Eте видиш не знам ни јас зошто имаме дискусија. Се стремиме кон запад. Таксистот таму ќе јади блиц голем ко куќа. Овој другиот нема оти е на зелено. Како нема таква работа? Каква работа има? САМО за брза вожња постои прекршок во северната вукојебина? Ок
Прво на таксито не може да му се уклучи зелено додека сеуште трепка ова. Второ дечкото стварно вози брзо. Има првенство сегде освен на црвен семафор. Еве тука пишува убаво Ептен го запамтив ова оти ме бунеше за полагањето. Запишано ми е во тетратка 10 пати И да ,некни во друга тежа пишав за џиповите ама и таксистиве се од тие шо мислат сегде имаат предност (неврзано конкретно за видеово туку општо сакав да си кажам )
Ете, немав појма. Не возам, ама кајшто живеам кола со ротација е закон- значи сите застануваат, се тргаат, прават место да помине. И нормално зборам за брза помош, пожарна, полиција, СО ротација, звучна и светлосна . Пошто сите ќе стигнеме де, ама нив им е битно да стигнат побрзо. Немаме фала богу ротација за Митре да стигне во собрание.
Да, жолтото и тоа значи ако нема дополнително трепкаво зелено. Но Град Скопје го воведе трепкавото зелено светло како дополнително уште 2016 година заради зголемување на безбедноста.
Да во пракса се тргаме секогаш сите и на зелено ако ни е ама законски е вака затоа и мене ме бунеше многу тоа и уште две прашања ми беа запишани Скопје за жал има и за Митре ама то друга тема е
Протестов е пред колапс. Вака не се оргњнизира протест. Сестрата рекла дека не протестираат против Владата, туку и благодарат за поддршката. Ништо нема ни од ова. Водачите на протестот не знаат кај тераат. Штета што пропадна уште еден протест, за кој да имаше асални водачи, друга песна ќе се пееше. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...protiv-vladata-tuku-blagodari-za-poddrshkata/
Кај нас брзата помош треба да се тргне за Митре. За нас обичните ич да не правам муабет дека треба да се тргнеме
Па јасен беше исходот каков ќе биде уште после првите изјави кога се заблагодаруваа на премиерот, Владата и партијата. Народ кој едвај сврзува крај со крај во месецот, не можеш да го носиш пред Влада да се заблагодарува заради лични причини.
За вакви сељачишта што се снимаат како возат за да покажат колку се прејаки што влегле во кола и ја пуштиле најужасната музика на планетава, менуваат ленти како да се сами во сред центар на градот, брзината ненормална бидејќи братот е прејак и го понела атмосферата - апсолутно нула жал имам за нив, дури и да не се виновни. Претпоставувам дека кога таксито тргнало(пошто и за него е зелено) му се чинело дека е многу подалеку колава и има време да помине, што ќе се случело ако детиштево возело со нормална брзина.
Па не е веќе мала, сега има 18+.Сите пишуваат 14 год, да имала толку коа и се случило тоа ама поминале Х год, сега ги фатиле и судат.
Многу ме вади од такт народов што се смета за паметен и се прави дека може да оди над правила и прописи, и после ќе гинат и ќе кршат коли. Епа кршете коли и глави кога сакате да изигравате паметни, што да кажам. Не дека секој секогаш вози по пропис, и несакајќи ќе се случи да направиш некоја грешка, ама толку да не се внимава и практикува основна сообраќајна култура како тука немам видено. И друго нешто што ме вади од такт, на пешачки еден возач застанува за да помине пешак, а другиот позади него го претицува. Абе сигурно не му текнало на тој пред тебе да застане туку така на пешачки! Исто и за пешациве немам коментар, дива лига. На сред Партизанска и други улици си поминуваат лежерно, скокаат по жардињери, а пешачки имаат ставено на секој чекор. Епа за што ви се пешачките направени бе? Па дај нека ги тргнат па да има причина зошто да скокате дивтарски сред улици. Во странство со ваков менталитет ќе пиете казни и за доручек и за ручек!
Па сега како го напиша ти ова добив нагон да повратам. Но, не биле 13, биле 2-3 со кои имала однос за пари и била снимана и снимките останатите ги ширеле. Не се осудени сите за силување и педофилство, има повеќе работи.Упасени се дека паднале снимките во раце нечии, девојчето не пријавила. Да не излезе дека аулудирам на нешто ама еве кратко објаснување.
Па нема да ги дознаеме деталите бидејќи судењата во кои има вклучено малолетници се затворени за јавноста,пресудата нема да биде објавена. И мене ми се повраќа од самата помисла и не сакам да се натегам дали се 13,9 или 7 возрасни полнолетни ,,мажи,, Девојчето имало 13год кога ја снимил 25годишен педофил додека под дејство на дрога сексуално ја злоупотребувал. Со таа снимка започнале уцени и принуда да оргија дрогирана .... Иако судењето било затворено за јавноста ,изнесени се некои детали Спојлер: тука https://www.google.com/amp/s/www.slobodnaevropa.mk/amp/zatvor-siluvanje-maloletnicka/33209247.html може да се прочита подетално околу случајот. Мислиш дека 30годишен маж кој ужива во детска порнографија не е педофил ?! И тој би напастувал малолетничка само да му се пружи прилика. Така да комплет сите од прв до последен за мене се педофили. Извини што толку одвратно сум го опишала настанот.
Еј престани. Еден е доволно. Не знам од која причина бараш поинакво гледиште на случајот ти само си знаеш. Ама барем доста со то тројца биле, та не била цвеќе за мирисање и т.н. Срамота е. Тоа што не пријавила е уште потрагично, како што една членка погоре напиша - ајде да ги коментираме мажите што имале и се палат на однос со 14 годишно дете. Снимале видеа, се пијанеле и се дрогирале. Многу поназад членка една ги објави со имиња и презимиња на темава. Повеќето од нив се женати а еден има и слика со детето негово на фб. Ужас.
Токму ова го мислев. Дури и да имаш предност, ако фураш со 80, 100, другиот нема да те види да те пушти. Или еве ако немаш пуштено светла навечер. Имаш предност, ама како ќе те видам дека идеш? Некои многу буквално си го сфаќаат она дека имаат предност
Длабоко нешто не е во ред со нашето општество. https://sdk.mk/index.php/naslovna/p...5J38qSEzDaWfod6o6A_aem_KVtAPhM1qLHNhRlJ42cbBg