Изгледа така и треба. Во времето на нашите баби немало вакви работи. Баба ми сама го родила татко ми. А во денешно време ситуацијава е катастрофа. Да се молиш на Господ пораѓајот да е како што треба. Среќа што двете породувања (спонтани) ми беа како што треба. Родилката ја оставиле да искрвари. Па дали се тие нормални?
Господ да не ми пиши грев, ама не знам зошто мислам дека тие ја имаат заборавено жената на бокс. (Види спојлер) Кога видоА дека матката не се стега и крвари ја извадоа, но касно. Spoiler: :( на мм снаа од прв братучед на гак ја заборавија на бокс и и премрзнаа нозете
Види Верувам дека секој што работи греши Грешиме сите, тоа е факт Но тука се работи за човечки живот Доколку не се чувствува персоналот доволно одморен, сконцентриран и спремен за работа воопшто не треба да почнува смена И надлежните, шефови, газди, министерот за здравство... Треба да го имаат тоа во предвид Болниците не се фабрики па ајде ако се случи грешка ќе оди во расход
А ги видел како пијат или само како купуваат? Не кревајте паника сигурно и тука има пациенти во таа болница...
Не е возможно тоа, така мислам и се надевам во право сум. Собата кај што седе персоналот е одма спроти родилна сала. Јас се породив вечерта и во 10 часот ме оставија во соба, бев сама, никој од персоналот таа ноќ не ме ѕирна. Среќа бев будна, не можев да заспијам па што и да имаше можев да викнам некој.
Дај боже да грешам Аиии колку ми е жал за жената многу премногу па и статус пишала дека има синче. Жално многу. Кутрото бебенце Од најголема среќа до најголема тага во неколку часа. Нека почива во мир
Бог да ја просте полошо од ова нема. Мајката може да роде и друго бебе, а бебето не може да ја роде мајката. Жално, жално. Пред година и пол исто почина родилка со бебето на царски рез,секакви дезинформации се пласираа на нет што апсолутно немаа врска. И во овој случај не верувам на сите работи што ги пишува на нет
Многу лошо,греота жално и трагедија. Одбегнував да читам за случајов што ми требаше сега да прочитам. Дај боже да откријат до што дошло и ако се криви докторите да се превземат мерки да не се повтори на друга родилка. Од ова најмногу се плашам најискрено но сите господ да не чува.
Не, во Штип беше ова 2016 год. Родилка почина заедно со бебето. Се шпекулираше дека тогаш персоналот бил на протест во Скопје и имало само една сестра на одделението што не беше точно. За тој ден имаше закажано царски рез и операција хистеректомија. Секакви глупости се пишуваа тогаш по нетот.
Не верувајте слепо на порталите Мора да напишат нешто за да свртат некој денар Не размислуваат што пишуваат и со тоа дали ќе исплашат некоја трудница или ги повредат семејствата на починатите...
Оф бе тоа овде види на форумов што се пишува како паничат а непа новинарите. @forumce и @duffi Не сум слушнала за тој случај,имаше тука случај во чаир почина родилка ама си имала здраствени проблеми и сакаа да ги окриват докторите а немаше врска.
И оваа имаше друг проблем. Не би да пишувам овде, а знам некои работи. Да не даде Господ на никој повеќе.
Случајов ме потсети кога лани исто вака почина жена на близок другар на дм и никогаш не се разјасни зошто. Страшно, овие случаеви се најверојатно лекарска грешка. Нека почива во мир.
Да, жената дојдела со ужас крвна слика и некои симптоми на тежок инфект.Беше препраќана од одделение на одделение, на крај ја пратија овде ама прекасно.
Па добро бре, зарем чекале да се дојде до породилни болки за да се утврди лоша крвна слика и да се детектира постоење на инфект. Се прави крвна слика, анализи, се детектира истиот и се дава соодветен антибиотик или сл. Па и баш доколку виделе дека е комплициран случај требало да се обрне внимание и нега. Која непрофесионалност од цел колектив.