Ама мене ми кажа комшичето дека сите заедно седат на предавање и дека на почетокот им рекле „вие да си научите македонски“. Македонскиот го совладуваат дури при крај на студии. Претходно, на почетокот учеле македонски по школите за странски јазици, ама тоа траело кратко.
Пред 12-13 години заедно ги слушавме предавањата, на македонски. На медицински факултет. Даваа пари за да поминат
Не Каме, грешка си. Барем јас кога студирав физиотерапевт , и општо медицински смерови не беа на Англиски студиите. Имаше Турци кои шо факинг подобро збореа Македонски од пола Шутка. И го имаш и другаров од погоре шо ни основните латински поими не ги знаеше.
По закон, на УГД, пред 10тина години пред да добијат стипендија за студирање мораа да положат Мкд јазик. Имав колега постар од мене кој шо беше капацитет, ама не го примиле порано затоа што Македонскиот му бил проблемот. А немал пари отпојќе за давање. Ако ме лажел, ве лажам и јас шо да кажам.
Јас безброј пати на плоштад и накај Стара чаршија сум имала ситуација да ме застане рандом млад човек, да ми каже дека е Турчин и тука студира и да почне нешто демек муабет да ми прави, демек не го познавал градот, демек ајде да се запознаеме. И морничаво ми е колку пати ми се случило ова, а сите биле скоро исти ситуации. Истиот муабет буквално. За овој случај барем камера има, за оној што беше во Шиша бар ни тоа немаше, ептен мафијашки беше изведено
Не сум студирала на УГД и не знам за сите смерови, туку знам дека сега има акредитација на англиски, и тоа конкретно општа медицина. Познавам студент на УГД медицина на англиски. И на УКИМ постојат одредени факултети/смерови, само УКИМ е далеку поскап.
Не коментирам што знаат Турците, туку дека може и Германец да се запише овде на факултет и да не знае македонски, ако знае англиски.
На УКЛО, пред години ова имаше програма за странци со еден родител македонец да може бесплатно да студираат. Може со некои такви програми биле дојдени.
Да да, точно е ова јас студирам таму. Имаат англиски смерови на медицина, тестови им прават на англиски, им предаваат на англиски. Ама сепак има некој турчин залутан по генерацииве што студира на македонски, и знаат македонски. Ама баш кога ќе треба да одговараат, тогаш магично не знаат да одговорат ни како се викаат.
Па добро бе пичка му матер имаат ли овие деца родители??? Има ли тоа школо служби некој да види дека нешто се случува. Не може никој ништо да не знае а да зема плата... Ѝ барале пари за да не ѝ го тепаат болниот брат: малолетничка од Скопје изнела 25.000 евра од домот, за да плати на соученици - Скопје1.мк
Ццц стварно немам коментар. Што сакале од девојчето и од братот? Имаат ли тие душа бе. Булингот станува огромен проблем. Ама изгледа дека му се заканувале на девојчето подолго време
Детали за убиството во Штип. Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда
Многу потешко ми падна за сестричката која ќе ја носи оваа траума до гроб. Страшна болка од несовесност на возрасни кои не си ја сработиле работата, ниту родители ниту служби...
Леле да ми е при рака кој и да е овој, точно ѕрцка по ѕрцка би му вадела. Никој не ве тера да сакате животни гомна едни, барем не ги малтретирајте Бесна сум, бесна
Како така, па според адвокатот он е пример, дете злато,со интегритет.. Жими се, поодвратен човек јас немам сретнато.. Ми се згади доека ја слушав изјавата. Може и девојчето е криво.. Што има да мине, кога Васе вози... Јазк професијата...
На адвокатот му е работа да го брани тој што го брани, државава е гомно и не адвокатите, туку судиите порано да го сместеле кај што треба лигушов, немало да ја убие Фросина. Па и родителите да не му давале да ја "краде" колата итн. Ама, секој од нас може да биде за нешто обвинет, потребно е да имаме добар адвокат кој ќе се грижи за нашите права. Не може да одиме "око за око", за тоа е потполно во право. Закони постојат, според закони мора да се казнува. Утре јас или ти можеби ќе удриме пешак, за било што може да бидеме обвинети, колку и да сме совесни возачи. Тоа не значи дека треба да бидеме обесени на плоштад.