Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.663
    Допаѓања:
    175.180
    Пол:
    Женски
    Жената уопште не сакала царски . Првото си го родила природно . Леко- леко . Презадоволна . Велела - уште пет ќе роди толку што лесно и убаво поминала.
    Утрото , пред трагедијата била на преглед во болница , на цтг , овој мамјмунот и рекол најарно царски да те правам јас тебе ,утре задутре . Жената зачудена прифатила . Мажот и дури го прашал докторот да не има некој проблем . Одговор добил - поарно е царски . Жената си отишла дома без никаква болка - здрава - права . Поручек и се јавил докторот на тел ДОМА и и рекол дојди сега ќе те пораѓам , оти следните 2-3 дена неѓа да сум овде . У меѓувреме имал викнато од дома уште една жена за царски . Оваа втората се породи во Штип дури после десетина дена ,природно !
    Кај нас во тоа време немаше друг гинеколог , па дотичниот само цезареи правеше . На 8 цезареи еден спонтан дали имаше неделно . Стварно само за "свои" луѓе идеше . Останатите пациентки се препраќаа Штип,Струмица , Велес

    Јавна тајна е дека гинекологот зема од 50 евра па нагоре за царски . Кај нас е обратно - треба да молиш и дебело да платиш да се пораѓаш спонтано . Бар така беше во тој период.
    Сега веќе почнаа да се оправаат работите
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    @Bubce38 кое оправање кога тлото е труло. Кога тој доктор кажуваш слободно со работи, тие од Санте исто...правилава за едни мајка за други маќеа.
     
    На cresa-jagoda, senza.parole, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.663
    Допаѓања:
    175.180
    Пол:
    Женски
    Мислев почнаа да се оправаат работите конкретно во нашава болница .
    А тој гинеколог не е веќе кај нас . Во Струмица е сега . Исто , жално е што каков таков е таму , нормално се исто е грешно таков доктор било каде да остане на работа .
    Грешно можда се изразив и јас . Мислев оправено е кај нас , во смисол што имаме веќе по два гинеколози , и природен пораѓај е сасвим нормална работа веќе и кај нас
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.369
    Кој е докторот @Bubce38 ?
    Сакам да го знам.
     
    На cresa-jagoda и Annath им се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.663
    Допаѓања:
    175.180
    Пол:
    Женски
    За гинекологот прашуваш?
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.369
    Да.
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Па за тој зборам де. Што дојде пијан... арно сторил што се утепал.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.663
    Допаѓања:
    175.180
    Пол:
    Женски
    По логика на нештата , овој ( гинекологот) што зеде пари , што ја викна од ДОМА жената да ја пораѓа оти така му се сакало ,да биде слободен следните 2 дена , и што дозволи пијан анестезиолг да работи покрај него и да го форсира за побрзо , требаше на плоштад сам да се обеси !!!
    Тој доби само унапредување во струмичката болница !!

    За Овој што се утепа... Ако прашаш 100 негови пациенти каков доктор беше, 90 ќе ти кажат одличен .
    Последните 2 години се пропил. На сметка на тоа направи катастрофална грешка . За жал .
    Немам намера да го оправдувам ,нити бранам , неопростиво ми е што зацрни три фамилии , бебенце и мајка починаа ради него . Ни јас такви доктори не сакам да има во мојата татковина .
    Поентата ми беше , дека секој мора да си ја сноси одговорноста ! Секој!!!

    @JuLleE , Москов
     
    Последна измена: 16 јуни 2018
    На cresa-jagoda, Annath, Harper и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Не по врат, по шија, пијан дошол на работа и нема повеќе што да се дискутира. Мене пример не ми е битно тоа што во болницата не се пие, тој пијан дошол на работа, а тоа малтене е исто како и да пиел внатре во болницата.

    Прво, тој анестезиолог не пиел сам, пиел на слава, па претпоставувам бил со жена му, доколку има жена. Потоа, во болницата сигурно не биле тој и гинекологот, туку има и друг персонал. Овој корне на алкохол а го пуштиле во oперациона сала? Не се нашла некоја сестра? Инструментарката што правела? Жената што треба да се пораѓа не забележала мирис алкохол?

    Колку е докторот виновен, толку и останатите се виновни што не го спречиле, а сигурна сум дека сите можат да забележат кога некој корне на алкохол.

    Да не заборавиме и дека има разлика од ѓон пијан до поднапиен. Доколку е првото, тој не можел на нозе на стои, ако е второто, како така го убедиле?
     
    На cresa-jagoda, Annath, Вереничка и 2 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.712
    Допаѓања:
    40.089
    Пол:
    Женски
    Знам дека е така ама не сакам да пишувам да не испадне дека ги бранам докторите. Ја имам гледано нејзината историја. Дошла помодрена, 2пати ја реанимирале, црп,хепатални ензими, леукоцити се било многу високо. Се зборуваше дека можеби добила труење. Гинеколозите беа најмалку криви ама сите удрија по нив
     
    На CameliaMiller и duffi им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.369
    Москов е гад. Отсекогаш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.663
    Допаѓања:
    175.180
    Пол:
    Женски
    Не знам шо ми се опна толку да ме убедуваш дали е крив . Сто пати кажав дека е крив и дека не го оправдувам .
    Раскажав како беше( повеќе како надоврзување Ена муабетот на мечкичка дека пиеле на работното место) . Пред тебе и јас кажав дека не требал да биде пуштен у сала .
    Дека не пиел на работното место го кажав од друг аспект. И не отишол пијан на работа . Од работа отишол на слава и се напил ,колку ,не знам . После 3 часа го викнале на работа. Тој доктор работеше од пон- петок прва смена . Секоја сабота беше дежуренд 24 ч. Секој ден ,секој , после завршувањо на осум часовното работно време ,постојано беше на повик . Значи , за било каквик случаеви цел месец мораше да биде достапен .
    Следниот месец другиот анестезиолог . И се така во круг 7 години . Повторувам , не ги оправдувам , тоа што им беше страшно напорно , не значи дека јас утре треба да умрам со моето новороденче . Нека си дадат отказ и готово . Шо сум крива јас оти немаме доктори , треба ли јас со животот да плаќам ?!
    Мене болката ми е што гинекекологот не доби никакви санкции.
    Овој што се уби е крив до немајкаде , тоа не е спорно .
     
    Последна измена: 16 јуни 2018
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.762
    Па, Бупче сепак бил пијан кога се вршел царскиот, а дали на слава или на работно место пиел не е толку битно. Ти ја нападна Мечкичка оти видела пијани доктори како излегувале од сала или дека купувале пиење од дуќаните. Мене тоа не ме чуди. И јас сум видела такви работи во Скопје.
     
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.663
    Допаѓања:
    175.180
    Пол:
    Женски
    Не ја нападнав.
    Ја прашав каде пријавила !
    Оти пријава НЕМА!

    И не е се исто да пиеш на работа и дома.
    Лошото е што не требало ич да се појави на работа. Гинекологот немаше да ја пораѓа и така....се ќе беше поинаку .
     
    На cresa-jagoda, fana и makedonkamak им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Па добро, дај боже од таков немил настан да научиле нешто и да започнале да се понашаат како што доликува на професијата, да не конзумираат алхохол.
    Мислам тоа сакаше да каже Бубче. Дека некои нешта се смениле, на подобро, не и да ја намали одговорноста на оние кои се одговорни за предходниот трагичен случај.
     
    На kukla21, cresa-jagoda, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Во овие случаи што дошле пијани на работно место и плус се зафатиле да работат се чисти убиства од небрежност, од никакви компликации да ти почине пациент!!
    Треба да се осудат на максимална казна за делото, плус и забрана за вршење на дејност, ама очигледно само тука ќе си поминат ко ништо да не било, и плус унапредени ќе бидат.
    Абе да ти се плукнам во државата и судството кај што вакви работи се пикаат под тепих, а се судат бездомници за марули и ќебапи (тоа за казната е посебен случај на брилијантен ум што го напишал тој закон, а патем никој не знае кој е) и продавачки се бркаат од работа за минус од 100 денари.
     
    На cresa-jagoda и Annath им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.369
    Крувичен закон е препишан од Швајцарскиот, со некои минимални разлики. Дури има и скроз исти членови. На мастер го преведував Швајцарскиот КЗ како дел од предметот Компаративно казнено право.
     
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    @JuLleE ако мислиш на случајот со ќебапите, јас на казната мислев што го осудија на 3 или 4 години, во тоа време бил во важење посебен Закон за одмерување на казната каде што сите квалификаторни околности се претставени со бодови, една олеснителна толку минус друга отежнувачка толку плус, на крај се собираат и фиксно од тие е казната, за овој закон не е познат авторот (среќа па не е во сила веќе) а судијата сите што удрија по него врзани му се рацете си игра математика.
    Баш Тупанчевски феноменов ни го објасни на предавање.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.303
    Допаѓања:
    259.369
    Јас зборував за КЗ каде е сместено делото нели и казната. Често знам се споменува КЗ и казните па затоа ја кажав компарацијата и од каде доаѓа Законот.
    Важи уште овој Закон за одмерување на казна? Не сум во тек кривично.