Абе кој не фатил на емоции? Кажавме дека се криви , но дека сигурно не очекувале дека детето ќе им стане убиец и тоа е факт. Од тој аспект мислам дека солзите ,барем на мајката на мрсулот, не беа лажни. Пропусти еден куп имаат, но не верувам дека помислиле на ваков епилог, шок е и за нив ... Не верувам дека тоа што излегоа вака јавно ќе му ја намали казната. Огромен е притисокот од јавноста сигурно убаво ќе си одлежи. Дали требаше воопшто да се појават тоа е друго прашање...
А да, не очекувале, ич. Го ваделе од лајна со години дечки, со години, не се ли запрашале дека еден ден ќе биде кобно за него и некој друг? Не го научиле дека еден ден може да направи грешка од која нема назад? Како малите деца што не знаат за опасност. Ќе пикне прсти во штекер, ќе голтне некое играче. Само дете не ги знае последиците. Ама возрасни магариња треба да ги знаат. Мада знаеле и тоа многу добро, ама не им било гајле дали туѓа мајка ќе плаче, битно они да се раат дека синот е на слобода и си го тера животот. Еве не разбрав, а прашав, дали синот правел нешто корисно освен што тепал луѓе по улица и дилал дрога? Работа, хоби, студии, нешто? Вакво дете да имаш, ќе ти иде сам да си пресудиш, не да се правдаш дали ти си го воспитал така или не. Плачат за нивното дете, за туѓо не. Им е гајле за туѓото дали е живо или не. И женана што неќам ни мајка да ја наречам не, не знае како ѝ е на мајката на Фросина. Да мислела на другите, ќе го спикала синот со свои раце во затвор. Познавам родители што душа ќе дадат за детето, ама кога се работи за правда и туѓо дете е жртва од нивното, ќе го предадат нивното без око да им трепне. Е вакви највише почитувам.
Ве читнав неколку страници погоре и ќе се осмелам да дадам 'unpopular opinion'. Прво, не е сѐ црно бело. Некоја седмица подоцна кога подобро ќе ја согледаме приказната сфаќаме дека и родителите на Фросина не се 'законски чисти', на страна од стореното дело, чија тежина и казнивост не го побива фактот дека е убиство и треба да се лежи затвор. Целава медиумска ,,фама" се добива впечаток дека е се, само борба против брзо возење при конзумација на алкохол не. Второ. Сите ние, кога ќе навршиме 18 години сме законско, полноправно и кривично одговорни пред уставот и законот. Така да не ви се валидни обвиненијата кон родителите. Родителот има право, и треба по некое непишано правило да интервенира до полнолетството на детето. После тоа одговорноста на делата ги сносува индивидуата која ги врши - ,,детето". Тоа што растеме во Северџанија - конвој нездраво општество, со папочна врвца поврзани со родителите и убедуваме дека треба да не помагаат и после полнолетство е друга работа. Реалноста е дека не треба да бидат повикувани родители во двата случаи. Фросина имаше 22 години и беше индивидуа за себе. Васил има 20 години и е индивидуа за себе. Васил интенционално, под дејство на недозволиви супстанции ја усмрти Фросина и треба да одговара! Толку.
Едно прашање. Како тебе те афектираше загинувањето на Фросина? Сите бевме потресени. Но, кој ми гарантира дека тебе ти е воопшто жал. Како може на нас да ни е повеќе жал отколку на нив? Тие се многу подиректно и поблиску афектирани од случајот. Секој човек со емоции, ќе го погоди нејзиното загинување. Без разлика што токму син и го предизвика тоа. Инаку од пресот, јас разбрав дека тој е носен и во манастир на лечење. Не е оставен без ништо. Според мене да избереш верска институција наспроти друга, е последниот крик за помош и чудо детето да се опорави. Колата не му била купена на него. Туку била на мајката за возење до работа. Само еве и јас се прашувам и мислам не беше даден одговор, како и зошто Васо ја возел таа кола. Кој му ја дал и зошто. Има нејаснотии, не одрекувам. Но, да не одиме со линч и претпоставки за нешто што можеби и не е така. Во однос на родителската љубов и грижа. И јас знам родители кои не се психопати, но одеа многу далеку со толерирање на однесувањето на детето. Како мајка секогаш се бориш и се надеваш на подобро. Меѓутоа тие згрешиле со тоа прекумерно заштитување и непревземање на поригорозни мерки. Она на што јас алудирам. Во медиумите се направи слика за родителите, ние ја визуелизиравме. Полесно ни е, за да најдеме оправдување за нечиво девијантно однесување. Но, што најточно се случувало, не знаеме. Што се случувало во тоа семејство, како се се одвивало може да се ослониме само на медиумите. Факт е дека Васо зацрни две фамилии. Едната цел живот ќе има празнина, другата цел живот ќе живее со вина.
Извини , а Ти протестите како ги сфати ?! Само како борба против возење под дејство на алкохол? Ако органите си ја работеа работата чесно и поштено Васо оддамна ќе беше во затвор и Фросина ќе беше жива. Е затоа се протестите. Оти девојчето не го уби само Васо. Го уби и системот, и старателите негови. Ваљда знаеш зошто неговите се криви ,да не се повторуваме по 100 пати. А кажи ни ти зошто не "се законски чисти" родителите на Фросина ?
Ти навистина поверува дека Васо последните 7 месеци одел редовно во манастир и разговарал со свештеник , вежбал во теретана, ги оставил цигарите и алкохолот, посетувал психолог ?!!! И дека САМО кобниот ден му светнало во глава да се опие , да пуши , да ја украде колата САМО ВТОР ПАТ и да беснее у ноќите како шериф ? Јас не можам да поверувам во тоа - втор пат ми е, жив човек греши
Уште еден случај на јавен линч, каде на неверојатен балкански начин родителите се криви баш за се (а дечково полнолетен), во еден сплет на рекла-казала, ние знаеме кого и каде потплатиле, ги знаеме врските и мотивите, а дејството се отплеткува како маестрален трилер, со таа разлика што виновниците се познати од старт. Единствено полошо од корумпирано судство е она кое се поведува по јавното мислење, што на крај му доаѓа исто. Вистинските реформи и ветинг веројатно ќе изостанат, а на јавноста како утеха ќе и се сервираат поединечни случаи како овој, со утешни драконски казни.
Не туку јас ќе прашам. Дали ти би ограбила банка или би убила човек ако знаеш дека никогаш нема да те фатат? Е тука ќе најдеш одговор дали е до емпатијата и совеста или до тоа дека ти ќе настрадаш. Па дури и да е второто, пак е до некаде доволна причина да се однесуваме цивилизирано и совесно. Васо и родителите ниедна водилка немале во животот за нивните постапки што е исправно, што не. И тоа размислување од денес за утре води до вакви последици. А секој возрасен и здраворазумен човек размислува за тие последици. Они не размислиле, ниеднаш. Не сум безгрешна ни јас. Ама никогаш не правам намерно работи со кои загрозувам туѓ живот. Дали си емпатичен се гледа по однесувањето пред да настрада некој, не по тоа колку солзи ќе исплачеш откако ќе настрада. Со "вие поарни да не сте" напротив, покажуваш спротивно од емпатија, само правдање со глупи изговори. Само гледам дека луѓево целта си ја постигнаа, за жал.
Преставава со родителите само потврдува всушност зошто сме како нација и држава дојдени до тука каде што сме! Со години политичарите ни сервираат вакви престави и патетики и народ паѓа на нив и притоа се дефокусира со партиски спинови, како во случајов.
Не го гледав пресот, само додека мењав канали на тв фатив кратко кога татко му, збореше како они живеат од плата, немале никакви врски, биле работничка фамилија итн. А до нив седи одвратното ѓубре, адвокатот на Боки и цела мак буржуазија и криминалци, лингурот негов одма после ден во затвор некако доби телефон внатре, стана јасно која шлајм од прес била. Страмота што им е дозволено вака да лажат без да ги праша некој, како обичен граѓанин би имал ваква супорт машинерија, затоа што нели тие се обични чесни работничка класа и работи паѓале од небо што син им до сега бил пуштан на слобода и цело време има помош да ја избегне правдата.
Во затвор секој што ќе плати може да добие телефон, не е тоа некоја филозофија.. Мајкава зема гарант 2-3 илјади евра плата на таа позиција на која што е, татково некој 1000 евра, за нив ништо не е 250 евра, прашањето е зашто воопшто сакале да му платат за телефон наместо да го остават да си ја сфати грешката, еве можеби и ќе им верував дека не фаќале врски за да го заштитуваат, ама кога уште на прв ден во затвор му платиле за телефон да му дадат тука веќе јасно е колку е саат.
Не го гледав и јас пресот. Читав само, ама еве , сега ја изгледав изјавата на Ана. Не дотрајав да не ги "видам" толку анализираните солзи. И да , и според мене плачеше искрено и вистински. Па коа рече - ако можам во нешто да и се најдам на мајката на Фросина , овде сум и стојам на располагање - и во тоа поверував. На момент се ставив во нејзината кожа и се сетив на еден мој период пред 4-5 год. Со најдобрата другарка заедно долго време одевме по болници и инвитра, многу неуспешни обиди имавме и двете. Секогаш кога она ќе имаше неуспешно одев кај неа. Ќе и речев- ај ќе дојдам , да си плачиме заедно. И одев . И плачевме по саат два без збор да си кажеме. Ама ! Јас не плакав за нејзиниот неуспех. Плачев за мојот , оти и јас немав успеано. Не дека не ми беше жал и за неа. Нормално дека тажев и за тоа. Ама солзите си беа исклучиво само ради мојот неуспех. Знам дека е неспоредливо. Сигурна сум дека и на Ана и е жал што син и уби невино девојче, сигурно сочувствува со мајката на Фросина. Но , она не плачеше од тага по неа. Плачеше за своето. А немаше никаква потреба да ни презентира на јавноста колку и е тешко. Дел он нас знае колкава е болката да изгубиш чедо , дел претпоставува... И колку и да кажеме дека сечива болка е најголема ,или она - секоја планина со својата тежина , во овој случај не можеме да останеме имуни на нивното : две фамилии се завија во црно ! Не ! Не се завија "заедно ". Васил зави ! И така требаше и Ана да каже.
Мое мислење е дека ниту на родителите на дечкото ,ниту на родителите на Фросина не им е место да даваат изјави и да се влечкаат по телевизии и портали. Зашто само се искористуваат за читаност и гледаност и ништо повеќе.
Тоа што потфрлиле како родители и требало да бидат екстремно претпазливи во воспитување на синот единец, не значи дека не им е жал. Мајката се гледаше дека е здробена. Здробеноста не се глуми. Ама Бубче погоре е во право. Таа плачеше за своето дете, зошто тоа уништи животи и семејства. И уште една работа, ако се бориме против системот кој не казнува треба за сите. Не ги споменуваме сите жртви. Теодора на 22 год.во Тетово исто ја уби Албанец на булевар ,којне беше ниту во притвор ниту е во затвор, добил условна казна. Одела на работа, за да плати студии. Сестра и се обидува да биде гласна, но нема подршка некој да и обрне внимание. Спојлер .
Не ми е да смислувам теории каква била домашната атмосфера кај Јованови, ова ќе го напишам само како надоврзување на твојата генерализација. Не, не мислам дека немаат авторитет, туку дека еден куп имаат погрешен авторитет. На пример родители кои се апсолутно одвратни, прво како луѓе, и самите со жичка на огромно его и насилие, а после како родители - па во еден момент ќе бидат најголеми непријатели кон своето дете, буквално диктатори, за во следниот да му поклонат клуч од кола или стан или да потегнат секакви врски за да му обезбедат било што и да се чувствуваат дека се "жртвувале" за тоа дете. Тоа не е љубов. Не мислам дека резултатите од дисфункционално родителство кое сочинува голем процент на Балканот треба да се сведе на има/нема авторитет, туку е подлабока динамика. Друго нешто, и овие родители размислувале како секој друг - ајде сега ќе се поправи, ќе му дојде памет...исто ко што размислуваат уште илјадници луѓе кога учествуваат во корупција - дека баш таа нивна ситуација е некако оправдана и е мноогуу различна од ситуацијата на другите луѓе..они се корумпирани, јас сум само обичен човек кој се снаоѓа. Колку закони и да се сменат, треба да поминат години додека се смени чувството за одговорност кое што ни недостига на сите. п.с. муабети што сметам дека се целосно без врска - бил единец и затоа испаднал таков(ова е многу застарено размислување), мајка му бркала кариера, па затоа не му посветила внимание(исто така застарено), па зошто имал адвокат(основно демократско право) итн итн...
И со пресот успеаја да ја постигнат нивната цел. Направија раздор во јавното мислење. Во текот на оваа недела целото население се сплоти во осудувањето на убиецот и неговите родители, и навистина си помислив дека конечно за некое злодело ќе има правда, дека сите заедно ќе успееме да издејствуваме промена во законот. Ама ете некои веднаш почнаа со оправдувања и да веруваат дека бил на лечење, се откажал од алкохол и дрога и милион други лаги. Немам зборови навистина. Затоа на протестите денес и утре да излеземе во уште поголем број дека правда за Фросина мора да има!
Систематско менување на органите во судството нема да се случи во пракса. Наративот на протестите треба да послужи за покренување свесност при возење. Но, наместо тоа почна да се прави шарада од смртта на девојчето. Да се мешаат баби и жаби, дур истовремено на Партизанска сеуште се дивее, дрифта и прават прекршоци. При полнолетни граѓани (во случајот Васил и Фросина), се оправдуваат едни, а линчуваат други родители, што е тотален нон сенс. На страна од случајот, конкретно родителите на Фросина имаат учествувано во нерасклинкана корупција. Една е и во образовниот сектор каде нејзината мајка беше вработена. За таткото нема да се коментира. Нема да разглабам понатаму, темата не е за тоа, а не е ни битно. Имено, сфатлива е и оправдана е болката за губитокот на чедото, но линчот кон родителите на Васил е тотално ирелевантен од нив и јавноста. Фокусот треба да е превенција, а таа би се постигнала само преку изрекување максимална затворска казна.
Имаме ние солидни закони, ама само на хартија. Треба да го смениме системот, функционирањето на институциите, да нема селективност, да важи за сите подеднакво и да се применува во пракса. Тука лежи зајакот. Колку фамилии се зацрнети низ годините, само поради нефункционалноста на државата, на системот и селективноста. За тоа треба да се бориме, да ја уништиме корупцијата и секој еден што направил кривично дело да одговара. Не да помине неказнет затоа што има пари и врски. Да си го смениме менталитетот дека можеме да ја скинеме или преиначиме казната во полесна, со врски и пари. Треба да преземеме одговорност за се' што правиме, а има влијание врз општеството и поединците во него. Ама научени сме да бегаме од одговорноста и да одбиваме да прифатиме вина. Е затоа нема да функционираме уште долго како држава...