https://fokus.mk/abdul-jashari-od-c...huvashe-negovata-uloga-vo-sluchajot-monstrum/ Тајната служба да била како што треба, овој ќе бил следен и уапсен одамна, не сега да читаме како џихадист од Скопје, станал министер во Сирија. По тоа ќе не паметат, извезуваме исламски терористи.
Не си давај слобода да ги преувеличиш работите. Нигде не спомнав " не била цвеќе за мирисање, или сама си го барала". Никој од двете страни не е за оправдување и на двете страни треба да им се суди , мене некој ако ме праша. Овие за делото за кои веќе се судат, другата страна за жал но треба и за проституција. Или уште по страшно е ако и нејзините знаеле и мижеле. Овој случај е посебен сам за себе и сите се виновни. Никој не си го барал сам, силување е силување.
Таксистот е на истата главна улица и на него му е зелено на тој семафор, само он врти на таа раскрсница и предност има тој што продолжува право од спротивната насока, а тоа е дечково што се цепа со 100ка кај градска. Башка кога семафорот почнува да трепка можно е дечково и да забрзува за да помине, а во исто време на таксистот да му е целосно зелено кога веќе свртува во кривината. Од видеово, ако типот возел со максимална дозволена брзина од 50км, од моментот каде што се гледа веќе таксито, таксистот 100% поминува, во најмала рака ќе можел и да подзакочи и двајцата да поминат. Од друга страна колава што лета е толку далеку па се прашувам дали таксистот може да процени дека вози пребрзо (веројатно не). Има и нешто што се вика сообраќајна култура, ако ја немате не возете, па мене мал милион пати ми излегле вака на раскрсница и не сум се ултеувала да ги исчукам. Е овие што возат вака како шерифи ни газат сограѓани, па расправајте се до утре кој бил крив прав.
Не сфаќам како можиш да судиш дете кое што немало закрила ни од родител ни од држава. Правело тоа што знае. Ќе те сфатам да речиш како може да му се помогни,дали поправен дом,дали згрижа периодична во некое семејство,дали центар за зависности и т.н. Плус незнсм дали си доволно информирана ама детето вршело проституција и мн порано од сега. Значи возрасни особи користеле услуги сексуални од 12-13 годишно ДЕТЕ. Децата го прават тоа што го знаат и тоа што го мораат,а возрасните го прават она што го сакаат. Конкретно во случајов се знае што е тоа. Никогаш нема да осудам дете што се нашло во ваква ситуација.
Многу тешко се тргнува по прав пат и со двајца родители, не па без нив. Па сетете се само колку има што се запуштени од мали и се проблематични. И да, којзнае колку возрасни користеле секс услуги кај детето. Значи врие од манијаци и педофили.
Јас еднаш чекам на пешачки навечер. Ко што чекам, ми застанува кола БЕЗ СВЕТЛА. Значи колата ко силуета се гледаше. Поминав, братов си продолжи најнормално. И ако братов некаде кај што има првенство се учука оти не го виделе, дали ќе е прав ради имањето првенство? Фала богу не.
Некогаш стварно морам многу да се воздржам за работите шо сакам да ги кажам навистина пошто ми се г а д и. Од шо читам. Те молам, во детал, како шо ѝ ја прашав и другата членка која ме изгинорира за другото прашање и зато не осетив потреба уште еднаш да ѝ вратам на друго прашање за темава, објасни ми - КАКО ДЕТЕ КОЕ Е СИЛОВАНО ТРЕБА ДА МУ СЕ СУДИ? Фактот дека е проститурирано дете, дете кое беше принудено да молчи и да не пријави (впрочем, многу жртви немаат храброст ради вакви гомнарии шо се кажват после за жртвите место да се поддржат и да се сфати дека се жртви, и цела енергија е секогаш на жртвите наместо на силувачите кои во случајов се и ПЕДОФИЛИ) - е катастрофално и осеќам туѓ срам дека читам дека на било кој начин треба да му се суди, па уште за проституција. Ми се гади ко ќе видам како дете држите на висок стандард да резонира како возрасен само зошто е девојче па ваљда го перцепирате како повозрасно. Нема друго објаснување. Скроз друго е да збораме за то како државата, социјалното и родители потфрлиле со то дете. Друго ќе беше да збораме како можи да му се помогни и да се поддржи. Пошто дете не можи да е криво во ситуацијата, дете е жртва. Тоа дете, и да оди пред педофилските гомна, и да ги моли да ја ебат, тие треба да ја однесат да добие соодветна поддршка - психолошка, а не да ја силуваат. Детето е жртва на системот, а и на општеството шо не можи да резонира дека е дете и жртва. И ми се гади. Да, сега е возрасна, и да сега е одговорна за своите постапки. Постапки кои и натаму се трауматска реакција ради минатото и немањето соодветна поддршка пошто државата, општесвото, социјалното и пред се, родителите, потфрлиле со тоа дете. И иако нигде не рече дека „сама си го барала“, и твоето мислење и на другата членка гласно го викаат тоа. Некогаш не мора нешто да е експлицитно кажано, а сепак е кажано.
Ок. Сакав и сеуште сакам да останам воздржана ама ај. 1. Факт кој сите го знаеме дека и деца своеволно влегуваат во тој свет ( не велам и дека ова е случај), и тоа дека службите не реагирале навреме не ме става мене во позиција да кажам дека треба тоа дете кое било некогаш треба да одговара. Сакаш да кажеш дека ако дете од 14год дома ти влезе и ти украде нешто е дете ( со црвено) и е престапник, ама ова дете што зимало пари за услуга сексуална е жртва? Да е ако е против нејзина волја. Тоа гласно го викам, ама упорно ми ставате зборови што не сум ги кажала. Ова дете кое има низа престапи и е жртва тоа факт не го менува тоа дека е прсстапник во очите на законот. За жал секогаш кога се работи за деца емотивно реагираме и мене ми е навистина многу жал и за сета осуда е ситуацијава. Жртвата која била дете тогаш може сега да се корегира ако тогаш била принудена, ама за жал не е така. Тука јас ако напишам збор два кој вас не ви се допаѓаат не значи дека проблемот ќе се реши ако ме покажеш со прст дека го " поддржав" то чин. Тврдам и говорам дека секој еден треба да си сноси казна, највисока сторителите на делото. Свесен човек ни за пари не треба да легне со дете. На до крај Велес не е Холивуд.
Искрено? Не очекував одговор и сум пријатно изненадена. @tanjita Разлика меѓу дете крадец (кој исто така е нечија жртва ама притоа активностите кои ги презема се на туѓа штета и зато најчесто се во поправни домови) и дете силовано и проституирано (исто дете жртва ама активностите се на нејзина штета) е шо дете не можи да дај согласност за секс со возрасен и секој сексуален чин меѓу возрасен и дете е силовање. Буквално да моли да е ебена - не треба да е. Туку треба да се насочи кон установа која ќе ѝ помогни. Ќе речиш "своеволна проституција" и да беше 6-10 години? Сигурна сум дека не. Ќе го цитирам овај дел пак: 13 години е ете и законски кај нас под линијата за согласност на деца. Уцена за секс и проституција е силовање. Снимките се детска порнографија. Детето, и да, со црвено - е жртва.
Затоа напишав погоре огромен пропуст има на институциите кои сигурно за нејзините дела додека била малолетна биле запознаени а не се превзело ништо, исто и на родителите.
Во тоа е поентата. Замисли еве хипотетички - ќерка ти, се запише на 13 години со некој дечко и со нејзиниот детски ум да мисли дека е тој нај добар и нај добронамерен. Педофилите знаат како да манипулираат со детскиот мозок - И ја убеди да му прати некоја слика со гола содржина. (Еве нека не е да има однос со него).По некое време да почни да ја уценува со сликите да прави и други работи или дека ќе ви ги пратат на вас како родители. Ретко кое дете би сакало да стигне до нивните родители. И мислиш дека ако дојде до ситуација да треба да спие со некој педофил за да не излезе експлицитната содржина, после тоа ќе може да има нормален живот? Од кога сите сништа ќе и се искршени? Треба мн психичка поткрепа и работа со специјални институции. Што во случајов со девојчево од Велес го немало. И да ти одговорам за споредбата ако краде некое дете дома кај мене од 14 години. Не е исто затоа што не е жртва тоа дете во мојот дом. И нема да го осудам, ќе одам кај родителите најверојатно со полиција да проверат каде грешат тие и дали има детето соодветна грижа.
Да не пишувам реферати со објаснување но за законот дете е дете и за децата се постапува согласно Законот за правда за децата.
Па еве лично за мое дете да ти одговорам. Јас како родител сум за заангажирала да му посветам внимание и да му покажам дека за секој проблем има решение, секоја грешка се поправа, секоја радост се споделува итн. Се надевам дека и така ќе биде на 14 год возраст. Така силно верувам и знам дека ако не дај Боже наиде на ваков проблем прво мене ќе ми се довери за заеднички да решиме проблем како и до сега. Внука ми има 14 год. и имаше период не сакам да одам на училиште фаза и проблеми правење, лошо друштво итн.ама родителите го приметија поинаквото однесување и не седеа со скрстени раце као дете е , или тинејџер таква и е фазата. Се работи на проблемот. Што не верувам дека со наведениов пример е така со нејзиното семeјство.
Не можам да верувам дека толку не си во право, а во исто време си толку самоуверена дека си во право. Зошто се вели дека дете што "своеволно" влегло во проституција е жртва? Бидејќи околностите кои ја довеле да "своеволно" влезе во тие води не се нејзин избор и не се избор на ни едно дете. Сиромаштија, сексуално злоставување од мали нозе, насилно семејство, манипулација од постар човек и груминг се само дел од причините кои би донеле до тоа едно дете "свесно" да донесе "одлука" да нуди сексуални услуги за пари. Во сите случаи постои индиректна принуденост. Не се работи за тоа дека сме емотивни бидејќи е дете, туку за логично расудување. Не може на едно дете на кое уште му се развива мозокот да му биде натоварена одговорноста која ти ја бараш.
Na 24.02.2025 godina vo 23.30 časot, vo SVR Skopje bilo prijaveno deka na krstosnicata na ul.„Mitropolit Teodosij Gologanov“ i ul.„Njudelhiska“ udrilo vo semafor i vo pešakot, https://newsbreak.mk/archives/3505?...466LQxfYqhdv8_UKfw_aem_ljPU6rpNRlSnVk2b0ljg9g
Речиси еднаш месечно некој го откорнува семафорот на островчето спроти ДМ во Тафталиџе. Воопшто не е безбедно тука и чоек со страв чека на овој семафор оти комотно некој можи да го собери.
Маж/дечко скокнал од зграда(до мојата) Го однеле со брза помош. Толку знам... Во меѓу време пиперките на пазар 250 ден кило. Тип со луда кола прелета на црвено на пешачкиот кај пазарот. Кога сите коли беа застанати. Ете тука живееме во оваа вукојебина. Се пренапнав.
Позади ТЦ Буњаковец? Ме врати полиција назад со кола бев, беше затворена улицата и имаше доста народ и полиција. Јас мислев некое пукање имало, ова пострашно, се потресов. Се надевам дека дечкото ќе биде добро.