Те сватив нема врска.. Како и да е.. И тој е еден од многуте закони кои не се почитуваат.. Само информативно ме интересираше..
Девојко, не се жртви на силување само оние кои се силувани на улица. Постојат милиони други примери, од близок, семејство, старател, силување во врска и брак. И да, ниедна од тие не е помала жртва од оние кои се силувани на улица. Секој кој ќе биде принуден на тој чин против своја волја е жртва.
За жал со маж ми сфативме дека никој во нашава држава не ги смета сите овие загинати деца како сопствени. Туѓи се, жално за нив и семејствата нивни и толку, среќа не е моето. Од овие размислувања си патиме. Сите се отепани, помирени ништо дека не може да се смени и си седиме дома како овци. Ќе треба уште 500 години за македонците да излезат од мајндсетот на турското ропство. Се разочаравме максимално од пасивноста на сите. Не се решенија само казни, има секакви технологии, не мора топла вода да се измислува. Сензори на семафори, индикации и на пешаци и на возачи дали има некој, активни лежечки полицајци... едноставно е, ама треба некој работата да си ја работи. Јас се осеќам како мои деца да сум изгубила и не можам да спијам мирно навечер. А на другите ги здоболува само кога на нивното ќе им се случи нешто, па и тогаш се оставени сами да се борат против ветерници. Тешко на нас.
Колку страни веќе се дискутира дали е силување секс на возрасен со 14 годишно ДЕТЕ??? Тука потфрлиле и родителите, и социјална служба, и училиште, и општо средината во која живеела. Ова е страшна судбина која не смее да се случи под НИКАКВИ околности. Го гледам едниот на фб со профилна со ќерка му. Ќе се срами тоа дете цел живот од таков “родител”.
Е па дека била “распуштеница” ок било. Еве и да не е силување, кој нормален 30 годишен маж без разлика дали има дете/е женат би имал сексуален однос со 13 годишно девојче. Замислите од толку жени и девојки маживе јаки ЗАЕДНО 11 души во стан имае однос со девојчево. Замислите мажот ваш да има односи пред 10 души и да се менува еве со возрасна жена не со девојче. Дали би рекле нормално е, таа е о*спија сама си го барала. Неможам да поверувам колку изопачени умови имаат некои луѓе.
Делово застарува во 2026, аизгледа ќе одложуваат до тогаш. Телевизија 24: По 10 месеци застој ново рочиште во струшкиот суд за случајот на Јилдиз Веапоска
Баш вчера се потсетив дека тоа што може некој казната да ти ја скине е тоа убива луѓе. Е сите кои што имаат казна скинато, и тој на кој припаѓа казната и тој што ја снимал, е вие сте убијци! Во странство ќе се најде некој што брзо вози ама казните огромни се. Возел со алкохол- и казна и одземање возачка и нема кој казна да ти кине или возачка да ти враќа. На секое има блицери и постојано местото им го менуваат. Е така треба и во Македонија! И тука не се мали казните, во споредба со платите огромни се казните.
А јас не разбирам како може дело да застари ама еј, јас сум само човек со лимитиран број мозочни клетки, тоа мора некоја виша логика да е во игра
Ако има пресуда до извршување на истата и 20 години да поминат ќе ја спроведат. А ако нема пресуда застарува делото и толку пу пу не важи. Затоа и ги влечат вака со рочишта…
Сериозно беше ова на вести што го прикажаа, дечково со кола шиба и удира во такси? ДАЛИ? Колку ненормален свет станавме ....
Ненорамален свет сме неминовно. АМА дечкото на видеото проаѓа на ЗЕЛЕНО. ДА! Вози многу брзо точно е. НО!!! ОНОЈ кој треба да биде претпазлив бидејќи доаѓа од споредна улица е дефакто и дејуре таксистот. Таксистот си вози ко да е примарен а не секундарен учесник во сообраќајот. И после проблем. Е проблем.
И јас тоа викам на зелено е, тоа да ама дека брзо возеше брзо, не треба и на зелено да се шиба, див запад бреј