Како што знам убиства не застаруваат. Ама пошто сообраќајки со смртен случај не се смета за убиство, не е ништо поинаку од обична сообраќајка
Ако мислиш на убиството на Мартин Јанушев, изгледа дека и тој беше вмешан во бизнисот и им сметал на некои помоќни од оние за кои тој работел веројатно. Па затоа најверојатно го убиле.
Кој е следен имаат повик за инфлуенсери?! Посебен повик за инфлуенсери. Не ми се допаѓа во кој правец оди страната. Секоја чест само за @marama што споделуваше кога беше потребно.
Кога сме веќе кај инфлуенсерите, јас не видов никој од нив да сподели нешто од страната, од протестот или пак да се појави на протестите..можеби грешам или сум испуштила.
Во врска со инфлуенсерите. Тие и немаат професија и ги направивме луѓе буквално 99÷ се без професија и занимање. И истите живеат ко бубрег во лој врз основа на лајковите од обичниот народ. Многу нормално дека треба да се вклучат во акцијата, како што знаат да бараат ричови за реклами, треба да работат и за општо добро. Нивната лицемерност се гледа во тоа дека никој не агитира за протестот. Во Србија ги кенселуваа сите што останаа неми на протестите. Инфлуенсерите се една голема нула без нас.
Треба да се вклучат, ама не да чекаат некој да им каже или да ги повика (за надомест?). Тоа доброволно се прави, врз основа на свесноста дека имаат голем број следачи. И ние како србите, па да си фатат нормална работа.
@JuLleE мило ми е што барем ти ме сфаќаш што од почеток кажувам дека лигушов згази погрешно дете. Да беше некое ни видено ни чуено, мама и тато пак ќе го спасеа, ни ќе знаевме ни ништо.. Никаде во светот не е идеално ама како што кај нас на балканов е корумпирано... мислам никаде не е.
Не знам дали сте млади, дали ви е природно да сте негативни и мрчаторски настроени. Не ги памтите протестите за Мартин Нешковски? Беше симпатизер на тогашната владеачка партија и брутално убиен, убиството сакаа да го прикријат, протестите во тој даден момент беа успешни, да не се сокрие делото и да се осуди убиецот. Чие дете беше Нешковски? Слободно исповрзете и овде политика. Вие сте тие трулите во системот. Не можете да прифатите дека има совесни и одговорни граѓани меѓу вас. Ако е нешто успешно е затоа што е поврзано со партија, ако не е, тогаш мора да е поштено. Бљак.
Не сме млади и имаме видено многу убаво како функционира системот. А за Нешковски се крена фама зашто го убија на митинг на ВМРО, и тоа од цајкан и беше во ибтерест на ВМРО да се заврши брзо работат и Игор Спасов да биде во затвор. Да беа други околноати ќе беше: Издрогиран беше умре од предозираност или слични глупости за заташкување работи.
Вмро го криеше случајот цел ден. Какви околности какви бакрачи. Да немаше протести ќе си останеше "издрогиран"/несреќен случај, а не реалноста дека е претепан до смрт. Зборевме за целта на протестите и дали и какви промени прават.
А СДС го искористи случајот за нивните протести спонзорирани од СОРОС за подоцна да го ослободи убиецот со одлежани едвај 2-3 години
Така де, реков јас политика во се ќе вмешате. Или си од партија и искачаш на протест или си за греота и мрчиш по дома, трето нема. Уживајте дечки, седете дома, не е проблем, не мора ни поддршка да дадете, ама не ги обесхрабрувајте тие што ви викам дека постојат и се желни и спремни за промена во системот.
Мартин е една од најболните точки во ова општество во последните години. Убиено младо дете, искористена болката на неговиот брат за политички поени на опозицијата, која само што дојде на власт го ослободи убиецот. Не знам во каква состојба е неговото семејство ама се надевам дека некој ќе смогне сила да побара правдата да биде задоволена. Има толку случаи што треба да се отворат повторно, жалосно за сите жртви кои си отидоа а нивните убијци се извлекоа.
За Нешковски немаше да дознаеме да не отиде жената што го видела убиството во А1, снимена беше во нозете, раскажа се, и не сакаше да открие идентитет да не дојде полицаецот да ја здроби. Немала доверба во полицијата и не отишла таму. Тоа многу кажува за нашиве институции, институции што кријат убиства. Уште пуштаат мрсули зошто имало протести против диктаторот. Веројатно им е сосема ок да живеат во држава каде полицаец ќе ти издигне на клупа два-три пати додека не испуштиш душа и никому ништо. Тоа е државата, тоа е народот, брзо се заборава, па има мрсули колку било фино во тоа време. И до денес кажуваат платени биле тие што протестирале. Па да не го убиеја дечкото и да не криеја, немаше да има протести, ама платени биле, така тврди Македонец што живее во држава џунгла. А тоа што убиваат, кријат убиство, тоа многу кажува за моралниот комплас на тие психопатите, бегалецот и брклата што сега пушта мрсули имала дете, да ја жали народ.
И јас 100% се сложувам со ова и пак ќе кажам не е фер за другите жртви , правдата да биде иста за сите
Се надевам само за тие година што ги осудиле , таму некој ќе им покаже како е да се иживуваат на девојче , абе ова со казниве ко виц да е ! Толку судења за една година затвор а девојчево навек обележено!
Сега ми излезе во живо за пресуда за убиецот на Емилија Пешева, доби доживотен затвор. Една асална пресуда. ЕДНА!