https://mkd.mk/czrna-hronika/pijan-tatko-go-ostavil-deteto-na-ladno-i-mu-go-zagrozil-zhivotot/ Настраност до невидени размери. И ова е чисто македонско село. Кога ќе користите термин џган, сатана, ова е тоа.
Проблемите со кучињата скитници во градот се поголеми. Семејна вечера во Битола заврши со трагедија: Куче скитник нападна 5-годишно дете
Пак чекаме нешто да се случи за да интервенираме. Денес дрогираш будала влегол во средно училиште во Кичево и барајќи си ја мајка му која била чистачка, им се заканувал на децата па и ако се точни информациите дури две ранил. По трагедијата во Србија на 3 мај пред секое школо седеше полиција, ја почуваа некој месец, до година и сега не стои, да имало полиција немало да дојде до ова.
Што очекувате од заспани институции .. Во четврток попладне , син ми е нападнат од соученик , нападнат е по не знам кој пат , потечен е на левата страна од лицето , модар е , страв му е да оди на училиште .. Сум реагирала до учителката , до родителите , до училиштето .. Учителката е незаинтересирана , педагогот крева рамења вели истото дете секој ден е кај мене со нова жртва , родителите се арогантни .. Вчера повторно бев кај педагогот и дознавам дека пред некој период на насилникот му е пронајден и одземен нож . Детето е две глави повисоко од моето . Не велам дека родителите му дале нож во рака и му дозволиле да носи во школо , ама по нивното однесување гледам дека не се баш заинтересирани . На толку родителски сум била , ниту еднаш не видов да се појавија . Вчера вадев лекарско и случајот го пријавив во полиција . Нема да седам мирно додека не се преземе нешто . Да , тоа дете треба да заврши училиште ! Меѓутоа , треба социјалните служби да проверат што се случува во неговиот дом . Ова не е последица на неговиот детски ум . Како може моето да оди со празни раце во школо ? Зошто моето не носи нож ? Кога тргна син ми во прво одделение , јас го седнав дома и му реков " сине , од денес натаму ќе се соочиш со разни профили на деца , деца кои носат очила , не зборуваат чисто , имаат потешкотии со учењето , покрупни , поситни , со потемна кожа , посветла .. Момчиња , Албанчиња .. не ги исмевај ! Не ги навредувај ! Вие сте деца , некое можеби има повеќе од тебе , некое помалку , ако можеш да помогнеш , помогни ! Ако не можеш , не исмевај , не навредувај ! " . Поради нечија незаинтересираност детето мое да настрада , не дозволувам ! И моето дете не е некој вишок таму ! А им реков , последен пат реагирам кон вас како родители . Следен пат одам со институции .
Е од вакви работи, после настануваат и проблеми со здравјето и психички и какви уште не, ЗАШТИТА под итно.
Многу ми е жал за вашата ситуација јас ти препорачувам под хитно да пријавите во полиција затоа што станува збор за физички напад. Детето твое мора да иде на психолог, инаку цел живот ќе има трауми и ќе биде анксиозно. Најди во меѓувреме добар адвокат. Детето никако не смее да остане во тоа школо Јас за жал со години доживував булинг од страна на моите врсници и немав пријатели. Тоа беше вербален булинг со навреди, игнорирање, озборување, исмејување поради тоа што бев различна од другите и мојата висина. А и знам една личност којашто беше исмејувана заради тоа што едниот родител и беше починаттолку злобни деца беа тие, никаков контакт немам со нив. Долги години ми требаше да сфатам зошто ми го правеа тоа, бев психички тотално истрошена, плачев за секоја ситница, самодовербата нула и не сакав веќе да живеам. Мислев дека е подобро ако ме нема од овој свет. Моите ме префрлија во друго школо, и таму бев булирана една година, па после во друга паралелка се префрлив. наставниците тоа не ги интересираше воопшто.
Ти си од Тетово, сакаш да кажеш напаѓачот што носел и нож е Македонец? Оти таквите работи порано ги правеа Албанците на Македонците во Тетово. Македонските деца ги имаше по хроники, тепани буквално од неколку души. Школите не се школи, како затвор со деликвенти.
Ром е .. Сега гледам дека аутокоректот од Ромчиња поправил во Момчиња .. Овој пат пријавив во полиција , извадивме и лекарско , бевме на психолог .. Буквално се ќе направам син ми да биде добро . Среќа нема фрактура . Среќа !
Ова е добра опција, ама не се решава од корен проблемот. Денес е нејзиното дете, утре друго ќе биде, и не е решение сите да се отпишат туку да се реши насилникот. @CrazyGirl15 со помин нека му е на детенцето. Штета што воспитани деца јадат трауми заради неодоговорни родители што не посветуваат внимание дома на нивните деца.
Ти благодарам и жалам што и ти си минала низ вакви трауми .. за жал и јас трпев bullying во основно , а сега и син ми и ќерка ми се предмет на насилство . Се надевам дека сега барем родителите ќе се освестат малку . Се обидов да бидам разбирлива , моето не е цвеќе за мирисање не го фалам , ама дај , бокс во око ? Ни не знае како се удира бокс .. додека детево што е со него во клас , го има три пати потечено на иста страна секој пат . Секако од септември ќе го префрлам во друго училиште . А за овој месец - два колку веќе остана , ќе гледам да биде во друг клас барем .. @fbaby баш со педагогот и дежурниот полицаец зборувавме на таа тема , денес е син ми , утре нечие дете ќе биде мета на овој насилник . Самиот педагог кажа дека цело училиште има со него проблем . Секој ден е кај него во канцеларија за девијантно понашање . Што прават родителите - не знам . Дали немаат влијание врз детето , искрено не знам ..