Утре Хелсиншки комитет организираат марш по повод 8ми Март од Универзална сала до Жена парк. И спомнуваат успат жртви на системот. Зошто баш Универзална? Дали тоа гнидиве ја користат смртта на Фросина за поени, за демек еве се грижиме, правиме промени? Ако да, како не им е срам? Се обрукаа еднаш кога јавно бранеа секта поврзана со трговија и присилни бракови кај деца, сега ова. Реагирале од фамилијата на Фросина. И скрос се во право. Овие не прават разлика меѓу родово базирано насилство или било какви проблеми со кои се соочуваат жени и системски жртви. Нека одат пред гинеколошки амбуланти кај што матични наплаќаат за преглед, пред суд кај што жени ги судат на години и години за убиство во самоодбрана, пред станици кај што ги прашуваат "а ти што носеше". Пред Универзална. Срам да ви е.
Читам во последно време многу сообраќајки има...Случајот со Фросина ме потресе, младо девојче. Цел живот имаше пред себеБог да ја прости Незнам што им стана на луѓево, скроз полудеа. Никој не ги запира и последиците се фатални. Жално
Адвокаткава е "Судијката" што ја имаше во бомбите што се викаа бебо со Мијалков, очигледно не е веќе судијка туку адвокатка. Не очекувај морал и осет од нејзе.
Видовте попладнево дека имало сообраќајка на автопатот Битола - Прилеп? Колава смачкана скроз.. Се згрозив
Точно. Тој потфрлил ама само затоа што бил под дејство на дрога. Ако не бил, немаше да го убие. ^ 3 пати го прочитав ова и уште не гледам логика бе. Оваа не е нормална
Како можел да знае да не се врати у Издризово ама не знаел дека не се убива? Прегладнет богами апла црна хроника ќе биде.
Попасивен на народ од македонскиот, мислам дека нема. Ратко Капушевски е конечно уапсен, иако и претходно се знаеше за неговите криминали. Не е интересно да се дискутира за некој што полека убива, вас, вашите деца, вашите родители. Смрадот заслужува доживотна затворска казна. Мајка му ја познавам. Синот од уста не го вадеше. Раскажуваше за неговите успеси. Едни успеси, напикан у шупакот на партијата. Тоа не е успех. И сега, драга мајко и ти живееш во Ск, истиот град што е предозиран со загадување. Те уби и тебе.
Ќе се извлече, гарант. Ке "подмачка" каде што треба, и "оп" ќе седи во фиока предметот за да застари или условно бла бла... А мајка професорица и самата е позната по поштење, нАли
,,Доживотен" (во наводници). Кај нас до сега никој не добил и не одлежал доживотен затвор. Очекувај за 4-5 години да го пуштат на слобода, како пѕица в лет.
https://lider.mk/kriminalniot-profi...ienti-no-ne-go-delel-istiot-toksichen-vozduh/ Ова е баш за во црна хроника. Сериозно ми се превртеа црева од прочитаново.
Ова беше јавна тајна последниве 3-4 години. Ратко, Ковачевски и мафијата околу Дуи без проблем си работеа. Да не беше глуп овој Ратко и му се исповеда да другар кој запрепастен објави на Фб и таа вест стана вирална, може и јавноста да не дознаеше. Ова целокупната шема треба да се уапси, не само овие туку и државните управи кои ги одобрувале фалсификуваните документи. Нека скапат во затвор ама во ќелијата да им пуштат и воздух со отпадот што ни го увезувале и не труеле.
И те како има доживотен затвор кај нас. Во Идризово ги има околу 30 -35 осудени на најстрога казна. Доживотен не можеш да одлежиш туку директно од затвор во капела. Евентуално може да го пуштат некој од затворот со терминален карцином на кој му остануваат неколку месеци живот да не се мачи таму кога и онака за кратко секако ќе умре. Туку на овој Куртовиќ не му е правосилна пресудата има право да се жали така да се може да се очекува до правосилност на истата.
Другар му може и да си го измислил тоа што наводно му го кажале, инаку Ратко првично беше со ДПМНЕ и Груевски, од таму започна со бизнисите.
Значи не мора да се правда ниту една партија нели? Ратко беше директорче од Вмро на СЦ Борис Трајковски не бизнисмениште што врти стотици милиони годишно. Со бизнисот процвета здружувајќи се со Дуи во време на претходната влада а не додека беше директорче. И во извештаите пишува дека канцерогениот увоз (вреден 168 000 000 евра) е правен од 2021-2023 година во договор со Ковачевски директорот од Битола што е во бегство и функционери на Дуи. Впрочем беше дел од бомбите ама се здружи со Сдс и ниту еден случај не беше отворен за него иако имаше и случај од Самсоненко за пуздерот што му го направил во фирма. Он игра со сите партии и фала богу што лиглево не се упика пак во Вмро. Се надевам ќе скапе во затвор.
Ова по веснициве не ќе да е точен муабет, ама работите што ги правеле Ратко и другарите негови се страшни. Никогаш нема да можеме да се оправиме од чудата што ги горат во Дрисла и од срањата што ги правеле онаквите како Ратко. https://www.facebook.com/share/p/1DUpmxvQaT/