Да таму. Прво го покриле, ама после некој кажал мрда, па го однеле Немам точни инфо, се што кажувам може да не е така. Ова е од луѓето доле кажано.
Во Босна нашле 31 дете во куќа, најверојатно жртви на трговија со луѓе, од 2 до 12 години.. 6 од нив биле Хрватски државјани кои воопшто не биле пријавени во Хрватска дека се исчезнати, што значи родителите сами си ги продале.. Згрозена сум од моментот како може родител да си ги продаде детето.. https://www.nadlani.si/novice/znane...n-kako-je-12-letnica-pobegnila-iz-hise-groze/
Ццц... Ужас . Тука по форумов мислам збореа како не можело тоа тек така трговија со луѓе, епа еве колку не може. Уште пожално и пострашно ако родителиве си ги продале децата.
Сега читав изјава дека властите во Хрватска се сомневале дека децата имаат валидни Хрватски пасоши, мислат дека им се лажни, прво тоа ќе провереле.. Која мизерија е и Хрватска ејј, наместо до сега да ги најдеа родителите и да ги пикнат во затвор затоа што си ги продале децата, ќе проверувале дали пасошите им биле лажни прво..
А се надеваат демек дека легални имаат, бог да чува. Држат скришно толку деца . Да да сиг имаат валидни пасоши.
И овие што ги чувале и овие што ги продале, ако ги продале, им посакувам иста судбина во затвор како што имаат педофилите.
Од каде сте сигурни дека си ги продале децата? Тоа пишува во статијата ? Не ја разбирам. Се може да е , да ги продале, да се киднапирани, да се одземени при пораѓај... како може да се случуваат вакви работи. Зошто? Кој на деца им посакува таква судбина. За какви пари... Какви монструми има меѓу луѓето. Во каков свет живееме
Па и јас помислив дека не се од Хрватска туку имаат лажни ХР пасоши и со лажни имиња затоа што се Еу и шенген па полесно ќе ги пренесат на крајната дестинација. Иначе да не избегало едно девојче од 12 год.и побарало помош од случајни поминувачи на улица немало ни да се дознае. Ова е нешто крупно и не верувам дека ќе се открие вистината во јавност.
Проблем е што тие деца се мали, и не можат да кажат ништо за себе бидејќи не ни знаат нешто за себе, а нивна идентификација би одела многу тешко со оглед на тоа дека е многу веројатно дека голем дел од нив не се од Босна, плус тоа што Босна не е во ЕУ е лошо мн.. Србите го поврзуваат случајов со Данка, мислат дека и она вака е продадена.
И после зошто не ја најдоа Данка и ја прогласија за мртва без ниту еден доказ. Ете зошто, мафија и трговија на деца. И сигурно не е само 31 дете, бог знае колку поминале до сега низ таа куќа.
Замисли само, детето прогласено за мртво, а оно тука.... Не само за Данка, туку сите кои си ги бараат децата. Да не си им во кожа,посебно сега со ова. Уфффф...
https://srpskainfo.com/foto-otkrive...li-31-dijete-pomagala-im-i-zena-iz-banjaluke/ https://www.24sata.hr/amp/news/foto...-curica-je-pobjegla-i-molila-za-pomoc-1035431 https://www.telegraf.rs/vesti/jugos...om-nakon-sto-su-deca-pronadjena-u-kuci-strave
Ќе ги проверуваат децата дали биле сексуално злоставувани.. https://www.vecer.press/ke-im-se-vr...mnezh-deka-devojchinata-bile-zloupotrebuvani/
https://nova.rs/vesti/hronika/oglas...vi-detalji-pronalaska-31-malisana-foto-video/ Жената што ги чувала децата ја плаќале родителите на две од децата. Се сомневаат дека децата ги обучувале да просат и ги спремале да ги испратат низ разни земји. Прво не мислев дека може да е доброволно дадено дете, туку дека се киднапирани. Може некои се киднапирани, ама овие што сами дале деца, што сами си ги злоупотребуваат децата не заслужуваат родители да се наречат и сите треба да ги затворат. На друго место спомнаа дека некои родители ги оставале децата подолго време додека тие работеле во странство. Кое странство кога ниедно од децата не е од градот, би запрашала. Очигледно е трговија со деца и нивна експлоатација. Се чудат како никој од улицата не пријавил. Наводно им било кажувано од газдарицата на куќата дека е градинка ама никој не се ангажирал да провери зошто и школски деца се чуваат во куќата и не се на училиште. Некои биле можеби и свесни ама не сакале да се замараат. За жал има и кај нас злоупотреба на деца за просење. Ги оставаат децата да им просат а они лежат негде во паркот надрогирани или алкохолизирани. Целосно запоставени деца.
Ова е типичен пример за тоа дека животот за некој е мајка, а за друг маќеа. Замислете колку парови се борат за да добијат дете, за некои други пробисвети да си ги продадат. Типичен пример дека пред да стане некој родител, треба да се направи психолошки профил на тој човек. Затоа што вакви срања се дешаваат, од сите пиздарии што постојат на светов за дете најмногу боли. Се надевам колку толку ќе ја разбијат таа мрежа и ќе ги удават во кофа со говна во затвор сите вмешани. Бел ден да не видат.