Па можеби не му запалила врската таму... ? Во секој случај страшно е ,па и ај сеа колата моја беше ќе се вадиме А и да била нејзина кога ќе видам еднаш ми ја ,,украл" во сеф ќе го затворам клучот. Пресот не го гледав ама одлично прашање би било како ќе се чувствувате ако со 130 се закачил во бандера ? Дали тогаш би размислувале дека ете да речеме ја крадел колата требало да превземат мерки порано или ок е да ја зима знае да вози ?
Боже луѓе, шо е ова, откако беше прегазена Фросина, од тогаш секој ден читам дека некој е прегазен. Ете, денеска пак прочитав, некој бил прегазен во Штип. Аман. Никакви закони на нас не ни помагаат, се додека не почнат да се спроведуваат.
Не мислам дека КЗ ни е потполно добар. Има дупки. И ни требаат подолги и построги казни. Немање наполнето 21 година е глупо ограничување. Вакви створови треба да добиваат доживотен затвор без разлика на годините. А и смешно е 20 годишна казна да се нарекува доживотна.
Во Србија во 2014 беше убиена Тијана Јурич, едно од најбруталните и најжалните убиства што се имаат случено таму. Девојчето имаше 15 години. Татко и, Игор Јурич после тоа не застана, гостуваше во преку 500 радио емисии, телевизиски емисии, интервјуа и слично. Основаше и непрофитна организација. После речиси цела деценија, во 2023 година како резултат на неговиот активизам и залагање за заштита на децата во Србија, официјално се имплементираше Амбер алерт. Пред само два месеци со помош на овој систем беше најдено 11 годишно изгубено дете во Белград после само неколку саати. Човекот не е застанат буквално, после цела деценија како лав се бори на ниедно друго дете да не му се случи тоа што се случи на неговото. Така што, се надевам дека истиот порив ќе го има и Тодор кај нас. Дека тоа ќе му биде ѕвезда водилка да не се откаже и да притиска силно се дури бар не се случи некаква промена кај нас, колку сака нека е мала. Не дека некому му е лесно или мерак да организира протести или да се оди по емисии, ама некои луѓе така се носат со болката. Се надевам дека ќе има сила да тера до крај, го чека цело семејство пеколен пат против чмарови од институции во скапаницава држава, ама мислам дека цело семејство нема да дозволи ова да остане само уште еден наслов во црна хроника.
Законите ни се прилагодени така што да се зачува основното човеково право и на секого да му се даде шанса да се смени.. Конкретно кај нас, а и во скоро сите ЕУ држави, доживотен затвор се дава само за свирепо убиство на повеќе луѓе, за тероризам, и некаде за педофили, за се друго казните се дефинирани на тој начин што на обвинетиот му се дава шанса да си ја сфати грешката и да се ресоцијализира во затвор.. Конкретно за Васил, дали треба висока казна, од 10+ години, треба, ама дали Васил ќе се смени во затвор, и ќе искочи ресоцијализиран, не верувам.. Ист ќе биде и кога ќе искочи, а за некоја година мн веројатно главен дистрибутер на дрога ќе им биде во Идризово..
Точно, од затвор бетер искачаат и оние за лесни дела што лежат искачаат пореметени оти кај нас затворите се се, само не воспитна установа.
Леле кое спинување, хорор! Па, и тие што те лајкнале, очигледно ради лични побуди не го прочитале постот до крај. Имено, надвор од случајот зборувам дека политички и правно не се чисти родителите на Фросина. Зошто го напишав тоа, образложив неколку страници поназад, каде воедно реков дека не е ни битно за истрагава, туку ради медиумите. Ама на кој како му се чита, нАли? Па, уште муабет убиеното девојче било криво кога ме цитираш, иако акцент ставив на максимална казна за Васил. Страшни сте, страшни ...
Свесна си дека секогаш исти ти се очекувањата и после се заборава се? За жал. Така ќе биде и сега. Они правдата ќе ја добијат, ама фаќањето на врски нема да престане. Уште болните пред онко ќе молат за терапија, уште ќе се газат по пешачки. Оти уште притискаме преку познати и фаќаме врски.
Некој пишуваше дека таткото е вмешан во настаните од 27 април, не знам дали беше ти. За жал мислам дека и двете страни потегнуваат врски за да си ја постигнат целта и на крај пак нема правда ако се користат врски. Промени од корен ни требаат ама прво треба да почнеме од самите себе и комплетно да си го смениме мајндсетот и да си прифатиме дека за секоја наша постапка сносиме одговорност.
Нека ми се. Немам проблем со тоа. Така викаа сите и за јавна соба, па се воведе дело демнење. И за Пале од Велес цела Македонија се дигна, па доби ослободителна пресуда. И најмала промена да се случи, јас сум океј со тоа, подобро ми е така него дома да седам.
Како испад некој може да го доживее и твоето романтизирање на Раде Штекли и правење хехенца за тоа како еден наркодилер (колега дилер на Васил, поврзуван со убиство на млад фудбалер) кој уништил еден куп детски животи е пресекси, пренајјак и пренајзгоден. Али ете никој не се сети да ти ги спинува тие коментари и да бара потенцијален монструм во тебе.
Каде Кате се крена цела Мк за Пале? Имаше протести? Се погоди совесен судија. Ако се смени нешто со Пале, кажи ми што стана со жената од Крива Паланка кој си го уби мажот и свекорот, оти ја тепале со години и често спиела пред врата? Во притвор е. Овде знаеш зошто ќе има правда? Оти таткото има ВРСКИ! Другиве ќе одат по протести и ќе чекаат правда која во оваа држава никогаш нема да ја добијат.
Јуле, не брзај со заклучок. На Тодор не му е џабе специјалниот поздрав. Мора да се врши притисок. Да повторам: Не ги обесхрабрувај членките. Мали бројки не допираат до политичарите, ама поголеми можат да ги подзамислат. Ќе кажам дека после толку случаи нема да очекуваат молк. Овие денови медиумите убаво потсетија и на претходни трагедии со несоодветна одлука. Само јавноста да не попушта.
Мене не ми е јасно како може да застарат дела кај што има вклучено мртов човек. Значи не збориме си користел марихуана, си украл леб, туку си убил човек. И си бегаш и делото ти застарува? Еве стварно не ми е јасно, не сум правник и не ја разбирам логикава.
Во случај кој завршува со смрт на нивното дете ти велиш дека родителите на убиеното девојче не се политичко правно чисти. За каков спин зборуваш кога самата велиш дека родителиве не биле политичко правни чисти? Треба да си тешка будала заебанциите за Раде да ги споредиш со сообраќајка со смртни последици во која роителите си го виделе детето прекршено од столбот а некој вели дека тие не се политичко правно чисти. Јас и претходно реков дека позади Васил биле сите политички партии и дека за жал со ваков распад систем сите сме потенцијални жртви. *Кога ќе пишувам заебанции за Раде слободно цитирај ме во соодветната тема, не го собирај чемерот во душичката може да ти се потслоши од притисокот.