Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    Не ја напаѓам, ама...
    Е кажи де.
    Си го барала.

    Како може 14 годишно девојче да сака да се најде во таква ситуација, не знам.

    Мислам дека никој не сфаќа што сакаш да кажеш, а уствари сите сфативме дека сакаш да кажеш дека си го барала.
     
    На crimson, smooch, Adidas888 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.927
    Допаѓања:
    16.931
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се работи за истата особа. Девојкава со голема брзина возела на автопат при што удрила во кола, работници што се враќале од работа Скопје-Велес. Знам дека млад човек на совозачкото седиште од Велес го загуби животот, дечкото што возел со тешки последици, а другите двајца да не шпекулирам не сум сигурна што се случи со нив.
     
    Последна измена: 12 февруари 2025
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.383
    Пол:
    Машки
    Малата возела? :o :|
     
  4. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    Значи девојчето е дете во ризик и дете во судир со законот. Некој возрасен го вовел тоа дете во светот на дрога,алкохол и проституција. И тука треба да се прашаме каде било надлежното ЦСР. Инаку,за жал ,точно е дека децата во ризик се многу лесен плен за силувачите. Тоа не значи дека педофиливе од Велес треба да бидат со иницијали ,бидејќи тие педофили би силувале и дете кое не е во ризик кога би им се пружила прилика (тука им се пружила прилика па затоа се собрале монструмите) . Со име презиме и слика треба да бидат објавени сите тринаесетмина педофили!!! Неспособни мажиња,педофили!Бедници!

    Детето иако не е цвеќе за мирисање,па дури и повеќето да не сочувствуваат со тоа дете ,тоа не ја прави помалку жртва во споредба со било кое друго дете. За законот е дете а силувачите се педофили.
    13 ,,мажи,, се изживувале со четиринаесет годишно дете кое најверојатно било дрогирано и пијано. Одвратни неандарталци ! Гадови!

    Гарант неспособни се за жена. :punch:
     
    На Чанта, crimson, Adidas888 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    Не сум адвокат на Поли но убедена сум дека сакаше да каже дека детево бидејќи се бавело со проституција поради таа причина и се нашла во таа ужасна ситуација .

    И не е во ред да ги напаѓаме луѓето кои не сочувствуваат со жртвите бидејќи верувајте има категории на луѓе кои се убедени дека никогаш не би се нашле во такви ситуации и за истите немаат разбирање. НО законот треба да е ист за сите,без разлика дали народот сочувствувал или не.

    Тоа дете од 14години воопшто и не требало да се бави со проституција ,дрога итн... ЦСР е надлежно за децата во ризик и треба да ги заштити,рехабилитира и ресоцијализира. Поради кои причини детево останало вака без родителски надзор и заштита си знаат во велешкото социјално.
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.778
    Пол:
    Женски
    Лелеее јасно кажа дека мисли на проблематичен лик дека била девојката и сто пати кажа дека не подржува силување.
    Го тупите две страни без врска, апла ви е досадно.
     
    На Bubish26, nice-girl, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    836
    Пол:
    Женски
    Нели е 14 години, како возела и тоа на автопат?
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.690
    Пол:
    Женски
    Сите мислат дека жртвата е жртва, сѐ додека е нетрадиционална жртва. Не мора да кажете гласно дека мислите оти некои "си го барале", се сфаќа измеѓу редови. Кажете си, мислам дека ако се со проблематично однесување сами се криви што се нашле во таа ситуација. Зашто тоа е доминантното мислење(барем надвор од фемина), нема потреба да се правиме наудрени.
    Ова е нешто што има слоеви и слоеви кои треба да се анализираат.
     
    На crimson, smooch, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    3.268
    Пол:
    Женски
    Едниот од нив е женет и има мало девојче колку ќерка ми, другиот се ожени сега.
    Не знам зошто не се јавно објавени ама тие што се од кај нас, ние ги знаеме и поубаво што ги знаеме, да знаеме од кого да заштитуваме!

    Овие двајца ги знам оти се од мој крај, Велешани би требало да ги знаат и останатите..

    Дете е дете.. Некој го вовел таму кај што било тогаш, ЦСР не реагирало, а овие "семејниве луѓе" (па и да не се семејни другиот дел, скроз небитно) се изживувале, и не знам со што да ги споредам, оти се ДНО!
     
    На Чанта, crimson, Adidas888 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    21.825
    Пол:
    Женски
    На другарка баба вака и земаа пари. Другаркава иде дома, баба и е во филмот што и е направен по телефон, дека несмее да збори со никој, дури ни со внука и на темава. И се претставиле дека се полиција и дека внука и е со скршена вилица и неможе да збори. Другарква 40 минути неможела да разбере што направила баба и, а и баба и од филмот во глава да сфати дека внука и е пред неа и дека збори.
    И камери се проверија и се, добро уиграна екипа се.
    Другаркава па и во полиција работи плус, ама немаат траг.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    5.538
    Пол:
    Женски
    Истата особа е.
    Да проблематичен лик е. И не реков си го барала, само реков има разлика од дете до дете.
    Едно дете нема да се најде во ситуацијава, друго се нашло. Тоа е разликата.
    Значи не е ова силување на улица, па да браниме слепо жртва.
    Да тие се скрос жртви. Без разлика на тоа кои се, какви се.
    Исто како што сите на 25 години, не се силувачи.
    Да пишела на некој разумен, ќе ја фател за раче како детето што е и ќе одел кај нејзините. Вака и вака.
    Ама цел сплет на околности, донел до ова.
    Дегените се силувачи, детето не знае за подобро.
     
  12. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    5.538
    Пол:
    Женски
    Во 2020 била 14 години, кога и се случувало ова.
     
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.730
    Пол:
    Женски
    Ама буквално цело време викаш си го барала. Не ги искуца експлицитно тие зборови, ама тоа кажуваш цело време.

    Значи викаш има разлика од дете во дете? Што е разликата? Едно ќе се најде во таа ситуација, друго нема. Па после подоле и дообјаснето дека не треба слепо да се брани жртва. Мислам можеше дури и комотно жртва во наводници да го ставиш. Пошто ти така ја гледаш. Како "жртва".
    Ако твоето "разликата е едно дете нема да се најде во оваа ситуација, друго ќе се најде" е на исто ниво со значење како "едно дете ќе носи бели чорапи, другото црни" немаше потреба да го напишеш. Ама го напиша, пошто не значи тоа. Сакаш да кажеш со други зборови сама си го барала. Или попрецизно, нејзините одлуки во животот ја довеле до тоа да е силувана, јбг.

    Помеѓу нејзините на кои очигледно многу им било гајле за неа, социјалните служби кои исто така многу им е гајле за неа и силувачите, еве не знам зошто не пишала на некој. Очигледно била опкружена со психички здрави луѓе, полни со љубов и разбирање. Може требало да пише тука на Фемина, каде се прават ментални гимнастики да се намали одговорноста на силувачите, со тоа што се става целата на 14 годишно девојче.
     
    Последна измена: 13 февруари 2025
    На crimson, smooch, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.690
    Пол:
    Женски
    Да, не се исти деца. Она била двојна жртва. Бидејќи деца кои се занимаваат со проституција се деца жртви на тој систем, воведени и (ин)директно принудени. Не знам зошто објаснуваме основни работи.
     
    На crimson, smooch, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  15. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    2.953
    Пол:
    Женски
    Луѓе и да се бавела со проституција - убаво е напишано СИЛУВАНА. Значи девојчето не сакало!

    Место да ги обвинувате силувачите, вие се фативте за детето. Макар и да е најголема к*рва и да се бави со проституција на никој ама апсолутно НИКОЈ не му се дава на право да има сексуален однос со некој што не сака.
    Силување е! А најтрагично ДЕТЕ Е
     
    На butterfly6223, smooch, Adidas888 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    Родителите кога потфрлаат тука се институциите за да реагираат,но како и во многу други случаи така и со девојчево надлежните институции затаиле. Ова е класичен пример за тоа како државата создава жртви и криминалци. Ова дете не било благовремено спасено од уличниот живот и сега не знае за ништо подобро. Децата кои се жртви на системот не веруваат во него туку го обвинуваат за се што им се случува. Што е и вистина. Каде биле надлежните институции кога ова дете останало без родителска грижа,кога немало што да јаде,што да облече ...

    Можеби наишла на некој со слична судбина и ја открила ,,магијата,, на дрогата, алкохолот ....повеќе не размислувала за реалноста ,дрогата го поматува разумот ,мислите...велат дека се среќни кога не се трезни. Се тешат дека можеби нема ни да доживеат да не им делува повеќе дозата,бидејќи еднаш се живее. Мозокот не им е трезен за да го види и согледа нередот кој го оставаат позади себе. Впрочем тоа им е целта, да се исклучат од реалноста. Тие деца сметаат дека немаат што повеќе да изгубат,дека нема подобро утре. Крив правец фатиле од кој некогаш нема назад.

    Волку мала држава,шака место,да не може да се воспостави поголем ред,НЕ верувам. Не сме Америка.

    "Сиромаштвото постои не затоа што не можеме да ги прехраниме сиромасите,туку затоа што не можеме да ги задоволиме алчните. "
    ...кога човек нема ни за достоен живот се чувствува одметнато,понижено...и тогаш се оддава на криминал. А што може да изгуби,достоинството?!
    Можете да замислите како изгледа овој живот во детскиот ум?!

    Кога се трезни им удира реалноста во глава,згрозени не можат да се носат со емоциите и посегнуваат по нова доза. Тоа е маѓепсан круг од кој речиси никој не успеал да излезе сам.
     
    На see.emily.play и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  17. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.901
    Пол:
    Женски
    Не знам како би се заштитиле? Единствена заштита е да се во затвор и објавени со име и презиме како педофили. Чинам имавме и регистар ама едно време не беше активен. Сега не знам дали функционира ,баш ќе проверам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    62.289
    Пол:
    Женски
    Жизел Пелико рече многу, многу убаво.

    Shame must change sides.

    Нема што да се дискутира за 14 годишно девојче, кое претрпело силување, снимање без согласност и насилно проституирање за да не се пуштат тие видеа за кои не се ни согласила.

    Може еве да ги дискутираме силувачите, зошто се возбудуваат на 14 годишни деца а се возрасни говеда, зошто учествувале во тоа, зошто не знаат за согласност при секс, зошто некои од нив при сопруги и ќерки оделе вакви акти да прават.

    Тие се за срамота и за резил, не е незаштитено дете кое е во тинејџерски, најранливи години и не знае правилно да расудува.
     
    На Чанта, Bella •••, crimson и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.383
    Пол:
    Машки
    Џабе дрдориме. Ваквите случаи со силување, а поготово малолетни, треба доживотна казна затвор, а кај нас преку врски и со поткуп им даваат по 2, 5, 10 години.
    Пак ќе речам како што реков еднаш, немаме закони и имаме поткупливи и криминални политичари.
     
    На Miss666 и TammiB5 им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.108
    Пол:
    Женски
    Само ќе додам, секој однос на возрасен со дете е силовање. Нема сакала или не. Дете е. Сексуален акт меѓу возрасен и дете секогаш е силовање.

    ---
    Друго се е кажано. Нема да повторвам шо кажав јас, а одлично дополнивте сите. Јас уште ќе чекам одговор како е релевантно дека е "проблематично" дете па макар било "тупење". За мене зборање за заштита на деца никогаш не е тупење.
     
    На butterfly6223, smooch, vans001 и 6 други им се допаѓа ова.