Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.750
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до телефонот. Од каде знаеме дека токму тие му го дале телефонот?! Јас знам еден дилер, уште од кога беше дете дибек. Продава дрога со години, не е можно до сега полиција да не го има фатено. Не се ни крие. Ама е поврзан со полицијата, некој го штити. Тој во затвор да заврши, сигурно мобилниот нема од неговите да биде, затоа што се пресиромашни. Не може корумпиран полицаец да му даде?! Пак, не знаеме. Ние не знаеме кој се се дрога во денешницава и како се е испреплетено.

    Можеби не и беше место и време кога се споделува таква информација, ама дека се ладнокрвни психопати уште помалку верувам.

    Да не заборавиме, Васо е виновникот тука. Какви сакале нека се, Васо пиел и се дрогирал. Васо поминал на црвено. Васо поминал преку пешачкиот. Не тие.
    А и уште еден факт. Какви сака нека се, пак не се тие целосно криви што имаме корумпирани судии. Ти си судија, лицето на правдата. Ти си дел од законите, а самиот ги кршиш.
    И родителите се криви. Но, има уште покриви. Разликата е што првите несвесно и индиректно се одговорни и како такви нормално дека може да им биде криво. Другиве виновни свесно постапиле како што постапиле.

    Не дојдов да ја бранам мајката и последно мислење ми е ова за нејзините солзи. Туку мене ми е смешно во кој филм се влага и се прават монструми од нив, солзите не биле вистински, глумела, не знам што. Пробај, глуми и види дали може истата реакција да ја дадеш. Дури и треперењето на усни кај таткото во обид за плачење е толку несвесна работа што никако не може да ја одглумиш. Ама океј ве сфаќам. Мора да ги плукаме.
     
    На christinnn, dejanadejana777, Ani93 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.343
    Допаѓања:
    6.030
    Пол:
    Женски
    А кој им дал пари на судиите да се корумпирани???
    Како бе не се...
     
    На theunforgiven, lovely91 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.542
    Не.
    Ако сакаме да шетаме безбедно и на пешачки и на тротоар, вакви копита и родители што ги склепале треба да трпат најтешки осуди и линч.
    Еве лани дечишта кршеа реквизити. И ако не научат што згрешиле, утре истиве ќе косат по улици. А мене животот ми е помил од било кои туѓи емоции што се само глума зашто таквите постапки се одлуки, не грешки. И ми е гајле дали некој го правел детето месец или 10 години, животот ми е побитен

    Сакаме промена на системот, неќеме политика, демек ајде да почнеме од себе. Ајде, и јас викам. Почнете со вакви дечишта и родители. Од секојдневие, до форум, па до пријавување.
    Малолетни кршеле, ајде 2000 евра казна.
    Малолетен возел, ајде 2 години затвор за родител.
    И кога таму некој родител ќе знае дека он дебело ќе плаќа за грешките на своето дете, и морално и кривично, може помалку ќе гледаме пијани 20 годишни дебили.
     
    На Anyshka, Iva:), Miss666 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.750
    Пол:
    Женски
    Кај прочита дека не се? Ако напишав, цитирај. Реков има повиновни. Тоа е нивниот син и судот. Тој што ја носи правдата, за да нема повторни дела.
     
  5. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.110
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум била сведок на деца кои доаѓаат од добра фамилија да се фатат со лошо друштво. Манипулацијата што може да се добие од друштвото и желбата да се припаѓа во еден круг е многу лоша. Ниеден родител не е спремен за тоа.


    Јас верувам дека како семејство погрешиле, сите ние како родители ќе замижеме на глупост што ја има нашето дете направено, не го каменувате за се и сешто тоа е ваше дете!! Они замижале повеќе од што треба ама последицата е оваа!
    Васил е возрасен човек има 20 години - Полнолетен е! Не зависи од своите родители.
    Треба да одговара за последицата што ја направил.

    Искрено како сакате сфатете ме јас верувам дека родителите не го посакувале овој исход, ниту пак мајката глуми.

    Јас сум бесна на постапките на Васил не на неговите родители. Васил е возрасен човек кој свесно ги донел одлуките таа вечер.
    Има многу деца што доаѓаат од лоши фамилии, лоши родители, па после 18 години си ја зимаат судбината во свои раце и си се борат за самите себе си! Васил одлучил да тоне! И одзема човечки живот!

    Родителите се виновни, да! Но, не донеле они одлука за синот да вози, ниту пак да го казнуваат на 20 години. Васил е сам одговорен за своите постапки!

    Искрено ми е жал само за мајката! Како јас (мајка) и мислејќи за свое дете… боли! Ептен боли! Од двете страни боли!
     
    На Anaroz1, BlackNight, azelea и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.542
    Значи ај пак.
    Васил направил сообраќајка кога имал 16 години. Зошто тогаш не одговарале? Зошто не ѝ платиле на жената? Зошто после пак имал Васил пристап до колата?
    Упорно го спомнувате сегашниот случај ама заборавате дека типот со години било деликвент и тогаш да, родителите биле криви
     
    На azelea, Anyshka, dea.18 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.110
    Пол:
    Женски
    Како што кажав, родителите се виновни! Секој родител замижува за грешките на своето дете - они претерале! Се согласувам со тоа.

    Искрено цела МК се бави со корупција. Од откупување на доктор, до јавување на “познаник” во полиција да скине казна, до фаќање на врски за се и сешто. Никој не мисли дека ќе премине во крајност и ќе се одземе човечки живот.

    Не знаеме како функционираат во нивниот дом. Не можам јас ништо да кажам! Но, глупаво е да судите дека мајката е по кариера и дека потфрлила. Детето има 2ца родители, а не е еден!
    Васил може е огледало на таткото а не на мајката…


    Но може до утре да претпоставуваме што било и како било. Се надевам дека Васил ќе добие висока казна
     
    На azelea, Маја Т и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.750
    Пол:
    Женски
    Јас колку што сфатив, оштетената поминала со полесни повреди и не тужела. Затоа и не одговорал. Самите изјавија, наводно и тие биле разочарани од одлуката на судот, очекувале дека ќе му дојде памет. За последново не верувам, но причината зошто не одговара за тоа, е сосема друга.

    Што мене ми е малку глупаво. На маж ми му украдоа еднаш нешто. Го најдоа крадецот и го прашаа маж ми дали сака приватно да тужи. Не беше голема работа и не сакаше да се замара. И што ќе му прави полицијата? Ќе го пушти.

    Што за мене малку е и глупаво. Треба да одговара на основ на прекршување на закон, а не дали некој те тужи или не.
     
    На Didajo и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    78.119
    Пол:
    Женски
    Адвокатот е тежок манипулатор.
    Зошто им требаше ова бламирање?
    Зошто во последните 4-5 години од кога син им се занимава со тежок криминал, тие му гледале преку прсти?
    Никаква контрола над него.
    Ќе и поверував на крокодилските солзи ако јавно на прес се откажеше од него.
    А тие му бараат оправдувања.
    Нарцисоидни створења
     
    На Ingvild, fbaby, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Машки
    Едно нешто да разграничиме.

    Точно е тоа дека друштвото можи многу да влијае врз однесувањето на еден човек, во случајов Васил. Меѓутоа, родителите, или еден од нив, индиректно го поддржале тоа однесување преку фаќање врски за поништување и ублажување на неговите прекршоци.

    Значи, ваквите постапки на родителот/ите, многу придонеле во ситуацијата! Детето тоа го сфаќа како слобода да прави шо сака, бидејќи и во иднина тато и/или мама ќе се погрижат “сѐ да биди во ред”.
    Овие постапки иницијално изгледаат како “добри” во очите на детето, но се погубни за неговото однесување. Еве ова го кажувам и од лично искуство.
     
    На Mrs.Precious, Ingvild, fbaby и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Кој друг би го направил тоа? Како што правеле до тука се за него, така и натаму. Реално, системска корупција е во прашање и се тоа си стои, ама дај не ме зезај. Дали негови 20 годишни другари, дилери или не, ќе фаќаат врски кај полициски службеници за да му обезбедат телефон. Или се родителите или некој од поблиската фамилија.

    ***
    Иначе, неговите родители не се жртви, туку имаат поголема вина од самиот Васил. Детето е одраз на воспитувањето и никој не може да ме убеди во спротивното.

    Разбирам дека им е тешко, особено како родител го знам тоа. Ама, нив ги боли за своето, не за туѓото. А нивната болка не може да се спореди со онаа на родителите на Фросина.

    Пресот е сигурно внимателно подготвен, во спротивно не би ни излегувале на телевизија. Мајката сакаше да ја спореди својата загуба со онаа на мајката на Фросина, обидувајќи се да долови разбирање. Али, во контекстот во кој нејзиниот син е обвинет за смрт на друго дете, ваква паралела звучи неумешно и неетички, затоа што едното дете е жртва на насилен чин. Сакам да кажам, родителите на Фросина се во неспоредливо потешка позиција.
     
    На azelea, CoverGirl10, fbaby и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.542
    Во фамилија имавме случај, сообраќајка и договорот беше да ни исплати одредена сума на пари или ќе си јаде тужба. А ако добиеше тужба, ќе одеше и во затвор зашто не му е прва сообраќајка.
    Инаку и да не удрил никого, најмалце требало да одговара зашто малолетен без возачка.
    И не требало дома да му даваат пристап до возило.
    Или ајде ќе оставиме малолетни слободно да нѐ убиваат по улици
     
    На Anyshka, theunforgiven и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    7.750
    Пол:
    Женски
    Не знам, можеби тие му го дале. Но, не дека нема корумпирани полицајци. Како иначе скоро секој затвореник имал мобилен. Од татковците да не им е?! А и од дрога се прават куп пари. 200-300 евра не се ништо. Пак ќе кажам за дилерот што пишував. Потекнуваше од сиромашно семејство. Почна да продава дрога, за неколку месеца ја уреди куќата целосно. Си купи коли. Епа не се малце пари.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Па не возат скутери со помалку од 50цц на велосипедска, минимум 50цц и нагоре возат. Тие со помалку, не возат повеќе од 30.

    Возам ел. точак, така што најконкретно ограничено е моторот да ти помага до 25 км/х, бидејќи е проценето дека на велосипедска максимум што може да се вози е 30 км/х. Значи човек со својата сила на точак не може да развие поголема брзина од таа. Со сите пречки (семафори, пример) не може ни толку реално.

    Исто е и за тротинетите, оние кои се ограничени до 25км/х можат на велосипедска, над тоа мораат на улица.

    На тротоар никој не смее да вози ништо.

    И има правила како се вози точак (тротинет, велосипед со мотор итн) - еден зад друг.

    Не знам дали имаш возачка, ама ова буквално се учи во теоретскиот дел за полагање, работиве ги памтам од пред 10 год. кога сум полагала, не сум сообраќаец.

    Ај возачите (коли, скутери) немаат изговор да не знаат ова, не знам за останативе каде можат да научат? Ова ми е скроз искрено прашање затоа што не знам, каде се учат правила за (ел)велосипед, тротинет итн.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Јас не се сомневам дека искрено страдаат како родители. Никој родител не сака и не замислува детето да му биде убиец. Никој не му дава оружје во раце и не му вика - убивај!

    Затоа направив паралела со Кецмановиќи и Блажиќи. Ни тие не им рекле на Коста и на Урош - иди убивај.

    Поентата е дека дигањето раце, фаќањето врски, "спасувањето на газот" на сопственото дете води кон вакви и такви катастрофи.

    Не, не се директни учесници во настанов, ама со своето нереагирање придонеле, зборуваме за младо лице кое уште како малолетно веќе правело сериозни проблеми.

    Најмалку што можат е да изразат сочувство, да му го плаќаат адвокатот и да не му помагаат НЕЗАКОНСКИ, да не му фаќаат врски, да не му шверцаат телефони, да не влијаат за помали казни, да се тргнат настрана и да остават судот да донесе казна каква што треба да биде.

    Има адвокат, нека си брка законски што може, на тоа има право секој обвинет, има право и на жалба, ама сè додека они продолжуваат со врскаџиството, НЕ се искрени ни кон семејството на Фросина, уште помалку кон сите нас кои сме можеле да му бидеме на патот.

    Кога ќе почнат да одговараат и родителите како enable-ри (не ми текнува наш збор) и за НЕпреземање мерки, можеби ќе чукнат глава сите. Сега овие само аман нека ќутат, нивното дете и да го осудат на 20 години, на апелација ќе му спуштат, во затвор ако е паметен ќе биде мирен па евентуално ќе го пуштаат дење, па на крај и условно ќе излезе.

    Вака или онака, они нивното дете си го имаат и ќе си го имаат, немаме ние рехабилитација во затворите, нема да се изненадам 3 пати полош да излезе на крај. Ама при мајка ќе си дојде секако.
     
    На SummerGirl, sunshinebabe, Nausicaa и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.683
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува како го кажуваат тоа дека само 2 пати типот имал проблем со законот. Демек само 2 пати !!!
    Алоо 20 години е мрсулот оваа му е наводно 3та беља!
    Сообраќајка без возачка и дрога ебате малите прекршоци за дете од 20 год.
    Само 2 бе само ццц не ми се верува како манипулираат
     
    На christinnn, sparklie, CoverGirl10 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.278
    Допаѓања:
    259.118
    Мене не ми е жал за неговите родители, ама мајката не глумеше. Не им е сеедно што син им уби девојче и цела држава го линчува. Ама самите си се виновни и таа грешка ќе си ја плаќаат доживотно.
    Очигледно е дека детево било проблематично, а оние чистеле по него. Тоа му и дало сила да праве се што правел оти нели неговите ќе средат.
    За жал ова е нешто што не се средува.

    Добро им е кажано што да кажат, секако не очекувавте јавно да го плукаат нели?
    Ама пак, не рекоа дека не е крив.

    Овој пример нека им биде на сите родители за памет. Децата кога прават глупости, се реагира соодветно, за утре да не се прашуваме што не снашло.
    Иако со деца нема правила, ама се што можеме да сториме е да не ги претвараме во криминалци.
     
    На SummerGirl, dejanadejana777, azelea и 14 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Абе доволно ќе беше да изразеа сочувство и да кажеа дека оставаат на институциите да одлучуваат. Ништо повеќе, никаков збор повеќе, никакви споредби со умрени бебиња, манастири, кражба на кола жити мајка итн.
    Тоа повеќе иритира, не им е лесно, ама подобро да немаат веќе пресови и глупости, истово ако беше за семејството на Фросина немаше потреба да биде јавен прес, ама не беше за нив, беше за damage control.
    Само што не им успеа баш.
     
    На kim.k, SummerGirl, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Се претерува со јавниот линч кон родителите. Точно дека се криви, точно дека створиле монструм и точно дека треба да го впериме прстот кон нив за да и други родители го стават прстот на чело што прават од своите деца, но, коментари од типот глумеле, не чувствувале каење итн се бизарни.
    Премногу механички се пишува, без реално да се ставите во чевлите на другите и со тотално исклучена емоција. Кога веќе сакате да коментирате за Јованови прво ставете се во нивните чевли моментално. Далеку од тоа дека има шанси да му е сеедно.

    Да, на папир сите вие сте супер - не фаќате врски за вработување, доктор, професор, ставање на оценка на детето затоа ни цути системот:f:
    Први ќе го коментираме родителството на Јованови ама пред да го пишете тоа прашајте се себеси дали разговаравте денес со детето ваше, дали го прашавте како се чувствува и како му поминал денот или само му тутнавте во рака илјадарка - да му се најде де за ужина. Да, полесно е да се пишува и суди по форуми.
    Тргнете од себе прво да се оправате, еве почнете прво од непотребните коментари за настанов и родителите. Па човеку никој и ништо не може да ви угоди. Таткото се заблагодарувал јавно на партии - не чинело. Сестрата на Фросина барала сочувство од родителите на Васил - зошто да бара сочувство, тоа немало да смени ништо. Родителите конечно дадоа сочувство - глумеле .. |(
    Бог да чува, не знам дали сфаќате дека ова се сериозни и трауматични ситуации и за двете фамилии. Ниту едните ниту другите семејства биле свесни дека може да дојде до вакво нешто (за жал и на Васил) и не барајте логика во нештата.

    Сите бараме правда ама не сакаме да се промениме. Епа, каде сте тргнале така другари?
     
    На Anaroz1, Didajo, christinnn и 22 други им се допаѓа ова.
  20. en_na

    en_na Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    82
    "Ние не сме ниту богата ниту влијателна фамилија како што не претставуваат, живееме од плата..." А ангажирале адвокат за кој ако разбрав добро е адвокат на елитата кај нас, така да малку чудно за просечна фамилија да може да си дозволи толку пари да даде за адвокат.
     
    На kim.k, SummerGirl, winnie02 и 5 други им се допаѓа ова.