Браво за коментарот. Нас така ни е подесен мозокот. За најобична казна во сообраќај , рецимо неносење на појас, одма умот ни оди на кој може да се јавиме. Едноставно тоа ни е вкоренето во менталитет.... Законите се супер, применување на истите е проблем.
Кога следен пат ќе се жалиме на тоа во какво општество живееме сетете се дека голем дел од народот ги превесла глума режирана од АДВОКАТ. Одма раздор, се распишале реферати, сега фамилијата на жртвата е на тапет а родителите на Васо се за жалење. Имам само едно прашање до сите вас кои се распишувавте реферати од вчера наваму: Дали ќе бевте вака фини со размислувањето да беше вашето дете убиено наместо Фросина? Дали тогаш ќе ги жалевте родителите кои го створиле убиецот? Фросина нема да се врати кај мајка и и нема да стане мајка а моронов ќе излезе за некоја година и ќе се врати кај мама и тато и ќе створи свои деца и пак ќе вози по Партизанска. Васо не е обично дете кое направило грешка, тој е производ на неговите родители кои го ваделе од секоја каша, па се почуствувал недопирлив. Фросина ја уби неколкукратен криминалец кој поминувал неказнето. Сите сме биле деца и имаме деца па не сме знаеле што не чека? Точно, не може во целост да се контролира детето и може да скршне од патот, но ако родителот го остави да си ја добие казната голема е веројатноста дека глупоста нема да се повтори. И немојте дека биле искрени во извинувањето, кога пресот заврши со изјава на адвокатот дека ќе бара Васо да добие мала казна како и секој пред него со слично дело и да не биде исклучок со висока казна. Тоа ќе ви ја каже нивната вистинска намера. И на крај сите на протест утре, за Васо да си ја добие заслужената казна и за некој друг Васо да не продолжи да не убива.
Никој нас не не превеслал. Јас исто мислење имав и пред да ги слушнам. Никој не ги оправда нив на темава. Сите кажавме дека куп пропусти имаат направено како родители. Сакајќи да му помогнат, го упропастиле. Ама дека сакале синот да убие некој тоа сигурно не сакале. Тоа беше муабетот. Немој да ги вадите од контекст работите. Барем на таа тема сме согласни, дека на родителите на Фросина им е најтешко и дека копиљот треба да сакапе во затвор. Јас имам две мали деца и се трудам максимално да ги издигнал во добри луѓе, но сум свесна дека нема се во животот нивни да зависи од мене, особено кога ќе станат возрасни. И искрено никогаш за ништо не викам моето дете тоа и тоа никогаш нема да направи... Деца ко што можат да ти ја наведнат главата, никој не може...
Ама Луна Ана не ја наведна главата ниту по ова кривично дело на син и . Напротив Излезе на прес да кажат оти ќе бараат и син им да добие мала казна како Кичеец на пример.
Јас незнам шо ви се врти низ главите шо пишувате и очекувате родителите на Васо да кажеле дека ја сакаат најголемата казна за син им. Па нормално е шо не го викаат тоа, нормално е и шо сакаат да го спасат, они му се родители нему а не на Фросина. Не ги бранам, ама мене нивната реакција ми е сосема нормална гледајќи во какво општество живееме.
И јас не знам што се луѓето толку изненадени од реакцијата на родителите на Васил. На мене ми беше очекувано да има жалопојки и плачења.
Ако е нормално да покриваш и му чистиш досие на криминалец, наркоман, дилер, пијаница, прекршувач на сообраќајни закони и сега да бараш за убиец најмала можна казна, споредбено ова нормално е во однос на општеството во кое живееме, тогаш нормално и оправдано би дошло онаа племенската око за око заб за заб. И натаму одело како што спомуваат дека сакале некои од роднините на Фросина да се пресметаат со убиецов. Разумни луѓе сме кои живеат во (навидум) цивилизирано општество, има закони, има право и правда и ова судење треба да е чисто како солза. Пишавме многу членки кон што треба да е фокусот не кон разводнување и дефокус со кој рекол, што кажал или (не) сакал да направи.
Верувам дека ниедна мајка не сака син и да убие некого. Го изгледав пресот и воопшто не осетив вистина во зборовите. Верувам дека не и е сеедно ама апла се гледаше дека е спремно за да ги жалат. Не знам која е потребата од прес, сепак не им се во кожа на родителите на Фросина, и никогаш таа мајка нема да знае како и е на мајката на Фросина. Нејзиното дете ќе излезе од роб, ама Фросина нема да се врати од гроб. Медиуми ко медиуми ќе изнапишат свашта, може пола од тоа и не е вистина. Сепак се претера со секакви постови. Осет се нема, не дај боже никој повеќе да го почуствува тоа што го поминуваат родителите на Фросина моментално. Се надевам дека конечно ќе се истера правдата и дека убиецот ќе си ја добие соодветната и правилна казна, за стореното дело. Иако сум скептик.
Овде прочитав барем неколку поста "видеото, па видеото.. каде е, го има, го нема, го избришале," "не го гледајте, оти еве јас стојанка го гледав и ви кажувам дека е грозно и потресително и не спијам" ( ама ако излезе уште нешто, стојанка обавезно ќе шине прсти на тастатура да го најде каде е ). Па тоа теории, па од проверени извори се вадат информации. Претпоставувам истите особи истото го 'проповедале' и кај убиеното девојче од лани, и кај убиеното дете од Србија и кај било која несреќа околу нив. Лешинарчиња. Патем се кладам врскаџии во приватен живот, високоморални во постови. Секоја ви чест на вас што протестирате, што верувате во промени, иако ви е јасно дека е системски проблемот. Што не ви ја згазило општеството борбеноста.
Со ваква лесно поводлива раја јас сум за крвна одмазда Се гледа дека ни судство функционира ни ништо друго Око за око заб за заб Видете го само алучајот мемич во бих 9 год се боре таткото да докаже дека син му е убиен таман коа иде до пресуда делото застарува па човекот кажа дека ке го освети син му Инаку денес е протестот во нг Кој може нека оде
Богами и јас исто сум за крвна одмазда. Ќе плачеме ние ама и вие ќе имате за што да плачете. Знаеме како ќе му се пресуди на убиецот, така да најубаво и него да го скинат на ист начин.
Ако не се смени нешто во судството највисоката казна до сега изречена е 8 год Т.е 5 ке излеже Страшно
Абе и да се смени, и да му дадат 20 години тоа ќе биде за пред јавноста. Ќе го осудат, ќе го пикнат затвор, ќе почекат некој месец да се заборави и ќе почнат со жалби, со апелации, со амнестии, со мито, со врски, со се само за да му ја намалат на 8. И накрај ќе го пуштат на 3,4, оти е млад и треба да си основа семејство или оти бил мирен. Тоа бар го знаеме. Истото го пишував и претходно, туку шо биде со убијците на претходните девојчиња? Колку ги осудија? За колку ги пуштија? Никој не знае ништо, сигурно веќе се и на слобода.
@Ahoy многу убаво кажа, народов сака да не е ваква ситуацијата, ама не сака да излезе од комфор зона и да бара правда. Повторно ќе ставам циат од Роберт Свон а тоа е дека најголемата закана за нашата планета е верувањето дека некој друг ќе ја спаси! А за вчерашниот прес ми се излади малку главата, меѓутоа уште си останувам на истиот став. Дека беше паметно изрежиран од адвокатот за да го фати народов на емоции, да не го жали само семејството на Фросина, туку да ги хуманизира мајката и таткото на Васо. - Во превод не протестирајте, дозволете судот да одлучи, а видовме сите судот како претходно пресудил. А еве го и најгнасниот дел, од овој дел цревата ми се превртија, буквално устата почна да ми горчи и се јави гнев во мене да можам да го плукнам на улица Фрлање на фокус на други несреќи, класично дефокусирање, размлакнување на ситуацијата, па уште арогантно као аааа досеа не судевте ко шо треба, шо па сеа? И ќе ми кажувате дека родителите случајно го одбрале ова ѓубре адвокат, случајно закажале прес и случајно го кажуваат тоа што го кажуваат. Жал им е, не велам не, ама сето ова е направено за да го фатат народот на емоции за "две зацрнети семејства" и да пробаат пак да намалат казна и да го извадат од говна по којзнае кој пат. Се дури пак не утепа некој.
Па сите сакаме бе промени. Ама арно викаш, не сите сакаат да излезат. Ама не сите и можат. Некои зависат од работата баш во тоа време, може им се закануваат со отказ. Многу и се плашат. Многу се откажале веќе од се и знаат дека ништо нема да се смени. Премногу сме мирни ние затоа не дупат како сакаат. Треба да има кршење, викање, тепање, палење итн итн, на протестите. Да се исплашат малку и тие шо седат на фотељиите. Ама каде македончето такво нешто ќе направи, нема шанси. Само на трибините за фудбал и кошарка може, за глупости, иначе за такви битни работи ќе си молчи.
Дали некогаш нешто во државчево ни се решило со протест? Еден маркет незнаат да бојкотираат , клет народ сме. Овој случај може ќе се реши , се крена народот ок, ама што со другите? Викторија, Јелена …. И може уште 100 такви. и нив ги боли де исто и нема да биде фер .
Ако не може на протест, може на избори. Знаеш зошто никогаш ништо не сме решиле? Затоа што македонскиот народ нема водач. Затоа што се е испопикано во јавна администрација и сите се плашат да излезат на протест за да не ги отпуштат од работа. А во државно знаеш колку се платени полицајците, водоводџиите, општинарите и тн? -подобро да не знаеш. Смешки. Треба малку подалеку да ги гледаме работите. И пак ќе кажам, не е само до една судијка работата. Ај да речеме, со некое чудо, ќе добие 30 години затвор Васил сега. Утре недај боже, друг Васил ќе се појави, а тој Васил ќе има појаки врски. И што сме направиле? -ништо.
Се согласувам со целово мислење, многу подла стратегија искреирана од адвокатот. Фасцинантно ми е што покрај се, целта на неговите е иста - да го извлечат од гомна како знаат и умеат. Воопшто не ме изненадува, само ми е фасцинантно и одвратно. Воошто не им е жал за Фросина, жал им е што е потешко да го извлечат син им од оваа ситуација него ли од другите инциденти што ги имал. Дно на човештвото.