ниту пијам, и поддржувам најстроги казни за пијаните возачи. Но умот е стакло – родителите можат да дадат љубов, насока и вредности, но не секогаш можат да ја контролираат слободната волја на своето дете. Две деца, растени со исти родители,со иста љубов и грижа може да се небо и земја.
Немојте да дозволите да ве манипулират овие тешки ропаци Нив им е жал само шо е син им затворен Златен Господ да даде бар 20тина години да скапе таму Туку шо правиме Ке одиме на протест утре или недела?