Родителите ако не сакале синот да им стане убиец, немаше да му ги прикриваат претходните дела. Се знае што носи употреба на алкохол, дрога и кола со голема брзина. Ако првиот пат не успеале, да сакале, ќе спречеле повторување. На адвокатот позната му е тактиката со манипулација на јавноста. Заради тоа и го најмија него, а не друг.
Devojcheto e zgazeno gotova e rabotata, maksimalna kazna e 8 god,retko nekoj tolku lezel. Treba menuvanje na sistemot za kaznuvanje,pogolema rigoroznost I povisoki kazni bez pomiluvanja,lezjechki policajci pred semafori,I kameri kaznuvanje.Sistem na kazni e razlichen za sekogo, mito,korupcija se ima. Vasil I site ko nago da bidat kazneti bez da go zaobikolat sistemot. I site da se revidiraat koi se na sloboda a zgazile chovek.Deloto ne treba da ima zastaruvanje.
Не, мене преку шундава ми е од истите работи да ги повторувам Пошто родителиве уствари сакале он да лежи затвор, сакал и он ама пошто судството ни е такво, не му дале. Они направиле ангел ама надвор го расипале. Они со свои раце го предале на полиција и суд ама државата го одбила. На крај на денот и да не се родителите криви, и да е Васил сам, не му е државата крива ако он не мисли што ќе се случи ако вози 130 во населено место. Васил уствари бил чесно дете, ама другарите го расипале. Ахам. Во школо и градинка ги учеле да возат пијани. Или скапо му било полагањето возачка па затоа возел без. Државата не ти е крива ако немаш совест и одговорност и емпатија.
Сте запнале законот да се менува. Кој закон? КЗ? Па ист е како швајцарскиот. Лично го преведував, ми беше за семинарска задача. Цело право ни е малтене исто како европското. Разликата е што таму се почитуваат законите и функционира системот. А овде кај нас како што вели Калина Коси е КОЧИНА!
Не знам, не сум проверила. Ќе го осудат максимално, има алкохол, брзо возење, зелено за пешак, плус има други дела. Не минува со 8 години, ама нема ни доживотна да добие. Мислам дека го класифицираа со умисла, сега треба да ја докажат умислата.
Не би рекла, Васо не може заради годините, доживотна е после 21 години, друго, за тоа дело нема доживотна казна предвидено.
Срц во шо сакаш ќе се кладиме дека нема доживотна да добие Палчо. Според мене треба 100 доживотни ама нема...
Ако го судат убиство со умисла мислам дека казна мах е 20 години, умисла е затоа што немал возачка и пијан седнал зад волан, возел над дозволената брзина кузнај колку плус. Дај боже да добие максимална, или можи ќе му дадат 17 и овие 3те, 20 ќе се соберат
Не може да го судат за убиство оти делото не е убиство. Башка за свирепо убиство со умисла е доживотна мислам, кај него е од областа Загрозување на безбедноста во сообраќајот со последица смрт со умисла. Казната била од 4 до 20 години.
И што е поентата на текстов? Дека сите родители се ангелчиња чии деца се уништени од државата и уствари вистинските жртви се...родителиве? Или дека треба да има билборди на булевар за да знаеме дека е опасно да се вози пијан? Како не ни текнало до сега.
Кажи ми да ти кажам. Многу интересно како вика до системот е и државата, не е до луѓето, ама уствари државата е луѓето, тие со моќ, тие што никој ништо не им може. Како она - не е до исламот, до муслиманите е. А исламот го држат, го создале, муслиманите Државата и системот не се виша сила, луѓе се со моќ, државата и системот се само творевина од тие луѓе. Од дрвјата не ја гледаат шумата. И ајде да речеме да фатиш врски за да те примат во болница оти си пред умирање и не те ебаваат (за малце имав слична ситуација во близина), или фаќаш врски да казнат насилник оти животот ти е загрозен, тоа е примораност ради нефункционални институции ама возење пијан со 100+ е скрос твоја свесна одлука и државата не ти е крива. Не гледам пак како државата те приморала да возиш така.
По пресудата, гарантирано ќе се намалува казната на апелација. Се надевам, медиумите ќе бидат доследни и навремено ќе известуваат за вакви ситуации, а јавноста да не остави да се протнат вакви глупости.
И јас ги читам рефератитњ на Калина Коси и сличните, но и на обратната страна која ги обвинува родителите. Прво, опасно е да изјавуваш дека за лигаво дете е одговорна и градинката, училиштето и другарите... оти во сите тие установи има и други деца, а само ова излегло такво. Не е можно сите да ви се криви, само децата да ви се во право. Од друга страна не се криви ни родителите толку колку што јавноста ги обвинува. Не е мало дете, 20 годишник е. На таа возраст не можеш да го спречиш за ништо. Дека институциите потклекнале е факт и покрај Васо, треба и таму некој да одговара.
Системските проблеми не ја исклучуваат индивидуалната одговорност. Државата има пропусти, точно, ама тоа не значи дека секој што расте во неа ќе вози пијан, без дозвола и ќе убие некого. Постојат многу млади кои и покрај хаосот во општеството, не прават вакви дела. Воспитувањето и личните избори играат клучна улога, а не само средината. Казната не е форма на линч, туку основен принцип на правдата. Лутината кај јавноста не произлегува од потреба за одмазда, туку од длабокото непочитување на законите и стравот дека одговорноста нема да биде преземена. Барањето праведна казна, не значи неконтролирана агресија, туку обид да се спречат идентични трагедии во иднина. Родителите не се само жртви на околностите, туку и активни учесници во оформувањето на своите деца. Воспитувањето не завршува со совети дома, туку со преземање мерки кога постои јасен ризик. Ако едно дете веќе покажува проблематично однесување, ако вози несовесно, ако е вклучено во недозволени активности, тогаш родителите не можат да бидат исклучени од одговорноста. Неопходно е да се бара подобар систем, но тоа не смее да биде изговор за нормализирање на криминалното однесување. Фактот дека полицијата и судството се нефункционални, не значи дека убиствата и насилството треба да се прифатат како неизбежни. Ако сторителите не се соочуваат со соодветни последици, тоа само создава клима на неказнивост и поттикнува нови случаи. Вината не може да се распореди на сите подеднакво, бидејќи не секој е подеднакво одговорен. Најголемата вина ја носи оној што го извршил делото. Доколку не постојат јасни граници меѓу личната одговорност и општествените фактори, тогаш секој криминал може да се оправда со системски проблеми. Тоа не е решението, туку проблемот. Сакам да кажам, текстот на Калина го разводнува концептот на индивидуална одговорност и ја префрла речиси целата вина на државата.
Жално беше денес во нг на маршот Али бројно Многу народ а 90%беше младина и многу ми е мило шо младината не спие и не ќуте
Види и луѓето збореа дека ги нема никаде не изразуваат сочуство, не им било гајле. Сега кога се појавија зошто не наведнале глава? Мислам…. Убаво пиша Луна , јас ја сфаќам целосно , зошто имам дете и сите ми викаат дека е фино воспитан ама јас за него утре неможам да гарантирам. За другиве работи не навлегувам дали го ваделе од затвор , дали му купиле кола и слично зошто се муабети од чаршија и јас не сум сведок. Зборувам општо , како родител .