Јас не видов никој на форумов да го оправда, не ги вртете муабетите. Дека е крив, крив е. Дури и на црвено да поминала (што не е случај според тоа што досега е објавено), пак е крив, возел многу над дозволеното, без возачка и под дејство на алкохол, нема тука што многу да се полемизира.
Ај сега не претерувајте, не може да има доживотни казни за зависност. Не сите што користат нешто одат да убиваат луѓе на улица и тоа е скроз друга тема што не треба да се меша со комплексот на никој ништо не ми може. Јас првпат слушам за вакво нешто, ама како и да е не мислам дека менува нешто многу. Бидејќи трепкавото жолто значи дека треба да успориш, пешаците имаат предност.
Да не било со умисла Фросина да ја убие, ама било некого да убие. Тоа е како јас да пукам во воздух кај што има куп луѓе околу мене и после да сум изненаѓена ако некого погодам. Или овие што вршат терористички напади. Они немале намера баш Петко и Станко да ги убијат, Петко и Станко погинале оти се нашле таму случајно. Ама тоа што го направиле сторителите (пукање, бомба, возење во толпа народ) е со смртни последици и не може да ги оправдаме дека не излегле од дома со умисла Петко да го убијат. Се однесувале крајно опасно каде има луѓе. Толку. Дури во светот, возење кола на било каква пешачка зона се третира како терористички напад. Е сеа дивјаштво со возила по улици каде исто така се движат луѓе иако е "полесно" од терористички напад, треба да се гледа на тој начин
И да се изменат законите тоа нема да важи за Васил и другите Васили што направиле до сега прекршок. Ама доволно е да почнат да се спроведуваат постоечкиве. И додека се бара правда за Фросина згазнаа уште барем десетина луѓе за кои исто така нема да има правда.
Ќе цмиздри сеа на ТВ, па уште другата мајка да и се обратила за помош. Лол Нема на кого, на тебе ќе ти се јави, што своето дете не со успеала да го воспиташ. Судијката има крв на рацете, ама она не стиснала на гас и не кренала 150 на најпрометната улица во Скопје. Девојка му место да му се дере “смири се, смири се” откако го убиле девојчето, можела да му се деси да намали брзина. Отпад од општеството, бескорисни и без емпатија, па сега ќе се трескаат од земја дека им е жал. Мрш бе говеда едно. Гнев ми ствараат.
Зошто родителите на Фросина не се чисти? Детето им поминувало на законски пропишан пешачки регулиран со семафор кој во мометнот кога Фросина пробала да премине бил зелено, за возачот црвено. Како може ти да имаш кола и да не знаеш дека ја вози некој друг освен тебе?! Ај не виделе на помината киломеража, по бензинот не знаеле? Ајде и ова на страна, детето им било фатено со огромно количество на дрога, претходно имало друга сообраќајка, тие наместо во институција го пратиле во Бигорски на лечење и велат имало резултати детето престанало да пие и пуши. На последната слика на Инста што ја објавил нивниот син е со алкохол во рака (сигурно не пиел сок од јаболко и бил со поголема количина алкохол од една чаша) и возел со над 150 на саат. Родителите си ја виделе ќерката прекршена на столб! Не знам какви монструми има во вас, ама на форумов имате многу страшни испади... Ви реков дека жртвата ќе ипадне виновна на крај. Да се засрамите за ваквите муабети!!!
Така кажаа првично после сменија дека на зелено поминала. јас се прашувам само зар не го видела дека лета, да не тргнува воопшто Оти он не застанал никаде со таа брзина , еве и да не работеле семафорите ало ова е брзина за автопат. Излези на автопат па крши глава таму. И нека има полиција на секој чекор. Јас полиција не гледам веќе узвесен период никаде. Види го не застанува на пешашки пушти му се одма. онојпат идејќи на работа еден пред мене си тргна на црвено полицијата позади него. Абе оди пушти му се кога он нема памет , земи му возачка! колку од нас се осеќаат безбедно? Никој. Ниту кога возам, ниту кога сум пешак. Отворам четири очи но некогаш и тоа не е доволно. Толку нема сообраќајна култура само гледаат да се пикнат демек ти глупа ние паметни, први се на свирка ако не тргнеш одма на зелено а и ретко кој почитува брзина. Копито до копито све .
Ако сакале да изразат сочувство, можеле веднаш и можеа веднаш да се појават во јавност, а не откако ги поучи адвокатот и се крена врева. И не пуштија видео оти беа откриени предвреме. Зошто не рекоа самите „ако сме одговорни, стоиме на располагање на институциите и ќе сносиме одговорност, а за Васил бараме максимална казна согласно закон, затоа што загубата на другото семејство е голема и тоа девојче нема да се врати“. Зошто вака не кажаа? Ако ве премислија со ред мрсули, значи сепак не сте стабилни и менувате мислење од час во час. Се сеќавате дека кога Бобан Илиќ го прегази детето во Куманово, татко му за Тв 21 кажа „јас се извинувам на семејството, ние детето не можеме да го вратиме, но син ми ќе одговара според законите“, а за тоа што мерцедесот беше со дупки на стаклото, и што син му беше со крвава глава(се појави после слика со растечена крв и исцепена глава), тој не ни спомна, покажа осет дека тепачиве што се собрале цела сурија изгубиле дете. На ова не се сеќавате? И тоа семејство беше линчувано од Македонците најмногу.
Последно прочитав, оти има камери на тие семафори, дека било зелено за пешаци, а во левата лента немало возило, додека во останатите две ленти веќе биле запрени возила. Васил, кој возел во средната лента, кога забележал дека на семафорот имало застанато возило во неговата лента, веднаш се престроил лево и тука настанал ударот. И да бил семафорот исклучен(трепкачко жолто), доколку имало застанати возила за да ги пропуштат пешаците, требало сите да застанат.
Говедо. Другите глупи , он паметен. За жал многу пешаци имаат настрадано на овој начин , од вакви амеби
Не знам зошто не би им го кажала, кога тоа се фактите и законов е ваков во повеќето ЕУ земји. Нив нема да им олесни ни да го обесиме на плоштад.
Тоа не е неработење на семафорот, на повеќе пешачки доцна ноќе е вака, што е уште поголема глупост од негова страна ако е вака (10 мин порано УРЕДНО РАБОТЕА). Ако трепка семафор, посебно за пешаци, тоа е за да не стоиш бадијала, туку НАМАЛУВАШ, гледаш дали има некој на пешачки или застанат чека да појде, и го пропушташ пошто има предност. Ваков семафор 24/7 трепкачки има на бул. Климент Охридски.
Не ми се верува… нема казна поголема од 3 години.. тој па уште во Тетово се жалел дека му е голема и овие од суд се согласиле па му ја намалиле на две… Три години за дете?? Три години за човечки живот?? ТРИ?? Боже.. не знаете колкав гнев имам.. а па тие што не ни лежеле… кај ви е совеста бе луѓе? Како живеете понатака?