Јас како што знам на раскрсница, брзата помош има првенство. Па затоа викам. Десно правило не важи за возила за итни случаи. Башка за да некој види дека има некој од десно, треба да те види. Ако леташ со 100ка, нема да те види
Возило со ротација секогаш има првенство. И да е црвено, за него црвено не важи. Ама овде колку што разбрав: - нема возило со ротација - еден од двајцата има првенство на минување
Аа оке, ако нема и ако имаш предност, може слободно да леташ со 80, јасно. Братов не пазеше дали има ама важи, имал предност, нека тера. Надам се ќе го стаса карма, него само. Секој што вози брзо му посакувам таква судбина.
Па не знам, колку вика законот за дозволена брзина во населено место? Се е веќе измислено, не знам што се измислува одново.
Да бе, толку. Зеленото ТРЕПКА. Тоа што значи за возачот за кој зеленото трепка? Со колку треба да вози? Двајцата се виновни.
Не значи ништо, затоа што зеленото светло НЕ МОРА да трепка. Ете во Германија не трепка на пример. Двајцата СЕ виновни точно, но не се ИСТО виновни. Таксистот е ПОвиновен и тука не знам зошто имаме дискусија
Возачот на бмв-то е крив не само поради трепкавото светло на семафорот туку и поради загрозување на останатите учесници во сообраќајот заради неприлагодена брзина согласот правилата и прописите пропишани за ограничување на брзината во населено место.
Не знаете зашто трепка зеленото, сериозно? Убиќу се. Мислам ако живеете во место кај што семафори со очи не виделе, па да сфатам.
Дополнителни 2 секунди за влезените возила на прометната раскреница за да излезат на време пред да се запали зелено светло за останатите што чекаат на црвено, но останатите кои веќе не се влезени и не се затекнати во раскрсницата иако трепка зелено треба да застанат, тоа што трепка е за затекнатите веќе влезени во раскрсницата и му се додаваат 2 секунди да излезат.
Знаеме зошто трепка, не убивај се. Само ти кажуваме дека може и да НЕ трепка. Не трепкаше зелено светло до пред 10 години побогу аман.
На пола држава треба возачки да ви земат и да се забранат коли за овој народ. Абе луѓе, сте полагале ли вие? Двајцата се криви во случајов. Ако се водиме по правило, на трепкаво зелено се успорува и се застанува а не да се забрзува за да се помине. Тоа се учи кога се полага. Да, таксистот доаѓа од споредна улица и треба да внимава многу, ама и овој другиов не е исклучен од одговорност. И на што личи тоа дивеење, снимање, урлање ко да прават некоја научна фантастика а не ко да се возат со кола? Затоа има и сообраќајки. Од што сакаат да се направат јаки, побитно им е да фатат добар кадар за снимање, отколку да го држат воланот ко што треба.
Не мора де, ама тука трепка. А чим трепка, нешто значи. Исто ко да ми речеш дека жолто не значи ништо, па може да тргнуваат возилата и на жолто, не мора зелено да чекаат. И не знам од каде потребата да бараме кој е ПОвиновен, пошо таква работа нема во ситуацијава, исто не знам зошто имаме дискусија.
Нели има жолто светло за тоа? Мислам, така е тука во германија, и плус не светнува одма зеленото на другата страна, секогаш има време од неколку секунди додека се уклучи тоа светло на другата страна, таман за да поминат сите коли.
Вози на зелено, ама пребрзо, затоа и е ограничено и препорачливо од која до која брзина, за да имаш време да закочиш и слично. Иначе таксистите како во еден калап да се праени, најлоши возачи дефинитивно.