Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Таму знаеш на колкава оддалеченост од пешачки застануваат, за ова се знае дека е убиство.
    За тој и таков закон пишувам, ама нашиов се фин како од Финска...
    Скоро на сите им намалуваат кај нас и излегуваат и пред време од досудената казна.
     
    На azelea и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  2. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    3.955
    Пол:
    Женски
    На почеток на интервјуто на сител таткото на фросина се заблагодари на партијата вмро, премиерот мицковски и на пандов. Од која прочина ни мене не ми е јасно, но наводно за тоа што им помогнале за случајот и им изразиле сочувство.
    Бтв пандов не им помогна туку си ја сработи работата за која е платен и тој е виновен што дозволил некој да внесе мобилен in first place
     
    На Anaroz1 и Dominodancing им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    78.119
    Пол:
    Женски
    Епа исто како што не ги разбираат протестите на студентите во Србија.
    Треба да се смени системот.
    Едно е да има пишен закон, не велам дека нема. Ама деновиве над 20тина случаи гледав каде што за убиство добиваат минимална казна.
    Вештакот го поткупуваат и после тераат судски. Тој кажува као возел со 79 и се добива минимална казна.

    Шо к*р ќе ми е Мицковски што ми е прв братучед и е премиер ако не може да ми "среди некоја работа"?
    Децении и децении имало корупција и ова е сега резултатот на тоа.

    Ако не се избориме да се сменат законите, ова ќе се повторува редовно. И секогаш кога влијателни се во прашање, ќе ги вадат од затвор.
    И ќе нема правда
     
    На butterfly6223, CameliaMiller, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    1.720
    Пол:
    Машки
    Точно. Да му се заблагодари затоа што дозволил да има повторно корупција во затворите со телефони? Аман од тие партии веќе. Треба да се заблагодари на тој другиот затвореник шо го сликал по Васил, инаку немаше да знаеме дека има телефон, или да се е крил подобро...
     
    На Luna91, desperate15 и awkey им се допаѓа ова.
  5. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    3.955
    Пол:
    Женски
    Така е. И ова се исполитизира. Аман веќе. Ако не се вмро ќе се сдсм и обратно. Трагедија и жално за тие кои се инволвирани, белег за цел живот, безразлика на која страна.
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.278
    Допаѓања:
    259.116
    Не да се сменат само, туку да се почитуваат.
    Ние плус немаме сообраќајна култура.
     
    На CameliaMiller, azelea, desperate15 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    1.720
    Пол:
    Машки
    Партиите само гледат да собираат политички поени од било која човечка трагедија. Ке имаше одговорност за Дурмо турс, за Ласкарци, за модуларна, за ковид смртноста, Груби ке го вратеа.. Оној со двете З ке одговараше, Ахмети исто.. и едно големо ништооо..
     
    На SummerGirl, desperate15 и awkey им се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Малце се претера со линчот кон родителите. Факт е дека имале огромни пропусти како родители, но апсолутно не се согласувам дека ова денес беше глума, особено не од страна на мајката. Која мајка сака да има дете-убиец? Ниту една!!! Не се вели за џабе: Тоа што може дете да ти го направи, никој не може.

    Васил секако дека треба да си одлежи за сè што направил и треба да е соодветно казнет иако ниту една казна не е соодветна и нема да ја врати Фросина за жал и за нејзиното семејство нема утеха.

    Но, ако системот функционираше како што треба, ако не цветаше корупција во секоја пора од државата ниту родителите на Васил немаше да може да го прават тоа што го правеле, ниту многу други, па немаше државата да ни е на ова дереџе и немаше толку семејства да се зацрнети и толку животи изгубени.
    И иако на почеток се велеше да не се политизира настанот, апсолутно се исполитизира.

    Господ нека им дава сила на двете семејства.
     
    На Anaroz1, Miss666, V.odolija и 9 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    78.119
    Пол:
    Женски
    Еве како е регулирано во Британија, линков е од лондонската полиција
    Screenshot_20250207_222958_Samsung Internet.jpg
    Значи во 3 години имаш право на 3 брзи возења. Со четвртата ти ја земаат возачката.
    А ова е само за брзо возење.
    На потежок прекршок Screenshot_20250207_223626_Samsung Internet.jpg
    Screenshot_20250207_223639_Samsung Internet.jpg

    Тука полицајците возат во цивилни коли и проверуваат регистрации.
    Во овој случај тука одма би му ја зеле возачката, ќе почека за нова некоја година.
    И нема сила што може да те спаси од казна, автоматски иде казната.

    Па на документ се е ок, вештакот вика возел 79км на час и судијата е покриен да суди според закон.
    Фрли ја вината на пешакот и ајде...
    Како ќе имаме култура кога знае дека може да се курчи кога има кој да го извади од затвор.
    Ко ќе заглават 3-4ца по 18 години затвор, ќе се сменат многу нешта.

    Некој може да ми објасни како вината за смртта на Викторија се префрли на дечко и?
    Зарем не ја удри и тој на зелено за пешаци?
     
    На SummerGirl, CameliaMiller и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Успешна мисија на родителите и адвокатов. Ве преобразија со патетики :rock:
     
    На kim.k, elimkd, Vikktorr и 8 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.527
    Допаѓања:
    180.755
    Кажа татко му деее
    Се ширеле дезинформации не возел 180 туку 160
    Тугооооо
     
    На elimkd, Antebellum и malerozna им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.527
    Допаѓања:
    180.755
    Тоа и му е целта
    Да сменат мислење на лабилни личности
    Добра работа
    1:0за нив
     
    На kim.k, elimkd, Armada и 3 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    118.836
    Пол:
    Женски
    Нели рекоа излегол од споредна уличка не можел преку 80 да вози.
    Кратко било растојанието срц велат не можел толку да развие ...

    Му ја УКРАЛ колата. Не му ја дале сами:D
    Тие ко видоа дека ја нема колата сигурно си мислеа на паркинг на пајак им е, не помислија дека кај синчето е:D

    Не е смешно. Знам. Ич не е :(
     
    На SummerGirl и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  14. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    13.096
    Пол:
    Женски
    Значи само еден ред солзи и мрсули ве купија, уште па кога кажа мајка му дека изгуби дете, готово.
    Многу жално што го изгубила бебето, апсолутно никој не смее да ја омаловажи и нејзината болка за загубата на бебето, ама мајката на Фросина го виде нејзиното тело прекршено сред улица. Тоа е уште толку болна, страшна и језива глетка.

    Да, сите се слагаме дека никој не може да има 100% контрола над дете, ама кога веќе го гледаш дека е проблематично, (а не можеш да не приметиш ниту еднаш дека нешто не е во ред, особено ако му посветуваш време и внимание) правиш се што е во твоја моќ да го излечиш, а не рутински да му го чистиш прљавиот веш.

    Патем денес се изнагледав пешаци особено деца како скокаат преку жардињери, на сред фрекфентни улици, а на 10 чекори имаа пешачки премин со семафори. Значи не знам што уште треба да се случи за да се освести народов дека тоа што го прават не е нормално. Памет не им доаѓа.
     
    Последна измена: 8 февруари 2025
    На kim.k, Anie93, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.527
    Допаѓања:
    180.755
    Еве и ја не даам кола на големиот
    Ама клучот под перница ми е буквакно спијам со него
     
    На SummerGirl, malerozna и fana им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.278
    Допаѓања:
    259.116
    И да се престане со врски за се. Тогаш се ќе функционира.

    За Викторија, не ја префрија вината, туку дечко и ја повлекол да претрчаат.
    На жолти трепкачи беше, не на зелено мислам.
    Не се исти случаите воопшто.
    И во затвор е сторителот, велат доста пати се обидувал и да се убие.
    Немаше ни алкохол таму.

    Не сум ја толку оптимист дека ќе се сменат работите.
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Пред Силбо прва споредна е кај Правда, бар 400м. Ова е ко писта не 130...200 може да лета. Абре и 100 да возел лудо е воопшто да се збори

    Не им е сфатена сериозноста на ситуацијата на такото и мајката, бар 15 години ко ништо, тотално без поента е било какво рикање пред камера у надеж дека година две ќе има помала казна

    За она копито шо од досада и тинтрење станал џанак и дилер, животот е завршен недела дена да помине у затвор. Збориме за живот како шо се надева фамилија од тој крој ИТ+АРМ добра позиција. Останува да смањат доживљај и да сфатат последиците од тинтрењето
     
    На eliesaab и Керолајн им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    За да им поверуваме на родителите на Васил, очекував дека барем на крајот на пресот или што и да беше тоа, ќе кажат дека се свесни за кривичното дело кое го сторил нивниот син и дека сакаат и бараат во име на правдата и пред се за доброто на нивниот син, да добие казна според закон, за да му дојде памет и да се ресоцијализира, ако и воопшто е можно, зашто денес ја убил Фросина, утре може и сам да настрада возејќи пијан и со 180 км на час. Вака само драми и патетики.
    И на толку немање врски и плачења, кој му внесе телефон во Шутка на Васил прв ден од притвор? Ваљда не е комшија некој.
     
    Последна измена: 8 февруари 2025
    На butterfly6223, kim.k, SummerGirl и 14 други им се допаѓа ова.
  19. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека веќе е излезен, не се спомена ништо од последната одлука на апелација мислам му дадоа 4 години, дали се жалеа после тоа на одлуката, како и да е секогаш ги пуштаат порано заради добро однесување затоа и адвокатот на семејството се жалеше на одлуката на кривичен од 3 години дека место три реално ќе биле година ипол, две. А, и јас прилично сум сигурна ,ваљда не сум се препознала, дека ова дете го имав видено кај Рамстор мол.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.397
    Пол:
    Женски
    Многу лесно ве фатија на емоции. :) Излегоа на камера со малку солзи и толку требаше за да сочувствувате со нив. Не велам дека тие намерно растеле убиец, но нивните чувства, без разлика дали се реални или не, воопшто не се релевантни моментално. The damage has been done. Што мислеле кога го ваделе од гомната што ги правел и не дозволиле да се соочи со последиците? Ај да му беше прва грешка, можеби донекаде ќе разберев, ама не е прва бе луѓе. Да, сечие дете може да скршни по погрешни патишта колку добро да го воспитувате, но разликата е во тоа дали ќе го вадите од гомната во кои се закопало или ќе му одржите лекција. Свесни биле кога му купиле кола дури нема возачка, свесни биле за сите негови грешки. Свесни биле и ништо не сториле за да научи лекција, туку потплати ваму, потплати таму и мирна главата. Па сега изненадени демек. Да си бил соодветно казнет уште од првиот пат, немало сега да се будали по патиштата и да убие некого.
    На народот му се скурчи не само од овој, туку и од сите претходни Васовци. Случајот со Фросина сега беше the last straw. Еве и на темава тука некои пишаа колку лесно се извлекле други Васовци и сега живеат нормален живот. И со овој исто ќе беше да не се дигнеше народот. Тоа не е случајно, сите тие таквите се испреплетени како црева. Заборавивте дека одма најдоа начин телефон да му дадат?
    За таткото на Фросина не знам зошто се заблагодарувал и како бил смешан со партии, но само едно ќе кажам: никогаш да не сте во нивната кожа. И не смее да се дозволи случајов партиски да се обои, а уште помалку протестите.

    Само хитлерски мерки се спасот моментално од вакви дивеења во сообраќајот. И едукација секако, но додека таа даде ефект мора поголема контрола. Директно одземање возачка за возење пијан. Казни од 1000 евра нагоре за брзи возења. Одземање на возило. Задолжително камера во кола што ќе го снима патот постојано. Задолжително снимање на разговор кога ќе те застане полиција. Посериозни психолошки тестови пред земање возачка. Само сѐ е џабе додека не се реши корупцијата прво.
    И прва лекција во автошкола треба да е: Како со влегувањето во кола стануваме потенцијални убијци.
     
    На kim.k, CameliaMiller, Lelebre и 7 други им се допаѓа ова.