Изненадувачки е. Прво се заблагодарија дека народот излезе на протести. Сега па злоупотребени биле. Чудно тези. Без врева и народ нема ништо. Земете го за пример девојчето од Тетово што е прегазено.
Мое лично согледување: Изјавава и однесувањето на семејството на Фросина е апла очекувано. Таткото е огромен поддржувач на владеачката партија, не промашија еден пат да не се заблагодарат на ВМРО ( не институции, не поединци, не екипи, него буквално ВМРО ). Ако не се лажам таткото ова го изјави ден после смртта и затоа беше мета на многу критики. Со изјавава пробуваат да ги замолчат или да им намалат поддржувачи на Кој е следен, зошто народов е многу подгреан заради ситуацијата во Кочани. Што секако на власта не и оди во прилог, дури одма почна да се спинува дека сите можни собири се за да се смени власта, а не заради несреќата во која починаа толку многу луѓе...Е до толку им е дојдено до пари и фотељи. За Кулакови фамилијата..Не знам баш дали вакви изјави ќе даваа и ќе премолчуваа ако беше друга партија на власт.. Они си знаат во секој случај...
Да не си им во кожа. Семејството се заблагодари и на други, таткото се изјасни во вести. А, она до ВМРО е порака до владејачката партија. Со насочувањето на вниманието кон нив да им се изврши притисок да не му попуштаат на Васил (чии родители имаат конекции во двете македонски најголеми партии). А, Кој е Следен?, е опфатено од поединци (веќе спомнати во други теми) со нечесни намери на кои не им е гајле ниту за смртта на Фросина, ниту за настраданите во Пулс. Плус, сестрата на Фросина убаво кажа дека семејството не е против движењето туку е фрустрирано од тие поединци во него.
Нема потреба да се разочарувате од изјавата на Росица. На сите ни е од почеток јасно кои се нивните афилијации. Никој не треба да им замерува за ова зашто во трагедија секој од нас исто би постапил - да проба да најде логика, ред и утеха во рамки на сопствените убедувања. Тоа настрана, убаво кажа некој на Редит, нејзиното семејство нема монопол над протестите. На крај краева маршираме и за сопствените животи. Кој е следен движењето мислам дека понеутрално и не може да биде, неколкупати јавно се имаат оградено од сите партии. Жално е што некои луѓе се толку заслепени од партии што проектираат на сите други и се убедени дека не постои човек што не е потплатен и манипулиран. Жално е и што семејството искрено најде поддршка во ова движење на почеток, ама кога дознаа дека наводно тоа се истите луѓе што протестирале против црква и за 8-ми март, одеднаш стана искористување, бидејќи оди против нивните убедувања. Пак ќе кажам, жално, ама на нив конкретно не им замерувам, туку на другите што за малце ќе сфатеа кај лежи искрениот, непартизиран, чист револт, ама тој партиски blueprint што го имаат не им дозволи.
Слушнавме што кажаа они за ,,Кој е следен", но не ја слушнавме и другата страна, која според мене е правилната. Ме разочараа со изјавите и двајцата. Јас ги намирисав уште на првите изјави, но не мислев дека до толку ќе ја тераат работата со вмро и ќе им ракоплескаат на главните виновници за нивната трагедија со едната ќерка и сегашнава трагедија со децата од Кочани. Затоа и протестот им траеше колку што им траеше. И пак не ми е јасно против кого протестираа...
Е и мене не ми е јасно против кого протестираа и што всушност сакаа да постигнат? Нели поентата беше да се крене заспиениот народ, па можеби премногу се затресе со случката во Кочани?
“Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го “водат” протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки.” Само јас ли не знам кои се луѓето? Ништо не сфаќам.
Факт е дека семејството се симпатизери на владејачката партија ама и апла очигледно е дека Кој е следен има задни намери и дека ги искористува жртвите. Целосно ќе се согласам со девојчето.Го имам истото мислење уште пред да го објави статусот. Затоа и не излегувам на протести. Сите тие кои имаат одредени организатори па уште и листа со барања одма ми се сомнителни. Последни кои ги сметам дека беа неорганизирани се оние на граѓаните на Кочани, спонтани и целосно искрени.. Другиве Црквата да одјебе и тенџериња маршеви ми се тотално фејк. Гледам сега дека нешто се пробува со студентите да бунтуваат по примерот на Србите ама некако слабо ми делуваат. Изгледа никако не сфаќаат дека после Шарената и 27ми Април веќе овој народ не верува на ништо и не излага, ма колку сакаш ти скуби го, корни го. И едно нешто заблежав, како тоа само кога сегашнава опозиција е во опозиција, владеат вакви струи за бунтови и револуции ?
Уште едно семејство завиено во црно ,веќе четири години ја бара правдата во лавиринтите со корупција. Очигледно е дека сторителот е некоја позната личност,само што јас не сфатив за кого станува збор.
Детето кое починало и е внук на ракометарката Радуловиќ. Најверојатно таа што го удрила е некоја богаташка, која гледала на секој начин да се извлече. Нема правда
Не сум во тек… На шо алудира и на кого се однесува изјавата на сестрата на Фросина, Росица? Некако ми се испомешаа настаните со тоа случување и кога ја прочитав објавата бев, а и се уште сум збунет.
Дечкиве колку што гледам бараат одговорност и прикажување на документација и за несреќи што се случиле за време на владеење на сдсм, така да логиката само да се турне вмро нема смисла. Јас бев на протестот па не мислам дека проблемот е шалтање меѓу вмро и сдсм, туку одговорност од тие што се одговорни за сите несреќи и намалување на степенот на корупција. Ама изгледа ова е претешко да се сфати во државава, која ме разочарала по не знам кој пат веќе.
Пребарува за прослава на ,,стоти роденден,, вест која била споделена дури и на Зевзекманија но и по други портали. Жената која го усмртила момчето е внука на славеникот.Дедо и полнел 100години и славеле во некоја кафана во непосредна близина на местото на несреќата. Не успеав да најдам која е внуката. изгледа слаб истражувач сум.
Не знам. Не можев да најдам никаква информација. Некој ја штити личноста. Имам смртен случај во фамилија па знам како поминавме. Личноста не отиде во затвор. А зошто? Затоа што има пари? Алачки ќе усмрти некој дедо. Тоа беше пред оваа случка.
Наце Петрушевски е дедото. Спојлер 1:49 од видеото, има фотографија од прославата за стотиот роденден. Внуката е една од овие ваљда. https://www.facebook.com/watch/?ref=embed_video&v=1208588083005650 Ако го зумирате делот кога Мирјана Радуловиќ ја покажува сликата од Дубаи, стои името на внуката претпоставувам. Спојлер Јас читам Сања Ивановска.
Многу знаете да зборите на празно а не знаете како и што било и јас така викав порано човек умрел поради неа а она си се весели по емисии, е, па од блиска личност имам дознаено дека дедото не поминувал на пешачки и поради тоа не е нешто казнета алачка ама битно човек изгазила одма да се суди, што знаете може и од другата страна некој е крив?