За почеток, копилето, ќе одлежи 3 години и 10 месеци за неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства. Ова дело го направил на свои 19 години, прашање е колкав временски период се одвивало делото. Му биле пронајдени 84 кеси амфетамин, со што се поставува уште едно прашање, колку животи ставил во ризик? И од каде пари да ја набави оваа дрога? Секоја среќа што настанов зема медиумски замав, така, копилето, нема да се протне со некоја мала-смешна затворска казна. Претпоставувам дека неговите родители се многу горди на него, покрај тоа што е/бил дилер на дрога, веројатно и наркоман, дополнително над тоа копилето е алкохоличар и убиец. Мене би ми било срам да излезам во јавност и да ја релативизирам состојбата со оглед на тоа дека копилето влезе во притвор со телефон! Намената на притворот е осомничениот да не може да влијае на сведоци, со што, обвинителството, мора телефонот да го земе како доказно средство. Понатаму, ангажиран е навистина добар адвокат, адвокат кој се бори до крај, што значи дека немаат доблест да се соочат со фактите и ќе се жалат на секоја одлука. Цела недела им требаше да изразат сочувство! Родителите на Фросина ќе можат со дигната глава да излезат на улица, нивното дете не беше ниту наркоман, ниту дилер на дрога, ниту алкохоличар, ниту убиец, како и секоја млада личност, верувам дека била полна со животни остварени и неостварени соништа. Животот беше пред неа. За жал, едно размазено копиле, стави крај на истиот. Сочувство до нејзиното семејство и нека почива во мир.
Постои закон, не може да бараме што сакаме. Од обвинителството кажаа дека ќе бараат најтешка казна од областа на сообраќајот, а таа е 20 години. И сите дела да му ги соберат, нема да добие доживотна. Мислам ај да бидеме реални, што можеме и што не можеме.
Најголемата кривица е државата, никој друг. Многу ми е жал за Фросина, за сите жртви што имаат загинато заради вакви возачи. Никаков авторитет, никакво почитување нема кон законите! Затоа се ова се случува. Во ниту една нормална држава не се вози како во Македонија, пешакот се почитува, законите се почитуваат и нема лудување по улиците. А кај нас.. Немам зборови. Многу сум гневна на се што се случува во нашата државичка. Загревота сме. Страдаме сите, и тоа никогаш нема да се смени за жал. За Васил, се надевам дека ќе добие добри и години во затвор и дека нема да излезе никогаш! Исто се надевам дека ќе го научат таму како треба да се однесува идиотот, да му го покажат местото на маминиот син. А со тоа што неговите родители излегоа на прес, ЗОШТО? Не му е прва грешка на Васил па сега да се чудат каков монструм испадна од нивното дете. Брука. Такви како него, тој профил на луѓе никогаш нема да се сменат. Ужас и катастрофа. Се додека не се смени се од корен во оваа држава никогаш нема да престанат овие сообраќајки за жал. Многу е болно.
Наведнување на глава го пишав во контекст на напишаното од Луна - како дете што може да ти ја наведне главата,никој не може. И затоа кажав Ана не ја наведна главата , туку бараат минимална казна за синот. Така им се изјасни адвокатот нели. И не се чаршиски муабети за претходното дело. Нели го осудија скоро 4 години.
Секако дека се криви, како испаднал еден 20 годишник е директно поврзано со неговото израснување. Овие родители се плус додатно криви што му покажале дека што и да прави, како и да се однесува, секогаш ќе биде заштитен од нив и нивните врски во системот.
Затоа што е очигледно со одредена цел. Дали стварно сочувствуваат или не, не знам. Може се емпатични луѓе, може се психопати, поим немам. Не е ни битно. Она што е битно е што дури и сочувството што го изразуваат, вистинито или лажно, е само со цел манипулација. Да имале било каква доблест само ќе изразеле сочувство без никакви други коментари и додатоци. Навистина не сфаќам зошто секогаш се коментира и поаѓа многу лично во сите теми. Не се работи ни за тебе, ни за мене, ниту за било кои од нас во темава што коментираме. Разбирам зошто чувствуваш некоја доза на емпатија према неговите родители, ама сега ајде стави се и на место на родителите на Фросина. Се согласувам дека не може да гарантираш за постапките на детето утре, зошто секако си е посебна личност. Но, како родител сигурно може да видиш некои знаци дека нешто не е во ред. Апсолутно не се муабети од чаршија, туку се факти. Факт е дека немал возачка. Факт е дека колата била на име од татко му. Тогаш како ја возел? Или му ја дале, што директно ги инкриминира и нив или ја украл, што значи индиректно одобрувале, затоа што нема пријава против него за кражба на кола. Се ова се факти што ги знаеме сите. Добар и грижлив родител би реагирал многу поостро, многу порано. Добар родител и добар човек генерално, чие дете е веќе официјално убиец, баш би барал строга казна и би работел со детето понатаму да го смени тоа однесување. Цело време да го перат од одговорност, шокантно, само носи до тоа да е комплетно опериран од одговорност. И цело време ескалира. Денес убил девојка на пешачки. Да го исперат и од ова каде ќе запре? Добар родител би се запрашал ова.
Мене јасно ми е каков е нашиот КЗ конципиран. Кој го срочил таков поима немам, ама реално овој ќе излезе пак и ќе собере пак некоја личност по пат за 20 или намалени за х или хх години, ете времето ќе ни покаже. Да се надеваме во најдобар случај дека во затворот ќе се препороди и ќе стане светец во однос на криминалецот и убиец што е сега, ама ти или не знам која спомнавте како е во нашите затвори и што им се случува по излегувањето од нив општо и детално со реинтеграција, ресоцијализација итн. Ама ете времето и ова ќе ни го покаже биле реални или не нашите надежи и очекувања во однос на стварноста.
Дечки да ви кажам, случајов е јасен показател за тоа колку лесно некои луѓе го потценуваат животот на другите, а истовремено очекуваат разбирање и правно манупилирање кога ќе дојде време да одговараат. Ако некој на 19 години веќе е длабоко вовлечен во нарко трговија, тогаш не е случајна жртва на системот, туку активен учесник во уништување на туѓи животи. Не станува збор за лош избор направен во момент на слабост, туку за континуирано однесување кое покажува целосен недостаток на морал и совест. Секако дека проблемот не е само во Васил, туку и во средината (родителите) која го воспитала и му дозволила да стигне до тука без последици. Некој му ја дал првата можност, некој го покрил, некој го штител. И сега, истиот тој круг луѓе, преку адвокати и оправдувања, се обидува да го претстави како некој што заслужува втора шанса. Да прашам, колку втори шанси имаше дечково? И да прашам, каде е втората шанса за Фросина? Ова не смее да се сведе само на судска одлука и години во затвор. Ова треба да биде момент кога општеството јасно ќе каже дека ваквите луѓе не заслужуваат никакво правдање, особено кога нивните постапки веќе покажале дека нема место за толеранција. И да ви кажам, секое релативизирање на вината е плукање врз правдата.
Која држава е крива?? Па ние сме државата јас, ти и уште два милиона, сите ние сме државата. Митото и корупцијата е навлезен во секој атом на македончето. Работам со луѓе и гледам што се не прават само преку врски да се заврши работата, очите им играат, ќе збеснат, се ќе се преврте само да ја завршат работата преку врски и тоа знаете од кај потекнува од најстарите, нив се им се може.
Затоа неколку членки напишавме кон што треба да е фокусот, измена на висината на казните, доследно придржување и до оние кои досега се на сила, да се измени нешто околу таа црна точка по патот, почести контроли во сообраќајот и да се дава морална поддршка на тие кои таа вечер изгубија здраво и право девојче, сестра, роднина (ако не на друг начин преку физичко присуство на протести еве вербално преку осуда на нешто што нема оправдание).
Крива е. Таа направи да има мито, корупција и да не се почитуваат законите. Да имаше нормален на чело, и да се водеа стварно казните и законите нема да доаѓа до ова, да умираат млади и да возат ко ненормални. И за ред други работи што се случува во Македонија. Ако тие не сакаат да примат и ќе речат НЕ, нема да му се изнуди нема да фаќаат пријатели за се.
Се што мислам и јас, одлично напишано, поентата е таа. Велат на грешките се учи. Овој направил којзнае колку грешки во сообраќај, и не ни отишол да полага, удрил друго лице. И наместо да научи од сопствените грешки, тој дополнително нагазил на гас, оти знае дека каква и грешка да направи, неговите ќе го извадат. Можел да си стаи прст на глава и да си рече, чекај бе, може да утепам некој ако не се приберам, ама тоа не е случај. Ако не го казнат соодветно, пак ќе излезе, пак ќе утепа некој. Треба ли уште жртви да има оти родителите и судот не знаат стоп да кажат? Тој што ги удри кај млечен парот каде мажот умре, а жената го изгуби бебето веќе имал исто направено претходно сообраќајка со тешки последици. Се опраил ли? Не. Ама ќе се караме ние тука кој потфрлил, да не сме ги обвинувале родителите, и нив тешко им било. Потешко од на семејството на Фросина не им е.
Ама јас ти викам ние сме државата. Денеска од 10 луѓе што ќе ми влезаат сите сакаат со врски да се ушалтаат, немаат трпение да чекаат, ми вика има да ме прими и оро да игра, и сега што? Мислиш дека има некој трпение и нерви секој ден да ги иправа сите тие луѓе дека работите не одат така, секако дека НЕ, отсекогаш функционирале на тој начин, тотално беззаконие во секоја сфера, ама тоа почнува од секој поединец, од нас самите.
Па еве викаш јас ти државата. Ги пушташ пред ред? Ако јас почитувам, ако ти почитуваш, и ако има санкции за тоа не почитување на правилата нема да дојде до ова да се прават протести за да лежат во затвор, што и треба да имаат најголема казна без луѓето да протестираат. И нема да дојди со смрт ако предходно сите возачи се санкционирани затоа што возат како ненормални.
Балончето што го пушти ќерка ми ќе оди кај дадичката на небото, во нејзината куќичка и ќе и биде многу шарена и таа ќе се радува на сите балончиња од денес. верзија на ќерка ми која многу ме трогна, а ми тежи се од денешниов протест, на душава. правда за Фросина
Јас и да не ги пуштам, ќе најдат друг што ќе ги пушти, менталитетот кај тие луѓе е тој и нема да се смени. Вака на тестатура е многу лесно се да се каже, сите сме јаки и сите знаеме како треба ама реалноста е многу поразлична.
Ова! Ова е клучното! Вкоренето ни е тоа на балканците во менталитетот дека со врски, со мито сé се завршува. Кога ќе се смени тоа кај поголем процент од луѓето тука, работите ќе тргнат на подобро!
Секој втор ден има објави како оваа:https://sitel.com.mk/91-godishna-skopjanka-izmamena-za-300000-denari Кај шо се јавуваат кај стари лица и им кажуваат дека внукот/внуката изгазиле дете и треба да платат ако сакаат да не одат в затвор....и СИТЕ плаќаат. Толку од муабет за мито и корупција.
Правда за Фросина. Ужасно, не саламно возење, стануваме од дното поголемо дно, а подолу од дното шо има. Факт кај нас во град, секој вози над дозволеното и чат пат се исилуват над 100 дечишта во најголем случај. Па еве искрено страв ми. Е да поминам на пешачки, ретко кој да ти застани, и тоа те гледа со дете. Значи да се плаши човек да помини. Нула култура на возење. Стока од народ, за ништо не не бива. Не го оправдувам и она јавен линч против родителите, кога најискрено системот не чини и они шо најмногу критикуваат се најголема стока во градот. Не само за возење ако се гледа , општо културата 0. Народот не го бива, но се надевам ќе се воведат поригорозни казни за се шо ни се случува, да не можи да се мрдни,па ако сакаат нека си тераат,но кога ќе немаат парички казни да платат ќе се опаметат. Ќе се сменат работите. За се казни да има ќе се види после подобар живот, од ѓубре фрлање, до палење, до убивање кучиња, до возење брзо и за се така, само така ќе се опаметиме.
КЗ колку што јас го знам (а не сум правник, лаички читам закони бидејќи ме интересира) кај нас е сосема ок. Единствено што би променила е тоа дека лице под 21 година не може да биде осудено доживотно - поради опасноста од слични случаи како Рибникар и Мало Орашје/Дубона. Такви криминали заслужуваат доживотни казни, конкретниов случај колку и да е грозоморен, не верувам дека во било кое демократско општество би успеале да извлечат доживотна казна. Од проста причина што и покрај сè што правел, не излегол од дома со умисла да убие. Сите постапки довеле до тоа, но не е дека Фросина ја видел, па намерно продолжил кон неа да ја удри. Никако не барам оправдување за него, да се разбереме, туку КЗ ми е сосема ок, ако се почитува.