Да не даде господ никаде таква судбина човек и на најголемиот душман да не му посака таква болка како сега на семејството на починатата.. Наместо најголема среќа доживеаа неизмерна болка и тага.. Почивај во мир несудена мајко на тоа слатко ангелче.. Бог недозволил да се израдуваш на најголема улога во животот.. Излишни се сите зборови и муабети кога човек ќе ги затвори очите засекогаш.. Искрено ми е тешко што една млада жена го доживеала најубавиот ден и последниот ден од животот еден по друг ден.. Жалнооо... :/ Господ неклал рака овој пат.... :/ :/ :/
Родилка не се остава сама цела ноќ крварење после породување е многу често и лесно се санира ако се реагира на време. Родилката што почина беше медицинска сестра, многу мила и позитивна личност, уште ми стои грутка на гради и како што знам имала уредна бременост... Дали не ја виделе дека крвари не знам ама така ми изгледа... Не се сложувам дека ако треба да се умре ќе се умре во 21 век... И во санте и во гевгелија буквално ги задушија со интубирање, знам и за друг случај од поодамна каде што умре од крварење родилка оти персоналот спиел.
Да не грешам душа ама не знам дали и се јавиле породилни болки. Други болки си имала жената, прво била на инфективно, се сомневале на труење, така се зборуваше, мислам за да го спасат бебето ја пратиле на акушерско.
Уште полошо. Со непозната здравствена состојба и нејзино нетретирање да иницирале пораѓај. Како бе така ај барем дете да спасиме, па нејзе..... а поим немаат што и е и од што и е. Да не ни пробаат во соодветно одделение терапија да и препишат.
Не знам точно што и како се одвивале работите на акушерско, кратко време била таму. Ми кажаа дека еднаш или два пати ја реанимирале и се одлучиле за царски. Прво се зборуваше дека бебето било починато па резултат на тоа добила инфекција, што не било точно. Секакви верзии имаше, а резултатот од обдукцијата не знам каков е.
Нешто се збунивме. Јас пишував за родилката што почина пред 2 години, не за оваа сега. За оваа не знам ништо.
Родилката за која зборува Форумче била донесена во многу тешка здравствена состојба. Малтене дома чекала до крај. Се што направиле било узалуд. Сестра ми е таму во болница.
Каде ги пријави ? Овде на форумот ?! Или на ФБ?! Или отиде кај директорот , началникот на одделение ?! Даде изјава потпишана некаде што си видела ?! Оти прашав денес , кај директорот нема никаква поплака од ваков калибар. Нити кај началникот .
Жени има состојби каде што неможе да се помогне родилките доаѓаат во лоша состојба така беше и со мојата колешка што почина во чаир. Ја молеа да оди на лекар да си оди дома она не и не кога отиде веќе касно беше. Сите ние нешто може носиме во себе и се активира кога не треба.
Она битно да паничи трудници а самата кажува дека е голем паничар. И @duffi одма кажа дека такво нешто не постоело. Да пишуваш лаги е стварно несовесно.
Јас и поверував дека навистина пријавила. Да е било така, треба веднаш да се реагира т.е да се пријави, а не нареден ден или после 10 дена.
Абе што ја слушате ,треска глупости. 1. Во струмичката болница , и во гевгелиската , со глава гарантирам дека алкохол НЕ се пие на работно место . Со глава !! 2. После страшниот случај со родилката од Дојран што се случи во Гевгелија е ептен ригорозно во тој сегмент. 3 . Прво да кажам дека апсолутно со ништо не го оправдувам анстезиологот од Гевгелија . Но , тој не пиеше на работното место . Го викнаа од слава да оди на царски рез , затоа што гинекологот сакаше да лапне 50 евра дека празник беше . Родилката немаше апсолутно никакви индикации за царски . Од дома ја викнаа да се пораѓа . Точно , анестезиологот НЕ СМЕЕЛ да се оди пијан на операцијата , но тоа е веќе друга тема . Важно!!! Во нашите болници НЕ се пие алкохол за време на работа !!!
Гинекологот кој зема пари за царскиот на црно , не остана без работа . Си работи тој без проблем. Анестезиологот кој дојде пијан по наредба на гинекологот дека мора ОДМА остана без работа . Неможејќи да ја сноси одговорноста , дека ради него починаа две лица , а три фамилии доживотно зави во црно , по нецела година си го одзеде животот . Другиот анестезиолг исто остана без работа и без лиценца . Преживува како пијаница моментално . Само гинекологот не презема апсолутно никаква вина. Барем каење да покажеше. Видел дека анестезиолозите се пијани , пораѓај ја природно бе мајмун еден . Тој пола саат ги "молел" да почнат . Требало на свадба да иде , немал време господинот .
@Bubce38 страшно е ова што го пишуваш. Многу ми е жал за сите случаи вакви, и ние имаме пријателка што остави две дечиња на ваков начин, не можев долго време да се помирам со тоа.